Каракачанов предлага отстранување на ,,циганските гета“ во Бугарија и ограничување на наталитетот кај Ромите

2602

,,Не може да има две држави во една земја како Бугарија во 21 век. Една на Ромите и една на сите други“-рече Красимир Каракачанов претставувајќи го својот конспет за решавање на ,,циганското прашање“ во Бугарија.

Бугарскиот вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов , подготви Концепт за решавање на проблемот со несоцијализираните цигански групи, пишува бугарски Фокус.

,,Едната држава е оваа за луѓето кои се принудени да ги почитуваат законите, да ги плаќаат даноците, да учат, да бараат работа, а другиот дел е Бугарија на оние несоцијализирани делови од циганското население, кои сметаат дека имаат само права, а немаат обврски “, рвели Каракачанов.

Тој додаде дека воведувањето на ограничување на социјалната помош е една од приоритетните точки, бидејќи е недозволиво да зема помош тој што не сака да работи , да му се дава детски додаток и и други средства без никакви ограничувања и услови.

,,Исто така, ќе има задолжително образование за Ромите”, вели заменик-премиерот.

,,Гетата (на Ромите) се еден одгледувачници на неписменост, криминал, проституција, дрога, ниска култура и ниски хигиенски услови. Гетата треба да бидат укинати и таму каде што општините ќе обезбедат за претставниците на ромската заедница земјиште, за да можат тие да изградат домови, тоа градежништво да се случува со нивно учество, односно со учество на самите идни сопственици, а не да добиваат нешто на готово, кои потоа ќе го уништат“-предлага Каракачанов.

Тој, исто така, бара воведување на задолжителна обука за стекнување работни навики, изградба на центри во кои овие луѓе кои пропуштиле да одат на училиште и не добиле никакви професионални и работни навики, да можат овие програми за кои се одвојуваат огромни пари, да одат таму и да научат нешто да работат.

Тој бара во однос на високиот наталитет да се воведат стимулации за ограничен наталитет. Да се воведат бесплатни мерки, како абортуси на државна сметка за оние жени кои веќе имаат две или 3 деца, предлага бугарскиот вицепремиер. Неговиот документ ќе го разгледува Советот на министри.

Во Бугарија живее бројно ромско население. Според последниот попис како Роми се изјасниле околу 700.000 , но се претпоставува дека има 1.000.000.

Претежно живеат во ромски населби, т.н . гета, голем број невработени, неписмени, со зголемена бројка на криминал. Бугарија проблемот со интеграција на ромското население ќе го решава со нова стратегија, а оваа на Каракачоанов е една од предложените

Pobuter taro lendo linko https://ako.mk