Rađji thaj o prezidenti Makedonijako ikherge i parada e baripnaski ..

978

Северна Македонија е општество на еднакви можности за сите граѓани, а љубовта е љубов, пишува на Фејсбук страницата на Владата.

Секој ден имаме можност да избереме како ќе помогнеме за поголема еднаквост за секој од нас, борбата за повеќе права нема да престане се додека имаме дискриминација. Прифаќањето почнува од секој од нас, не со грандиозни дела туку со секојдневни мали чекори преку кои ќе прифатиме дека мораме и треба да живееме едни со други. Независно кои сме и од каде доаѓаме, во општеството треба да направиме простор за секој од нас, а сексуалната ориентација и родовиот идентитет не смеат да бидат основа за дискриминација, напиша претседателот Стево Пендаровски во поддршката.

Секој ден имаме можност да избереме како ќе помогнеме за поголема еднаквост за секој од нас, борбата за повеќе права нема да престане се додека имаме дискриминација. Прифаќањето почнува од секој од нас, не со грандиозни дела туку со секојдневни мали чекори преку кои ќе прифатиме дека мораме и треба да живееме едни со други. Независно кои сме и од каде доаѓаме, во општеството треба да направиме простор за секој од нас, а сексуалната ориентација и родовиот идентитет не смеат да бидат основа за дискриминација. Зоран Заев, премиерот на Македонија и покрај тоа што беше повикан да ја предводи „Парадата на гордоста“ која моментално се одржува во Скопје, не се одѕва на поканата.

Меѓу присутните на парадата која се одржува по улиците на Скопје се поранешниот пратеник Павле Богоевки, францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние и американската амабадорска во Македонија Кејт Брнс.