JZU 13 Noemvri: Dive tar palijativa – ,,Moro arakhipe moro komfort”..

1408

JZU Specijalizirimo hospitali baš gerijatriska thaj palijativna medicina,,13 Noemvri”-Skopje, kaskiri buti tani o arakhipe  tar gerijatriska hem palijativnikani medicina thaj tani jek  ani amari them (raštra). Avdive nišankerelapes bare arakhibnaskere šartencar tar pandemija o dive tar Palijativa, anavkerdo telal o moto ,, Moro arakhipe moro komfort”.

Avdive sas ano nišankeripe o dive thar palijativa , ano  akaja ćipota sas akharde thaj misafirija tar diplomatikano kori sar ambasadori tar Britanija Rejčel Galovej sar thaj o deputati tar Makedonijako khedipe Ljatifa Śikovska, informiringa baš o Roma Press Direktori i rajutni d-r Salija Ljatif Petruševska.

ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина-‘’13 Ноември’’- Скопје , чија дејност е спроведување на медицинска грижа од областа на геријатриска и палијативната медицина и е единствена од таков вид во државата , денес на скромен начин во услови на пандемија го одбележија меѓународниот настан-Денот на Палијативата, чија парола оваа година гласи,, Моја Грижа, Мој Комфорт”.
Хосписот наречен храм на хуманоста , го одбележи ја во почетокот на една нова форма на лекување во нашиот здравствен систем.
По повод на овој значаен настан , активно учество завзема амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија , нејзината екселенција Рејчел Галовеј и  нејзината поддршка  ја вети сега и во иднина во име на посебната врска која се поврзува а тоа е делото на големата хуманистка лејди Sue Ryder , по чие име се нарекуваат и двата хосписа во Скопје и Битола.


Во едно директор д-р Салија Латиф се заблагодари претставничката на собранието г-ѓа Љатифа Шиковска , која ќе се ангажира во текот на својот мандат да предлага идни законски решенија за подобрување на здравствената грижа во делот на палијативата во нашата држава.
Особено големо жалење изрази д-р Салија Латиф што на овој настан не присуствуваше никој од Министертсво за здравство , за да ги чуе пораките кои ги испратиа кон здравството, како гласници на палијативните пациенти :
• Да ја споделиме нашата визија за зголемување на достапноста на хоспис и палијативна нега низ целиот свет, создавајќи можности да зборуваме за проблемите ;
• Да се подигне свеста и разбирањето за потребите – медицински, социјални, практични, духовни – на луѓето кои живеат со болест што го ограничува животот и на нивните семејства ;
• Да се соберат средства за поддршка и развој на хоспис и услуги за палијативна нега

П.С. Искрено се надевам дека Министерот за здравство , ќе одвои време и скоро ќе ја посети нашата Болница, за да се запознае подобро со дејноста и работата и со предизвиците со кои се соочуваме и ќе се соочиме особено во престојниот нов бран на КОВИД 19 , како најранлива институција, укажа за Рома Пресс Директор д-р Салија Љатиф Петрушевска.

Hazri kerga: Neđmedin A.- Roma Press