Bahtalin tar SRM baś 8- to April Sumnalesko dive e Romengoro..

713

Bahtarlin bićaldo đjinko Roma Press tar Presidenti Sojuzi e Romengoro tar i Makedonija Gabriel Bajram baś o Maśkarthemutno dive e Romengoro ani sasti Lumja ( svet).

Ani Bahtarin kerlapes lafi baś o barovipe e biđukoskoro thak kobor si valanutno baś i Histo4ija e Romengiri ani sasti lunja vakerla o Gabriel Bajram.

Пред точно 50 години, на денешен ден, се стави печат на ромскиот идентитет и се поставија темелите на ромската нација. Група на истомисленици од 5 до 12 Април 1971 година во Лондон, макотрпно работеа за создавање на ромско национално единство преку формирање на тело кој ќе ги обедини сите Роми од повеќе држави, во еден и единствен идентитет се со цел заедничко делување кој ќе придонесе кон борба против неправдата на еден народ кој впрочем е ист, но поради различната боја, различната култура, различниот јазик големите сили го ставија на работ на маргинализацијата мислејќи дека се слаби.
Иако претходно имаше обиди за самоорганизирање на нацијата, сепак 23 претставници од 9 земји, под организација на тогашниот ромски комитет, а сега Интернационална ромска Унија, го организираа првиот ромски светски конгрес на кој се донесоа важни одлуки: песната Џелем, џелем, да стане и официјално ромска химна, да се употребува називот Ром/Роми за целата нација и одлука за ромското знаме. За Република Северна Македонија овој ден е од големо значење, бидејќи преку свои ромски претставници, како држава директно учествуваше во донесувањето на најважните историски одлуки за Ромите во светот.
По повод Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април, Партијата Сојуз на Ромите од Македонија, го честита националниот празник на Ромите во Македонија и упатуваме пораки за сплотеност и заедништво. Визионери во седумдесеттите имаа една зацртана цел и истата беше реализирана сплотено, верувајќи во заедничките национални идеали. Господинот Амди Бајрам, кој неодамна почина, отсекогаш повикуваше на заедништво помеѓу сите Роми без разлика на политичка и верска припадност. Тој велеше дека единствено со заеднички сили на сите Роми, може да се постигнат резултати.
Затоа и сега, по повод одбележување на 50 годишнината од одржување на Првиот ромски конгрес, сакаме да упатиме апел до сите политички партии и невладини организации, меѓусебната почит и меѓусебната соработка ќе даде поголеми плодови, бидејќи заедницата чека и верува во сите нас. Сега е време да престанеме со фрагментации и конфузии ставајќи ги во преден план индивидуалните интереси. Колективот не смее и не треба да чека. Затоа повикуваме на заедништво и меѓусебна соработка бидејќи годините брзо се бројат, но да не дозволиме во годините што следат да нема резултати, бидејќи одговорноста ќе биде на сите нас.

Roma Press – bičaldo tar SRM.