Повеќе децении каде политиката во нашата мала држава транспарентно ги држи релациите со мултиетничкиот состав во самата влада, собрание, институции и со истите докажува пред светот дека функционира системот за подобар живот како и соживот во истите.
Од постоечките националности кои се во двоцифрен број, ќе го одвојам најранливиот и емотивно каде што сум приврзан и припаѓам во истата е ромската популација во нашата земја Македонија.
Од самото осамостојување, па се до денес, популацијата НЕМА НАПРЕДОК, со ИСКЛУЧОК на неколку Роми кои постигнале завидлив резултат индивидуален во образование и дадоа позитивен пример како треба повеќето да расте една ранлива популација, како треба да напредува а со тоа придонесува за истата, поточно кажано како треба да се излезе од екстремната сиромаштијата во која тоне 80% од целата ромска популација во сите општини на Македонија.
Ги поставувам прашањата:
1. Во кој правец ромските политичари ја движеа политиката од самото осамостојување на државата?
2. Што ли имаа во своите тогашни програми за да се смени или ублажи расната дискриминација врз популацијата?
3. Колку лидери од Ромите кои биле во позиција и значителна титула (функција) во власт, придонеле да го изменат си субстандарниот живот кој се уште до ден денес го имаат народот?
4. Целиот свет се имаше ангажирано со донации за ромската популација во државата се со цел подобрување и помош во насока на нивното домување, образование, егзистенција, вработувања. Каде ли се видливите позиции и тие вработувања?
Што всушност работеа Ромските функционери и придонеле нешто за ранливите категории?
5. Ако ги споменеме стипендиите, ќе навлеземе во невладиниот сектор, кој всушност биле владини, ќе се измешаат повеќе теми и области, каде нема да им се виде крајот на криминалите од обете страни кои ја уништуваат популацијата.
Почитувани браќа и сестри, следната колумна јавно ќе ги презентирам неуспешните проекти како и неуспехот на секој еден лидер Ром, кој бил во позиција, ја злоупотребил истата и се уште продолжуваат по истата патека.
Автор:Рамадан Рустемов.
(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторите Рома Пресс не сноси одоговорност за содржината на истите)