Седница на Советот за превенција од кризи поради настаните од 28 јануари во Шуто Оризари

1878

Денеска се одржа седница на Советот за превенција од кризи при општина Шуто Оризари, по повод на случувањата поврзани со обидите за киднапирање на деца-како што велат граѓаните од оваа општина. На седницата присуствуваа претставници на институции, верски заедници, совет на родители, невладини организации, претставници од СВР-Скопје – началник Ристе Јовановски, одделение за превенција, полициска станица Чаир ( началници, командири), советници, директори, авторитети од заедницата и останати засегнати страни.

Седницата на Советот за превенција, ја отвори градоначалникот Курто Дудуш, кој во своето излагање истакна дека е неопходен сериозен пристап и превенција на вакви настани. Исто така, тој ја потенцираше важноста од соработка помеѓу полициските службеници, родителите и учениците со цел редовна посетеност на училишната настава.

  ,, Општината и полициските службеници секогаш стојат позади граѓаните, а
особено кога се работи за нивната безбедност”
-напомена Градоначалникот Курто Дудуш.

Општината работи на отворање на полициско одделение во рамки на локалната самоуправа, а за оваа цел се уредуваат на имотно- правните односи, после што објектот ќе се легализира и ќе се предаде на Министерството за внатрешни работи, со цел  отворање на вакво полициско одделение.

Ристе Јовановски од СВР-Скопје – Оддел за превенција, испрати порака дека е потребно нормализирање на состојбата и враќање на мирот во општината. Полициските служби, според нивните теренски наоди утврдите видна граѓанска вознемиреност. Во насока на безбедност, потребно е секој да работи и влијае во својата институција. Во случајот, министерството за внатрешни работи интензивно работи на случајот и соработува со училиштата. Граѓаните треба да ја вратат довербата во институциите, потребно е правилно информирање на граѓаните, бидејќи во спротивно може да се случат негативни исходи.

,, Полицијата е тука за доброто на граѓаните”
    -истакна Р.Јовановски од СВР-Скопје

Командирот од Полициската станица Чаир, Сашко Комненовиќ , нагласи дека МВР повеќе од еден месец го следи случајот. Официјално до денес немало ниту еден пријавен случај на киднапирање и единствениот извор на информации се видеата од социјалните мрежи. Сега, присуството на полициските служби се засилени во општината, односно истите се распределени во четири пунктови. Тој истакна:

,, Полицијата е со вас и до вас”,
,,Ајде да ја вратиме довербата назад”
  -нагласи командирот С. Комненовиќ

Возилото со кое се возеле полициските службеници, иако не е предмет на кривично дело, моментално се наоѓа на вештачење. Тоа што требало граѓаните да го направат, е да го стопираат возилото и да викнат полиција, за да се земат свежи мостри. Министерството за внатрешни работи, по завршување на вештачењето на возилото јавно ќе се произнесе со деталите околу оваа истрага.

Во понатамошната дискусија, се заклучи дека институциите треба да работат на превенција од вакви немили настани, во никој случај на настанот не треба да му се препише етничка димензија, полициските службеници се отворени за соработка со училиштата и средби со граѓаните, за да се врати довербата во извршување на нивната професионална должност.

lendo linko:Општина Шуто Оризари – официјална страница / Municipality of Shuto Orizari