Може ли овој ромски магепсан круг да се прекине?

3220

Секако дека е можно.Треба само да се појде од она што е очигледно, а тоа е секој ромски припадник да ги има истите можности како и другите граѓани во Македонија.Не така одамна , кратко пред да заминам за Франција, живеев во Битола, поточно на Баир , Поточна вода, одма под мостот на “Вљубените“. На тоа место живеат некаде околу дваесетина ромски семејства, и голем број на малолетни деца.

Живот во рурална средина, куќарки покриено со картони, стари испокинати теписи, кои привремено ги заменуват керамидите, полски тоалети од картони, најлон , черги… без одводна канализација, вода без водоводна мрежа, и достапна преку лето, зимно време од големиот студ премрзнува, па овие жители се принудени вода да земат од поодалчните куќи, во туби, пластични буриња или флаши.

Секое утро, сум бил сведок, кога децата на место школски ташни носеа празни вреќи на кои ке ги собират пластичните шишиња, или останати секундарни суровини. Дел од нив се качуват во стари дотраени возила, дел во моторизовани приколки и запрежни коли. Нивниот работен ден почнува рано сабајле па до приквечер.

По нивното доаѓање од работа, детска врева, полни со енергија, како да не биле на работа, весели детски лица, најмалите со лижавчиња, лижејки го лижавчето со замастените усни, меко поцрнети буцкасти образи, створени за добра ехсиплитна фотографија.

Додека малите се гостат со лижавчиња , чоколади, постарите ја палат скарата, помладите чекат ред со лепче во рака, некои босоноги, некои полу облечени без разлика на временските услови. Ниту снегот, ниту студот, ниту јакото сонце и жештината нема да биде препрека, секое утро до … да ја барат својата егзистенција.

И така од генерација во генерација продожува овој маѓепсан ромски круг.

За жал на вистината, мал дел за ваквата состојба се должи на самите родители, додека поголемиот дел се должи на државата.

Поголем број на родители го оправдуват непуштањето на своите деца на училиште, поради немање на финасиска потпора од државата, препуштени се сами на себе, немат соодветна облека, со која ке одат на училиште и нема да бидат цел на подсмев, и дискриминација од страна на своите врсници не роми и наставници. Но и одбивањењто на не ромските родители, ромски деца да го посетуват училиште заедно со нивните деца.

Факт е дека и покрај Декадата за Ромите 2005-2015, не се создаде доволно услови за подобрување на мизеријата кај најранливата етничка група Роми. Стратегиските и поперативните програми, поминаа без некаков прогрес.

И покрај многуте пари од разни ЕУ фондови тие не се пристигнати таму каде се наменети. Иако се откриени клучните проблеми кај ромската заедница, тие останаа на “статус кво“ во нивното спроведување.

Клучниот проблем може да се индицира во неодговорноста на носителите на проекти, нивната примена, како и немањето слух за проактивен пристап за решавање на многуте социјални прашања. Може ли овој ромски маѓепсан круг да се прекине?

Секако дека е можно.

Треба само да се појде од она што е очигледно, а тоа е секој ромски припадник да ги има истите можности како и другите граѓани во Македонија.

Очигледно е дека Ромите страдат од лоша хигиена, глад невработеност, пристап до пазараот на трудот, пристапот до здраство и нивна здраствена едукација.

Спроведување на механизми за заштита на експлотација на десткиот труд , преку директен контакт со родителите, нивна депропрофенализација,и помош при вработувањето. Нормално е дека животните услови во кои живеат Ромите во овој дел на Битола се пречка за напредокот во образованието,здраството или вработувањето.

Сегрегацијата при домувањето е уште една пречка кон намалувањето на сиромаштијата, пристапот до комунални услуги, струја, вода, водоводна и одводна канализациска мрежа.

Знам дека е тешко, но не е и невозможно.

Рома Пресс-Мозес Соломон ( Мухаџер Сулејман)