E dizutne thaj dizutnenge organizacije rodena pobaro sastipnasko dumo e đjuvlenge, mamija thaj čhave thar Romani khedin

947

Erati ikergapes puterdi konferencija dizutnensar telal vastakeripe thar Puterdo Sasoitnipe thaj i Birađjakiri organizacija IRIZ, anglal dizutne thaj medie sas prezentirme  sa e podatokoja save resarena đji akala organizacija phanle e Romane haleja thaj đuvlensar ko arakhipe olengro sastipnaskoro  hali.

Po teleder drabaran i sasti informacija so, sa kergapes ko akava khedipe bičhaldi đji ko Roma Press khi Makedonikani čhib.

Ромите во Р. С. Македонија се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Имено, новороденечката смртност помеѓу Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од Македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50% од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23% кај останатото население.

Превентивната здравствена заштита по однос на репродуктивното здравје, како и здравјето на мајките и децата е клучна во овозможување здрав почеток на животот и со тоа подобрување на здравјето на целото население.

Преку работата на здруженијата на полето на имунизација на децата Роми во општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, опфатот на децата Роми со вакцинација значително се зголеми од 2012 до денес и во моментот опфатот е над 90%. Меѓутоа ромската заедница од овие општини се уште се соочуваа со проблеми во пристапот до превентивната здравствена заштита за унапредување на женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата.

Клучни детектирани проблеми се следните: недоволен опфат со посети од патронажни сестри, недоволен опфат со здравствена едукација, недоволен опфат со систематски прегледи за децата вон образовниот систем, недоволен опфат со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката и наплаќање на услугите од страна на матичните гинеколози. Во општината Шуто Оризари, работат само две патронажни сестри што не е доволно за соодветно спроведување на посетите за време на бременоста и по породувањето, ниту за соодветно идентификување на невакцинирани деца на терен. Само 4% од ромските домаќинства ги посетила патронажна сестра за да го провери картонот за вакцини и да им даде информација за вакцинација. Според податоците од основните училишта над 450 деца не посетуваат редовно образование, а само 40 деца надвор од образовниот систем се опфатени со систематски прегледи. Во моментот нема доктор во одделот за превентивна здравствена заштита и вакцинација на предучилишни деца, жените Ромки се соочуваат со финансиски потешкотии за да можат да направат гинеколошки преглед. Исто така покани за ПАП тест според Програмата за скрининг од 2012 до 2017 година, НЕ добиле 96% од жените Ромки кои имаат избрано матичен гинеколог.

По однос на состојбите во општините Делчево, Пехчево (с. Црник) и Виница, констатираме дека не се спроведуваат едукации за родители Роми за детско здравје и вакцинација, ниту им се дели здравствено едукативен материјал на родителите.

Поради тоа од Министерството за здравство и од останатите надлежни институции го бараме следното: 1. Вработување на најмалку две патронажни сестри кои ќе работат во општината Шуто Оризари.2. Вработување на доктор во одделот за превентивна здравствена заштита на деца на предучилишна возраст во Шуто Оризари. 3. Обезбедување на континуирана здравствена заштита во с. Црник. 4. Доследно спроведување на мерките за теренско откривање на деца вон образовниот систем и нивно упатување на систематски прегледи и вакцинација, предвидено во Програмата за систематски прегледи на Министерството за здравство. 5. Доследно спроведување на здравствените едукации во ромски средини предвидени во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. 6. Елиминирање на незаконската пракса за наплаќање на здравствените услуги кај матичните гинеколози.  7. Во Програмата за скрининг на рак на грло на матка да бидат предвидени мерки за едукација и зголемен опфат на жените Ромки со оваа Програма.

Hazri kerga:Roma Press lendo thar o IRIZ