Romaverzitas – bichalela nevo Havlaribe (soopštenie)

669

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот „Ромаверзитас – со развој и активизам кон еднаква интеграција и можности“ финансиран од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.“ објавува повик за формирање на Комуникациски тим за електронското списание „Рома Индекс“.

„Рома Индекс“ содржи:

1.Информации кои се во прилог на промовирање на активностите на организацијата и тековните проекти, ажурирање на информативниот дел на веб страната на Ромаверзитас и развој на комуникацискиот сектор како и општи информации кои што се во интерес на студентите, алумните и пошироката јавност.

2.Колумни и ставови за одредени општествени-политички теми и појави кои се во фокусот на заедницата на Ромаверзитас

3.Топ тема или Интервју

4.Ромски идентитет

5.Студенски интерес, мудрости, Забава и рекреација

Документите за аплицирање треба да се достават по електронски пат на емаил адресата: [[email protected]](mailto:[email protected]), со назнака за Рома Индекс – Комуникациски тим, најдоцна до 15 февруари 2020 год.

Повеќе за повикот во рамките на следниот линк

https://www.romaversitas.org.mk/index.php/proekti/proekt-3/448-2020-01-24-08-40-21