Ani Makedonija tavdela o bikinepe tar nevi generacija vordon ,,Golf 8”

1015

Jek tar  importatna resarina ano akava berš, ano salonija  ko Volkswagen ano Skopje. Tavdela  o bikinipe tar ovtoto generacija  e vordonenge Golf, baš kaske vakerlapes ano porše-Makedonija  so kerlapes lafi tar o majprogresivnikano modelo  đji avdive. Tar avdive  oficijlano tavdela o bikinipe  e nevutne golfeske,  kaske so vakerlapes  so si kerdo maj nevune kombinacijaja tar nevutne modelija, thaj lovenge  ikheripnaja tavdela tar 25.458 evroja, thaj isi aver modeli savo lingarela lovenge pukinibaja 28.842 evroja.

Еден од најважните настани на годината, во салонот на Volkswagen во Скопје. Започнува продажбата на осмата генерација на Golf, за кого што во Порше Македонија наведуваат дека станува збор за најпрогресивниот модел досега. Од денес официјално зашочнува продажбата на новиот Golf во Македонија.

На почетокот на продажбата, понудата од мотори се состои од два бензински и два дизел мотори. Стартот во гамата го одбележува Golf 1.5 TSI со 150 КС и шестстепен мануелен менувач, кој во комбинација со ниво на опрема Life чини 25.458 евра. Истиот мотор е достапен и во изведба на благ хибрид 1.5 eTSI, кој стандардно вклучува седумстепен менувач со двојна спојка. Цената за оваа моделска изведба, исто така со нивото Life, изнесува 28.842 евра.

Дволитарски дизел стои на располагање во изведба со 115 КС и мануелен менувач, како и во варијанта со 150 КС, кадешто седумстепен менувач со двојна спојка следи стандардно. Цената во првиот случај изнесува 26.780 евра, додека за посилната варијанта се потребни 31.417 евра. Во двата случаи станува збор за нивото Life.

Верзиите на TSI и TDI со 150 КС се достапни и во повисокото ниво на опрема Style. Во тој случај, цената за 1.5 eTSI изнесува 31.373 евра, односно 33.539 евра за 2.0 TDI. Менувач DSG поседуваат двете моделски изведби.

Roma Press-www:automedia.mk