Blog Rig 5

Реакција на содржина со елементи на антициганизам во испитен материјал за државна матура

Nekobor Biradjakere organizaciе, medie bichalge reakcija dji ko:
-Ministeriumi bash edukacija
-Biro bash buvlaripe edukacijako
-Rastrako ispitikano centari
-Komisija bash ćhinavipe thaj arakipe tari doskriminacija
-Institucija taro Ðihanesko hakajaarakibnasko.

I Reakcija kerlapes sebepeja taro saikeripe elementija taro anticiganizam ko ispitalno materijali tari raśtrakiri matura.

Teleder daja tumen te drabaren(ćitinen) i sasti reakcija bichaldji ki Makedonikani ćhib.
—————-

Предмет: Реакција на содржина со елементи на антициганизам во испитен материјал за државна матура

Почитувани,

Преку оваа писмена реакција сакаме да изразиме сериозна загриженост заради употребата на текст со антициганистички содржини како дел од испитниот материјал на предметот македонски јазик за државната матура. Станува збор за текст што се однесува на ситуацијата на Роми без државјанство, во кој на проблематичен начин се опишуваат социјалната состојба и правниот статус на оваа заедница.

Во текстот, Ромите се претставени исклучиво како сиромашни, неписмени и невидливи за државата, со што се создава стереотипна и деградирачка слика за цела етничка заедница. Јазикот кој се користи („буричкање по контејнери“, „непостоечки за државата“) придонесува кон нивна дехуманизација и нормализирање на нивната исклученост.

Особено загрижувачки е што ваков текст е поставен во контекст на образовен испит, каде учениците се повикуваат да репродуцираат содржина, без ниту едно прашање кое нуди можност за критичко размислување или проблематизирање на институционалната дискриминација. На овој начин, се пренесува порака дека ваквото претставување на Ромите е прифатливо, со што се продлабочуваат предрасудите и социјалната дистанца.

Дополнително, ваквиот пристап е во спротивност со повеќе домашни и меѓународни обврски:

Законот за спречување и заштита од дискриминација,
Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030,
Националниот Акционен План за антициганизам
Општата препорака бр. 32 на Комитетот за елиминација на расната дискриминација на ООН,
и Работната дефиниција за антициганизам усвоена од Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), која Република Северна Македонија ја поддржа.
Повикуваме:

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието итно да извршат ревизија на наставните и испитните материјали во кои Ромите се спомнуваат, со цел нивна усогласеност со принципите на човекови права, недискриминација и социјална правда;
Државниот испитен центар да обезбеди соодветна стручна проценка на содржините од аспект на дискриминација и говор на омраза пред нивна употреба во државни испити;
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Институцијата на Народниот правобранител да отворат постапка за утврдување на индиректна институционална дискриминација во образовниот систем преку вакви примери.
Оваа реакција има за цел да поттикне одговорно постапување од сите надлежни институции во насока на создавање инклузивно, правично и достоинствено образование за сите ученици, вклучително и за учениците од ромска етничка припадност.

Со почит,

Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико
Здружението Асоцијација Иницијатива за Социјална Промена- ИнСоК
Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ
Центар за ромска заедница ДРОМ
Здружение на граѓани – Ромски Ресурсен Центар (РРЦ)
Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација РРОМА
Здружение на мултиетничко општество за човекови права
Здружение за унапредување, поддршка и развој на ромската заедницата АРКА
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари
Едукативен медиумски центар 24 Вакти
Ромаверзитас Скопје
Регионален Хаб во рамки на проектот „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“

Севгул А. – Меѓународната заедница мора итно да превземе мерки за деескалација на конфликтот..

Sajdime,majanglal sar manuś pa pallo adava sar autoritetno profesija pal detektivi thaj kriminalistika,isiman sar valanipe te vakerav diso sar dikava upal aktuelno konflikti maśkar o Izrael thaj Iran.

Sar anglal, isiman dar taro akava konflikti so bajrovela thaj lela peja pobaro buvlipa hemindor thaj avera riga(strane). Odova sebepi mangava akale mere hramibaja e Roma,thaj avera te haloven akava konflikti isile baro serioznipe, thaj isi panda but aver diso so nane vakerdo javno prekal e medie. Teleder hramonava ani Makedonikani chib te haloven thaj e avera, koristinava maj tikoro hramovipe te shaj te na ovel but baro mangindor te drabaren ole(te ćitinen).

Како дипломиран детектив во областа на безбедноста, чувствувам морална обврска да споделам со вас гледиште(анализа)за актуелниот вооружен судир(ескалација)меѓу Израел и Иран, кој во јуни 2025 година достигна ниво на директна воена конфронтација со сериозни последици по стабилността како и цивилната безбедност.

Имено, општо познато за конфликтот меѓу Израел и Иран имаат длабоки корени, но последната ескалација спрема сите докази кои се навестуваат како релевантни започна Израел со воздушните напади врз ирански нуклеарни и воени објекти, вклучително и операции на Мосад во внатрешноста на Иран. Сите релевантни безбедносни извори укажуваат дека се очекуваше за истиот напад одговор, Иран лансираше над 150 балистички ракети и повеќе од 100 беспилотни летала кон израелски градови, спрема неофицијални податоци кои се пласираат укажуваат дека загинаа 25 лица, а стотици беа повредени.

Општо познато дека двете држави/страни користат напредни високи и воени технологии. Израелските воздушни напади беа насочени кон ирански ракетни и нуклеарни капацитети, со цел да се ослаби одговорот на истите, додека Иран одговори со масовни ракетни напади врз израелски градови, вклучувајќи Тел Авив и Хаифа. Имено од овие напади очекувано е да се предизвика значителни штети, вклучувајќи и на цивилни објекти па и зградата на американската амбасада во Тел Авив.

И покрај тврдењата на двете страни дека целат само воени објекти, реалноста покажува дека цивилите се сериозно погодени, но, се поставува прашање колку објективно и реално штетите се проценуваат и за истите јавно говорат?
Во Израел, ракетните напади предизвикаа смртни случаи и повреди меѓу цивилното население, за који се говори јавно, впрочем исто така се проценуваат и цивилни штети како и смртни случаи и во Иран,но,за истите јавно не се говори. Се укажува само на еден податок дека израелските воздушни напади доведоа до масовно бегство на населението од Техеран, со над 100.000 луѓе.

И сосема на крај👇

Како професионалец во безбедносната сфера, па и како човек загрижен сум за следните аспекти:

– Ескалација на конфликтот:Постојаната размена на напади може да доведе до поширок регионален конфликт,вклучувајќи и други актери.

– Цивилна безбедност:Недостаток на прецизност во нападите и употребата на оружје со широка деструктивна моќ се зголемува опасноста за цивилното население.

– Хуманитарна криза:Масовните раселувања и уништувањето на инфраструктурата создаваат услови за хуманитарна катастрофа.

Апел/Повик🤲🏻

Меѓународната заедница мора итно да превземе мерки за деескалација на конфликтот. ИТНО- Да бидат искористени сите дипломатски напори без превземање на страна на воена, политичка или економска корист, во најбрз можен рок да се вратат преговорите и избегнување на понатамошни цивилни жртви.

Автор:М-р Севгул Абдула.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

I Partija OPER avdive niśankerela 20-bersha taro lakiri buti ki politićko scena..

Avdive niśankerelape jubilej taro 20-berśa buti tari politicko partija OPER. I Sasti ćipota organiziringape ko Hotel Holidein, savate kerge lafi ďjene tari partija, ado centralnikano lavkeribe ikerga o presidenti taro OPER,Nezdet Mustafa.

Ko peskoro lavkeribe o Mustafa vakerga, bashi sa o resaripe akale berśengo buthi kheripe,but politikane pozicie,sar thaj i afirmacija ko ďajbe poanglal e Romengo,paluno vakti tano te khedamen ko jek than thaj te roda jekhajekipa sar sa o avera kedina(zaednica).

Денес свечено беше одбележан јубилејот 20-години од постоењето на политичката партија ОПЕР.Настанот се оддржа во”Хотел Холидеин”,и на кој истиот се обратија членови на партијата, а централно обраќање имаше претседателот на Обединетата партија за Еднаквост на Ромите,Неждет Мустафа.

Во својот говор,Мустафа се осврна на досегашните постигнувања на партијата,долгогодишните позиции који ја имаше партијата како и нејзината улога во афирмацијата и унапредувањето на заедницата,исто така и потребата од сплотеност и еднаквост меѓу сите граѓани.

Инаку, целиот настан помина во духот на обединување и благодарност кон сите кои биле дел од партискиот развој низ изминатите две децении.

Hazri kerga: Roma Press

Presidenti Srgan Šajn vakerela alo o vakti lavkeribnaske taro opozicijako dijalog

Presidenti tari Romani partija, Srgan Šajn(Srbija),vakerela avdive tano o vakti sa okolenge save anavkerenapes sar opozicija te thavdel te kerelpes jek baro opozicijako dijalog.

Alosaribe ko Zaećar thaj Kosjerik sikavge mafijaśko SNS darandile taro takatija e anglunipaske tari opozicija savo shaj anela salde takatimo fronti thaj paśakeribe taro zoralo fronti. Asavko fronti ka trubuj te mobilizirinel studenton, bukarnen, profesorija, sindikatija thaj lokalnikane dizutne sar thaj parlamentarna thaj avrikparlamentarna opozicijake partie, vakerga o Šajn bash Roma Press.

Ano jek ko agor o Šajn, vakerela bashi panda jek kerdi manipulacija hangonengi ko vakti taro alosaribe ko 2022 bers, ikjerime 6.218 hangoja.
————————

Претседателот на Ромската партија, Срѓан Шајн, денес изјави дека е време сите кои тврдат дека се дел од опозицијата да започнат широк опозициски дијалог.

Изборите во Заечар и Косјериќ јасно покажаа дека локалните мафијаши на СНС се ранливи и дека победата на опозицијата може да ја донесе само силен фронт на обединети опозициски сили. Тој фронт мора да ги вклучи студентите, професорите, синдикатите, локалните граѓански групи, како и парламентарните и вонпарламентарните опозициски партии,изјави Шајн.

Тој посочи дека резултатите од овие избори потврдуваат колку е важна поддршката од помалите и малцинските партии за победа на опозицијата, бидејќи токму овие гласачи често решаваат која ќе биде следната власт.

Веќе не можеме да зборуваме само за одговорноста на СНС и нивните функционери за целото зло што нè снаоѓа – сега мора да зборуваме и за одговорноста на опозициските лидери. Влегуваме во ново време каде што демократската иднина на Србија зависи исклучиво од опозицијата и нејзината подготвеност за договор,додава Срѓан Шајн за Рома Прес.
Шајн потсети дека Ромската партија на изборите во 2022 година, и покрај тоа што – како што вели – со изборен инженеринг им бил украден пратенички мандат,добила 6.218 гласови.

Hazri kerga: Sevgul A.- Roma Press

Севгул А. КОЛУМНА- Ромите живеат на маргините, застапени само во хартија..

Sajdime, O Avdisutno moro nedelako hramovipe preperela bash i aktuelno politika ki Makedonija, hramonava ani Makedonikani chib sa sebepeja te halon amen e na Roma. Ano moro hramovipe koristinava e ćaćutne elementija taro hasuno thaj realitetno dikhibe sar funkcionirinela i politika, bi te ovelman direktno lośnipe upral nekaste.

Akava moro hramovipe gndinava so ka resarel dji ko politikane cinitelija thaj ka halova so valani te kera promene ko amaro politicko deluvane.
———

Политичката застапеност на Ромите во Македонија, често пати служи само за декорација и легитимација на владеачките коалиции одколку за вистинска промена на секојдневието и животот на Ромите. Имено,ромите во Македонија се најголемото етничко малцинство и истовремено е најмаргинализираната заедница. Нивниот секојдневен живот, во најголем дел, е борба за достоинство, пристап до основни услуги и сл. Кога говориме за тоа,,Хартијата Трпи” во тој дел политички се застапени со мера на одредени позиции кои се повеќе декоративни како советници,министри,заменици и од тие позиции нивната реална моќ што ја имаат е минимална.

Инаку ромските политички партии, наместо да бидат независен глас на заедницата, често се сведуваат на инструмент за коалициски пазар, обесгласени и многу често тој кој ке се побуни истиот ке биде предаден кај големиот шеф од самите чинителе(роми) лидери кај големит брат. Денес во законодавниот дом (Собрание на РСМ) Ромите немаат легитимен законодавен претставник и ако неколкумина ромски политичари седеле во пратенички клупи или советнички позиции, и тие истите многу ретко иницирале суштински законски промени или програми за подобрување на условите за животтот во ромските населби.

Напомена!
Според сите податоци и истражувања, ромите се уште на терен се соочуваат со:невработеност, ниско ниво на образование, недостиг од здравствена грижа, сегрегација и дискриминација. Ромските деца сè уште се соочуваат со бариери во образовниот систем, а ромските населени места се симбол за институционално запоставување. Ромите како граѓани и признати според Уставот на РСМ, и како народ заслужуваат повеќе од симболична застапеност. Потребни се политичари кои не се само претставници по етничка припадност,туку борци за вистинска еднаквост, интеграција, дискриминација како и социјална правда. Мои браќа и сестри,,Роми” За тоа да се случи потребна е внатрешна мобилизација, активирање на ромската младина, образование,нови идеи и храбри гласови што нема да се плашат и молчат.

Сакам да произнесам еден мал дел од податоците кои се јавни: Жените Ромки – двојно се маргинализирани со тоа што покажуваат сите релевантни истражувања, жената Ромка речиси е исклучена од процесот на одлучување и ретко се вклучени во политичкиот живот. Нивната застапеност во политичките партии и јавната администрација е минимална. Податокот за политичката застапеност е како лавиринт од кој истиот нема излез, ДА постојат неколку ромски политички партии и како такви нивната зависносност припаѓа само од желбата на коалиционите партнери и се ограничени во промовирањето на специфичните ромски интереси, едноставно обесгласени.

Во поглед на економскиот дел: Социјалата, невработеността,супстандард,здравството и други битни елементи за нормален живот, говорат сите Европски извештаи со знак за напомена дека во тој дел треба да се измени сликата и животот на Ромите со конкретни мерки за интеграција и сл.

Сосема на крај, Македонија како држава која се стреми по европскиот пат и се залага за европски вредности не може да се нарекува инклузивна држава се додека еден цел народ живее во сенка, маргини, изоставени од системот,застапен само на хартија и постери,НЕ и во политичката реалност. Време е Ромите да не бидат само бројка, туку и моќ што се слуша и чувствува.

Автор:м-р Севгул А.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

Šaban Saliu mukhlo khere sebepeja na arakle upral leste bangipe..

👉Ekskluzivno avgo doznajnela o Roma Press!

Aktuelno ministeri tari Radji Makedonijako Šaban Saliu, oslobodimo taro obvinenie thaj muklo ko tromakeribe(sloboda). Prekal o dende doperiba ki zalba tari odbrana e rajoskkri Saliu, uspejnga te dokazinel so na arakelapes vina thaj odova sebepi avdive o Saban Saliu mukhelapes khere bizo dośakeripe.
Izvorija taro Roma Press, d-r Saliu iranelapes ko peskiri buti sar ministeri ani aktuelno Radji Makedonijaki.
————
Вчера 22.05.2025 год. Се оддржа јавна седница во Апелационен суд во Штип, на која истата присуствуваа осомничениот д-р Шабан Салиу, со својот бранител(адвокат) м-р Шенај Османов, На оддржаната седница се надополни доставената жалба во врска со наводите во предлогот за продолжуване на мерката притвор со дополнуване на наводите на жалбата, одбраната успеа да ја докаже неоснованоста на предлогот на ОЈО.

Со дадените аргументи во жалбата осомничениот Шабан Салиу, денес е пуштен на слобода, Имено обвинението г-дин Салиу,ке го дочека од слобода.

Апелација утврди дека нема основ за продолжување на мерката притвор,како единствена мерка е одземање на патна исправа и обврска секој понеделник да се јавува во Основниот суд во Кочани,укажа за Рома Прес Шенај Османов.

Инаиу,Салиу веќе од понеделник се враќа на своите работни обврски како министер без ресор во Владата на Република Северна Македонија.

Hazri kerga: Roma Press.

Колумна: Демократијата без Ромите е само политички театар

Резервирани места за Ромите во Европскиот парламент: Единствениот начин да се стави крај на дефицитот на демократијата во Европа

Додека креаторите на политиките на ЕУ обично се собираат во Брисел за да дебатираат за изборни реформи, економски тарифи, буџети за одбрана или да покажуваат со прст кон Русија и Кина, во исто време пропуштаат да го забелажат големиот слон во собата. Над 12 милиони Роми, најголемота етничка заедница во Европа, остануваат брутално исклучени од самите институции кои тврдат дека ги претставуваат. Ова не е несреќен пропуст – тоа е системско бришење. Тоа е како да се организира најголемата демократска забава во историјата на Европа и да се остават најважните гости надвор. Ова не е само неуспех во вклучувањето – тоа е предавство на демократијата во Европа.

За Ромите, демократијата се чувствува како лош Wi-Fi сигнал – сите велат дека е таму, но тие постојано немаат пристап. Нивната потреба за учество е бесконечно повторувана во говорите и споменувана во стратегиите, но кога станува збор за местата каде што се носат вистински одлуки, нивните столчиња остануваат празни. И покрај бескрајната реторика дека Европа е за инклузија, еднаквост и човекови права, ромските заедници сè уште се соочуваат со вкоренета дискриминација, не само социјално и економски, туку и политички.

Европскиот парламент е местото каде што треба да одекнуваат ромските гласови и барања. Но таму нема ниту еден ромски претставник. Нивниот глас во европската политика е практично непостоечки…НУЛА ЕДНА ГОЛЕМА НУЛА.

Ова исклучување не се случило само по себе – било изградено, цигла по цигла, со векови намерно занемарување и омраза. Ромите биле жртвени јагниња уште од средниот век и биле речиси збришани во нацистичкиот геноцид. Сепак, денес, Европа ги држи заробени во истиот циклус на дискриминација – во училиштата, во домувањето, во здравството, во работните места.

Дали Ромите го заслужуваат ова – да бидат маргинализирани од селективната меморија на Европа? Апсолутно не!

Зошто, по векови исклучување, сè уште се третираат како граѓани од втор ред? Зошто историјата бесрамно се повторува на сред бел ден, а Брисел гледа од зад завесата на политичките извештаи? Вистината е тешка за голтање, но уште потешко е кога се игнорира. И ако ова не е за срам, тогаш што ќе е?

Европскиот парламент, како што е дефинирано во член 14(2) од Договорот за Европската Унија, може да вклучува до 751 членови – сега 705 по Брегзитот – распределени меѓу земјите-членки преку дегресивна пропорционалност, систем дизајниран да ја балансира моќта помеѓу големите и малите земји. Сепак, оваа распределба не гарантира политичка застапеност за етничките малцински групи низ цела ЕУ, како што се Ромите. Таквото исклучување, исто така, ги крши меѓународните обврски на Европската Унија. Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (1995) бара од државите да создадат услови што им овозможуваат на малцинствата ефикасно да учествуваат во јавните работи, особено за прашања што ги засегаат. Препораките на ОБСЕ од Лунд (1999) потврдуваат дека посебните мерки, како што се резервираните места, се легитимни и неопходни за да се обезбеди застапеност на малцинствата. Дополнително, член 25 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права го гарантира правото на секој граѓанин да учествува во јавните работи, директно или преку слободно избрани претставници.

Заедно, овие правни рамки јасно ставаат до знаење едно: ЕУ мора да преземе решителни мерки за да го прекине политичкото исклучување на Ромите. За да ги одржи своите основни вредности на еднаквост, достоинство и недискриминација, Унијата мора да го затвори овој демократски јаз.

Конкретен пристап базиран на човековите права или чекор напред е воведувањето на резервирани места за Ромите во Европскиот парламент.

Резервирани места за Ромите: Не се привилегија, туку демократски императив

Да бидеме јасни: не станува збор за посебен третман – станува збор за демократска правда. На Европа не ѝ требаат повеќе празни ветувања за еднаквост. Потребна е акција! Вистинската демократија не е само за одбележување на гласачки ливчиња и распределба на места. Станува збор за тоа кој има право да зборува, кој има право да одлучува и кој има право да ја обликува нивната иднина.

За над 12 милиони Роми во Европа, тоа право е систематски негирано. Политичката еднаквост без вистинска застапеност е само украс или „убаво за гледање – но на крајот бескорисно“, како што претпочиташе да каже еден истакнат ромски лидер. Кога популација поголема од многу земји-членки на ЕУ останува целосно исклучена од Европскиот парламент, тоа не е демократија – тоа е институционализирана дискриминација. Резервираните места не треба да се гледаат како подарок. Тие се како корекција на демократијата, потребна за да се прекине циклусот на исклучување и маргинализација што ромските заедници ги трпат со векови.

Предлогот за резервирани места за Ромите не е радикален – тој е прилично разумен и цврсто втемелен во глобалната демократска пракса. Од новозеландските Маори до колумбиските заедници со афро-потомци, па и во самата Европа, во Финска, Романија, Словенија и Хрватска обезбедуваат парламентарни претставници. парламентарна застапеност за етничките малцинства во националните парламенти. Резервираните места не ја поткопуваат демократијата – тие ја зајакнуваат. Тие ги принудуваат институциите да живеат според своите принципи и да станат она што често тврдат дека се: вистински репрезентативни.

За Европската Унија која е проект изграден врз столбовите на еднаквост, разновидност и човекови права – ова не е само прогресивна идеја; тоа е демократска неопходност.

Мора да сте стави крај и разоткрие опасното лицемерие: Европската Унија проповеда инклузија на другите држави, а ја негира дома, во својот двор.

Мора да препознаеме дека политичката застапеност на Ромите не е само симболична – таа е структурно суштинска. Без неа, Ромите остануваат маргинализирани во одлуките што влијаат на нивните животи: домување, образование, работни места и правда. Цената на тоа исклучување е вистинско отуѓување, огорченост и нестабилност. Ако Европа навистина сака единство, мора да започне со еднаквост уште утре.

И еве ја клучната поента: механизам за решавање на ова прашање е веќе воспоставен. Составот на Европскиот парламент не е вкоренет – тој се адаптирал и претходно, без разлика дали преку прераспределба на местата по Брегзит, за време на претходното проширување на ЕУ или како резултат на реформите на договорите. Она што денес недостасува не е структурна пречка, туку ни треба „кршачи на мраз“ и политичка волја за дејствување. Значи, ако ЕУ навистина сака да живее според своите вредности на инклузија и демократија, мора да собере храброст да ги користи овие постоечки алатки за да обезбеди силна и политичка застапеност на Ромите.

Значи, еве го вистинскиот тест: дали ЕУ конечно ќе престане да дава празни ветувања и ќе живее според својата реторика? Или ќе продолжи да прави голема демократска гозба, проповедајќи инклузија на другите, додека отворено ги исклучува Ромите од просторијата? Изборот не може да биде појасен, а историјата ќе процени кој пат ќе го избере. Времето за дејствување е сега. Резервираните места за Ромите во Европскиот парламент не се барање – тие се услов за една поинаква иднина.

Европскиот парламент се гордее што е дом на европската демократија. Но, демократијата без Ромите воопшто не е демократија. Ромите не се аутсајдери – тие се првите граѓани на Европа, кои не бараат ништо повеќе од она што секој граѓанин го заслужува: место на масата.

Времето за возвишена реторика мора да заврши. ЕУ мора да дејствува храбро и сега, или ризикува да ги предаде своите вредности и да го разбие самото единство за кое тврди дека го одржува.
—————

Мартин Демировски е авторот на текстот и е политички аналитичар специјализиран за вклучување на малцинствата,правата на Ромите и европските демократски реформи.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

Интервју на тема: Семејното насилство како општествена болест!

Интервју..

РП. Колку е раширено семејното насилство во нашето општество, според вашите сознанија, познавања и слично?

E.Д.- Бидејќи сум прашана според моите лични сознанија и познавање, ќе се обидам да одговорам , но морам да се оградам од стручноста на сознанијата и познавањето на тематиката денес бидејќи веќе некое време не сум дирекно инволвирана во оваа проблематика, а воедно да се оградам од правната проблематика бидејќи не сум по вокација правник но сум граѓански одговорна личност пред лицето на законот. Од 2004-2010 бев теренски истражувач и презентер на Извештајот во сенка на жената ромка во Обединетите нации во Њјујорк преку Центарот за правата на Ромите предводено од Азбија Мемедова (жена лидер која на научи на стратегиски начини на делување во таа област). Во тоа време бев во тек со бројката на жртвите на семејно насилство и сите поврзани радикални случувања од двете страни, едната жртвите а другата институционална акција и реакција. Со сето ова веднаш давам до знаење дека тоа е стара табу тема кој живее во минатото и сега, до кои граници ќе се движи секогаш зависи од следните фактори:
– Свеста на жртвата (со што е запознаена а со што не е)
– Постоечките или непостоечките законски норми правила и регулативи за делување да работат на свеста на жртвата
– Инстутуционалната акција и реакција
– Почит на сопствената позиција и одговорно работење
– И да не ја заборавиме граѓанската солидарна одговорност на секоја индивидуа дирекно и од околу
Сето ова набројано ако го прочитаме само уште еднаш сами ќе си одговориме дека во се сме “слаба нишка”. Официјалната бројка и тогаш и сега која може да се види од министерството за социјална работа на јавната веб страна е со сигурност најголема во ромската заедница и тука нема утка. И тогаш и сега. Срам е за една држава да нема пропишани регулативи за делување по основ на сите наведени фактори. Зарем не е нормално да се повторува и случува истото. Ако не се плашите дека ќе ви ја исечат раката а крадете, зошто да на крадеш пак. Според моите сознанија како нормален граѓанин кој денес само гледа вести нема промена во однос со времето кога бев до и со жртвата од ниедна гледна точка. Денес е поактуелно заради зголемена бројка на социјални медиуми, па знаеме дека матицата на пчелите е убиена а не за жртвите-луѓе. Порано знаеле само тие кои биле инволвирани во проблематиката. Крајниот одговор ми е… не е раширено, постојано го има со ист интензитет, денес сме само повеќе информирани

РП. Кои се најчестите форми на семејно насилство што ѓи среќаваме во нашето опкрижување и како завршуваат?

Е.Д- Пак ќе се оградам од ова прашање и ке кажам дека одговорам како граѓанин кој одреден период работел на вакви случаи на терен но сигурно нема да биде стручно одговорени бидејќи…. сметам дека стручни одговори на ова прашање треба да дадат социјални работници и психолози но и педагози кои дирекно се вклучени во креирање на дефиниции за семејното насилство.
Како бивш активист на проект за семејно насилство што ги имаме утврдено на терен кај ромската заедница и потоа презентирано во ОН во Њјујорк биле психичкото насилство во многу помал процент за разлика од физичкото. Ромската заедница дури не е ни свесна за постоењето на психичкото насилство во било која форма и никогаш во тоа време немаат пријавено психичко насилство (за денес не знам) , сметаа дека тоа е дел од секојдневниот живот, што за разлика од физичкото насилство беше најчесто сокриено од жртвите поради еден куп фактори поврзани со традиција, начин на воспитување, обичај и др.

За тоа како завршуваат денес…. може да биде моја претпоставка, ништо со сигурност кажано… но еве денешните примери нека ви го даде одговорот, тогаш немаше социјален медиум но и на главните вести немаа време да известуваат за смртта на некоја ромка поради семејно насилство. Сега е се поинаку.

Според мене и тогаш и сега сите овие примери завршуваат фатално, не мора да има смрт за да биде фатално. Каде се психичките последици на жртвите, на децата во семејството кои треба да прераснат во возрасни граѓани, корисни за општеството и средината со чист разим без трауми и последици? На децата кои живеат во таква средина со одземено детство и иднина без соништа и мечти? А бараме здрави и идни генерации кои ќе придонесат за заедницата, бидејќи успешно и здраво семејство води кои успешна заедница во збир. Жртвата која со години истрпува,често и сама може да со го одземе животот, не секој ја издржува таа агонија и несигурна средина. Страв, болка, негативни емоции, несигурност, осаменост, изгубено секојдневие е еднакво на пропаст во секоја смисла. Но, ова е обрвска на секоја држава да работи уште од мали нозе на секој сегмент за здраво нормално семејство и не се исклучува и соседот (граѓанска одговорна личност) да ја пријави галамата и врисоците на институциите и веднаш да постапат по истото да се спречи за никогаш да не се повтори со свои ефикасни мерки и регулативи. Како што е тоа впрочем е и во другите држави. Да нема “ќе се смирите ќе помине”, а кај комшијата “овие пак се тепаат” , бидејќи последиците треба да ги сноси државата за не преземање мерки за спречување на проблематика и граѓанинот кој не пријавил како сосед дека е сведок на врисоци од физички насилство. Секој и секаде од нас е одговорен и пред очите на законот и моралот.

РП. Што најчесто ги спречува жртвите да пријават насилство?

Е.Д.- Уф, од каде да почнам. Многу работи ги спречува кои за необразована жена се многу по оправдани но не дека не се случува и кај образованите жени. Моментот на пријавувањето на насилството на секоја жена, јас како педагог најпрвин ќе го врзам со воспитанието од дома во средината во која расте и социјалната средина во која живее паралелно со степенот на образование кое го поседува. Сознанијата наназад и искуствата покажуваат дека пријавувањето насилство не добивало позитивен фидбек во смисла на заштита на жртвата, сигурност и реакција против насилникот. Затоа денес наместо институциите, често гараѓаните си ги преземаат работите во свои раце. Во прилог ќе биде на оној кој ја има моќта, финансиска или било каква, државата ќе одмори а “пријателски” ќе се решат многу работи. Таму каде “нишката” е слаба таму нема верба во жртвата, таму постојано се случува и не треба да се заморува инстутицијата за секоја расправија без разлика дали ќе заврши со скршеница или удар (зборувам со цинизам).
Дали се случува само кај Роми, никако, секаде и кај секого. Но, не ромката ќе пријави и психичко насилство или шамар, препознава постапки и делува (барем шансите се поголеми од ромката). Дали било до сега регуларно постапено, лично не тврдам но не верувам, и слободно нека ме поправи некој. Свесноста е на поголемо ниво и во вакви случаи може да се избегне фаталност на крај. Додека кај жената Ромка потребата од пријавување е потисната од неколку образложениа:

– Традиција и верување дека ако го направи тоа ќе биде срам за околина и за иднината на нејзините деца. Доколку се разведе од насилникот, таа ќе биде обвинета од општеството и никогаш нема да има поддршка ниту од сопствените родители;
– Страв од насилникот за повторно случување и недоверба во институциите со докажано искуство. Бидејќи и на шалтер за подигнување на социјалната издршшка е осудувана;
– Страв од останување до “просјачки стап”, не е вработена, чека финансии за основна исхрана за неа и нејзини деца од насилникот;
– Не доволно зголемена свест за реакција на било каков начин бидејќи истата околина односно влијанието на социјалното опкружување и вели дека што и да направи не смее да придонес срам за семејството и децата.
Може уште многу да се набројат за жал, но јас лично сметам дека сите причини колку и да се индивидуални се еднакви на не ефикасните постоечки законски инструменти на државата односно не имплементирани инструменти во системот, некои од непознавање на истите од страна на вработените во институциите, некои од стеротипи и дискримининација спрема ромската заедница па дури и спрема сите кои трезвено пријавуваат а не мора да се роми.

РП. Колку е ефикасен институционалниот одговор во овие случаи?

Е.Д.- Пола од ова прашање ви е одговорено претходно, да не се повторувам. Овде само ќе потенцирам ефикасност во институционалниот одговор нема, само поради не имплемтирање на законските одредби правила прописи и регулативи. Во секоја имплементација на било каква мерка – човечкиот ресурс е клучен, неговата одговорност, свест, правилност во работењето пред самиот себе и пред законот. Ако личност само во првата фаза не одговори на повикот во институцијата, синџирот не продолжува а тоа носи кон фаталност, за жал. Замислете, дека треба да има реакција и за подигнување на совеста на жртвата (со психолизи, педагози, авторитети во таа област) за пријавување на насилникот од страна на институциите и за нејзино издржување финансиски од секоја гледна точка. Да почувствува сигурност и заштита за никогаш да не се врати назад, со комплетен механизам. Тоа е обрвска на државата, да штити и создава емоција на сигурност.

РП. Како влијае насилството врз децата кои растат во таква средина?

Е.Д.- Ако една државата посакува здраво опшетство и за генерациите што следат, доколку не преземе сериозни мерки за имплементација и сериозни мерки за нивно непреземање, тогаш следат генерации кои ќе ја повторуваат историјата. Ако за секое општество е важно да се вложува во идните генерации за идно поквалитетно светло утре тогаш заборавиле дека проблемот продолжува уште само од досегашните не преземени мерки за децата-сведоци на насилство. Јас нема да навлезам во психичко делување на децата, тоа ќе се обратете на детски психолог кој многу посоодветно ќе одговори. Но, сите знаеме и сме свесни дека доколку не се работи од стручна гледна точка постојано, со децата кои живеат во услови на насилство, последиците исто така можат да завршат фатално, што повторно не мора да значи смрт или самоубиство, но девијантни однесување на штета на околина и опшетството во целина. Во најмала рака, тие се клучна карика за иднината ако и нив ги заборавиме, тогаш сите нека завршиме фатално.

РП. Дали општеството доволно говори и работи на превенција за истите?

Е.Д.- Сметам дека, ова е одговорено во се претходно што кажав со мала дополна и потсетување дека општетсвото сме сите ние. Како што кажав сите ние имаме обврска да работиме и одговараме на предизвици кои носат негативни последици, без разлика што си по вокација или не си. Човечкиот живот нема цена без разлика што е (раса, пол, етникум….), а секој може да препознае насилство, така што одговорноста сите задолжително ја имаме, да реагираме и делуваме во прилог на човечноста. Ако не одговориш, не сум правник, но претпоставувам има регулатива за граѓанин очевидец и се однесува како ништо да не се случило. А кој сака негово дете да живее и расте таму каде насилството е во ограмни размери. Јас лично верувам дека граѓаните многу повеќе прават од инстутуциите, да не биле тие многу работи ќе биле замижани. Секој бара спас и здрава околина и над секој има секого. Моќта за промената е во вистината и желбата за промена за општ добробид и квалитетот на живеењето а не во инстутуционалниот одговор за кој не добивме до сега впечаток дека е во прилог наш-на граѓаните.

РП. Каква поддршка им е најпотребна на жртвите од насилната врска?

Е.Д- Поддршка?? Мене, тебе, вас на сите ние е потребна поддршка, типови на насилство има и надвор од дома. Тоа е ситен збор за жртвите, на нив им треба спас,вистинска помош од државата а поддршка од сите нас. Одговорност за поддршка имаат соседите, пријателите, роднините кои ќе ја пружат со емпатија, сочувство, разговор, мерки за спречување на нивно ниво. Државата, институциите – задолжително да нудат и пружат безбедност, сигурност, превенција, заштита…..за на крај да имплементираат мерки за комплетно спречување на истото. Жртвите реално се оставени сами на себе во нивната таканаречена бездна, лична непозната, несигурна, тажна, изгубена…..тие што не знаат и не биле сведоци, не го слушнале внатрешниот врисок на жртвата не се ни свесни колку е важен спасот и поддршката во исто време. Со стручност да се реши кревкоста, незнаењето, свеста за да поврати самодовербата за спас а потоа со стручност да се преземат сериозни институционални мерки за спречување на насилникот.

РП. Кои се клучните промени што треба да се направат во законот и неговата примена?

Е.Д.- Опс…. никако не смеам да си дозволам да навлезам во нечија стручност а не е моја. Ама смеам да кажам дека законот, сите дополни и измени треба да бидат секогаш во бенифит на жртвата, навремен и во прилог на создавање здрава средина за живот на сите околу нас. Исто така, ние-ромите неможеме да бараме посебни регулативи од државата како да ја спасиме жената ромка од семејно насилство, бидејќи жртвата нема и не бира етникум , пол и раса. Бројката на жената ромка како жртва статистички е многу поголема од останатите, единствено ова како податок ни останува да ни биде причина да не молчиме и да се бира стручен кадар за дејствување, бидејќи кадар имаме.

РП. Која е улогата на медиумите во борбата против семејното насилство?

Е.Д.- Огромна улога. Од тие причини влијанието треба да биде во вистински насока и соодветни извори зависно од темата која се разбработува. Конкретно за оваа проблематика, исклучително сензитивна, неопходно е да се презентира јавно само преку стручни органи и лица кои, или биле дирекно вклучени во оваа проблематика (работеле на терен со жртви и ја знаат стандардно оперативната процедура не делување) или се претставници на институции кои исто така ја познаваат оваа тема. Дали тоа навистина се прави на овој начин е знак прашање. Исто така, медиумот со неговата моќ пренесува порака која сериозно може да влијае на свеста на секоја индивидуа, затоа особено треба да внимаваат на изборот на изворите за заклучоците и лицата преку кои ја пренесуваат пораката. Авторитетот на оваа проблематика е исто така клучен од медиумски аспект, кој збори, кој пренесува и какви алатки и инструменти користи за да пренесе пораката. Јас, сакав да ги прашам денешните медиуми зошто не ги користат постоечките институционални капацитети Роми и актуелните активисти кои го посветуваат животот на овој проблем (исто така Роми)? Тоа се истражува. Зарем професионализмот на работењето има цена, достоинството, рејтингот и сите морални вредности имаат цена кога е во прашање живот? Имаме Наш Народен првобранител жена Ромка, имаме правници Роми и искусни интелектуалци роми кои со статистика и документи го подигнале нивото на нашата заедница. Јас искрено, многу ретко а некои воопшто не слушнав да ги повика. Е сега, препораката и забелешката во однос на ромските медиуми како сила, моќ и огромна улога во секој сегмент е да не правите сегрегација на проблематиката кога ја разбработувате. Што сакам да кажам? Зборувате на ромски јазик без превод, тоа е во ред, но конфликтот лежи во двете страни и двете страни треба да разберат. Едната страна се ромската популација а другата страна е Неромската. Ако ние како малцинство пренесуваме порака дека имаме проблем со институциите кои ќе им каже на другата страна? Или како ќе покажеме дека имаме соодветни капацитети и спремни сме да делуваме, помогнеме или предлагаме мерки за разрешување, ако само ние се разбираме. Ако решаваме интерен проблем, зборете на мајчин јазик, но ако делувате на пошироката јавност тогаш јазикот е заеднички и треба сите да ни ја разберат пораката, бидејќи имаме конфликт со институции кои разбираат само македонски јазик. Авторитет во очите на не ромите така не се гради. Медумиот по дефиниција треба да биде место за културно и етичко обраќање, комуникацијата разбирлива за сите доколку упатувате порака. Зборуваме за семејно насилство и бараме помош и еднакво место во нишката на еднаквите граѓани во општеството, за тоа има ред правила и прописи на етичко и морално однесување.
За крај моја препорака на медиумите наши е да ги пронајдат и истражат амбасадорите на соодвтената проблематика која е, или би била актуелна. Со статус и рејтинг играчки не се игра, моќта тешко се гради ама лесно се губи.

РП.Што би им порачале на оние што се во моментална ситуација на семејно насилство?

Е.Д.-За оние кои се мометално жртви на семејно насилство:
ЖРТВИ НА ВАШИТЕ ДЕЦА ДА ИМААТ УБАВ И СРЕЌЕН ЖИВОТ НЕ СТЕ….АКО ТРПИТЕ БОЛКА КАКВА И ДА Е. АКО СЕ ПОВТОРУВА И ПАК И ПАК ТОГАШ ЖРТВИ СТАНУВААТ ВАШИТЕ ДЕЦА А ТОА НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ДОЗВОЛИТЕ. НА КРАЈОТ АКО ЗА НИВ ЖИВЕЕТЕ, ТОГАШ ЖИВЕЈТЕ БЕЗ БОЛКА ЗА ДА ТРАЕТЕ ПОДОЛГО ЗА НИВ, СО НИВ.

———-
Интервју на тема:,,Семејното насилство како општествена болест”со Е.Д.- Дипломиран педагог и едукатор за дискриминација, стереотипи и предрасуди.

Елма Д. Колумна -Ке помине,ќе заборавиме до наредниот пат… ,до наредниот пат Рамајана

Институции кои цел еден век делуваат на “скапата облека” а не на потребата на човекот.
Официјални бројки и статистика врз жени Ромки кои предизвикуваат очај, страв и огромна несигурност за само нормален живот драги мои.

Молк….. и за сите оние кои не се свесни дека се во истата бездна на потонување од срам заради семејството, околина и чудните несоодветни традиции и обичаи. Сега се вели…… таа смета дека така треба да биде третирана, таа смета дека е срам да крене глас заради иднина на децата, таа смета дека заслужила на моменти… не била послушна или се противела на “посилната страна” . НЕ СЕ ВИНОВНИ ШТО ТАКА МИСЛАТ, ТУКУ ТАА НЕ ЗНАЕ ПОИНАКУ.
Оф мајка…. Да, некој и така ќе каже, ќе кажат трпи ќе дојде поубаво време, голтни и стисни заби нека боли…. ЌЕ ПОМИНЕ.

И сега вака… кај нас остана навика да работиш за да заработиш корка леб, за семејството, за децата за домот. Сте слушнале за “алал заработен леб”, сте чуле ли за “не рани ги твоите деца со нечисти пари”, за “заработи чесно” и за “лесни пари болест и несреќа носат”. Големите интелектуалци велат “бабини приказни и реченици”. Драги мои…..обавувањето на секоја должност која ви се наплатува дури и со малку пари врши ја чесно…. ако е поинаку ти се коцкаш. Се коцкаш со последици по живот, баш како што е вистинската игра на покерот, разликате е што во играта со твојата должност од која живееш играш со туѓ живот што е многу по опасно таму некаде каде ќе одговараш за твоите постапки, во поинаков суд некорумпиран, најправеден и потежок.

Што зборувам… па тоа не постои нели? Судот е овде, кој умре, умре кој се спаси ќе раскажува.
Службена должност, колку тоа само звучи гордо, униформа, заштита, јас би умрела да раскажам на полицаецот што ми се случи ако е како во книгите од 1-8 одд дека полицајците ги штитат ѓраганите.
Како мала сеуште се сеќавам дедо му стануваше на секое униформирано лице и го поздравуваше со “добар Ви ден бранители наши”, сега децата ги плашиме со полицајци ви знак на “непријатели” ќе ти наштетат. ИСТОРИЈА, ПОСЛЕДИЦИ, БОЛНО МИНАТО, ИСКУСТВА….. се е резултат од нешто.

Но, очај чувствувам драги мои, се плашам , не само дека нема да влезам зошто сум неисчешлана или со флека на облеката од ручекот за децата, од недостатокот на времето заради тегобата во душата и случувањата дома, од бегството поправо кажано така дојдов. Службеноте лице не слуша, гледа во флеката мислејќи ручекот заедно го јаделе, мислиш се жалам непотребно, ти губам време, нели?
Оф мајко…. Не те слушаа, досадна беше, дома пак се враќаше.

НИКОЈ НЕ Е ВИНОВЕН ТАКА СМЕ НАУЧЕНИ. Платата од коцкањето ќе стаса на сметка било не било…. а системот нема да ја научи мајката што е вистината ако е поразена, ако ја боли, ако крвари…. Ќе помине, ќе се моли да не умре, за друго не знае, нема кој да и каже и кој да ја посочи.
Шета скапа облека насекаде ама луѓе не гледам. На крај сите ќе кажеме, да се облечеме одела и ние а да не се гледаме кои сме, кои се нашите дела и што придонесовме за дома.

Ќе помине драги мои… ќе помине… стиснете заби сите, времето е лек за душа. Легнете одморете не правете ништо за да промените нешто… неможете сами сте.
ИРОНИЈА ЗБОРИ ВО МЕНЕ ИРОНИЈА истрпете ме, ќе ви помине.

Aвтор:м-р Елма Демировска

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

Мицкоски: Во Кочани видов ужас и пекол, го разбирам гневот на родителите на настраданите, правда ќе има

Presidenti tari Radji, Hristijan Mickoski komleskkro misafirluko ko podcasti anavelrdo ,, Kaj e love” kerganlafi hem bash i tragedija ko Koćani vakeridnro adarik sa so dikhla tano but phare(uzas,pekol)vakerela so halovela i dukh taro familie, jerije taro astarime akale tragedijaja thaj nijamalipa(pravda)ka resel.

Te na oveltumen dujgogaveripe bash sa akava so resarela, save so kerge kriminali, korupcija ka ovelen palunipe(odgovornost). keraja sa te shaj resaraja dji savorende okola so sine anglal ko raďjalipe,numa akalada aktuelna ka oven savore razreśime, bi te dikelpes kaske kerlapes lafi dali śerutneske ko Koćani, ja palem disave naćalnikoske. O arodlaripe thavdela thaj sa ka sikaven o organija save kerna buti pal akava odola tane o obvinitelstvo, vakerela o Mickoski.

Teleder daja tumen sahno teksti taro misafirlukoe premiereskkro Mickoski.👇👇👇

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во поткастот „Каде се парите“ говорејќи за трагедијата во Кочани истакна дека тоа што таму го видел било ужас и пекол, го разбира гневот на родителите на настраданите и порача дека правда ќе има.

„Да нема дилема во определбата моја лична и на владата против организираниот криминал и корупција. Тоа што можевме да постапиме, постапивме, сите кои по вертикала на одреден начин без разлика дали се именувани од сегашната или претходните влади ќе бидат разрешени, беа разрешени, дали е за началникот во Кочани, Штип, сите беа. Но кој ќе се гони и кој ќе има одговорност покажува истрагата која ја води обвинителството. Факт број два е дека овој обвинител и обвинители не ги бираше оваа влада. Опозицијата се обидува да овој процес го наметне врз владата дека е селективна, но можам да кажам не само што не сме селективни, туку по секој налог на обвинителството ќе постапиме. Ќе потсетам за разликата на оваа влада и претходните, направете компарација на овој случај и сите претходни. Трето ќе потсетам дека пред една недела беше приведен директор именуван од оваа влада кој барал мито. Тој беше приведен и изведен пред суд“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека ги разбира родителите и апсолутно може да се согласи со нив и ја разбира нивната емотивна состојба во моментов.

„Јас тоа утро заедно со министерот за внатрешни работи бев на лице место и видов тоа што го видов. Се носеа брзи одлуки со политичка тежина, со голема одговорност која во тој момент беше префрлена лично на моите плеќи. Голем дел од луѓето со кои зборував ми рекоа оваа одлука е на ваша одговорност бидејќи да се транспортираат интубирани пациенти во така тешка состојба во тој момент немаше многумина кои сакаа да прифатат одговорност. Ги разбирам родителите, знам колку беше за мене тоа стресно. Веднаш отидовме во Кочани тоа утро, тоа што го видовме беше лично пеколот и ужасот, но поголем беше притисокот кога знаете дека имате повеќе од 200 повредени кои лесно може да ги загубат животите и факт е дека тоа утро се носеше одлука која имаше голема политичка, но и човечка димензија“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски изрази благодарност до сите кои помогнаа особено соседните земји кои уште утрото први се јавија за помош и додаде дека се носеле тешки одлуки во тие моменти, но тие одлуки спасија животи.

„Први кои понудија помош беа соседите, зборувам уште рано утрото пред 7 часот, се јавија со организиран превоз, авион, од приватна болница се обезбедија и возила за транспортирање на повредените, од други соседи хеликоптер, па од други уште два авиони. Тогаш кога требаше да се носи одлука се носеше со голема политичка и човечка димензија. Во тој момент нема да именувам кој како што, но одлуката која што се донесе беше „вие премиере“ треба да одлучите. Сѐ би дал да можам да ги вратам животите на тие млади луѓе и оваа колективна траума ќе не следи, не би се сложил дека процесот е завршен.

Допрва следи медицинскиот третман на тие кои го преживеаја сето ова, допрва ние како држава треба да се грижиме за тие семејства, но и на повредените. Убеден сум во способноста на нашите доктори и им благодарам за сѐ што направија и знам што направија и со каква саможртва се посветија на сето ова во деновите кои следеа, но ако не реагиравме така со транспортот на повредените ќе имавме повеќе починати луѓе“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во однос на одговорноста премиерот Мицкоски посочи дека веќе се преземаат активности и веќе е видливо на терен, и додаде дека мора да има одговорност не само за овој случај туку и за претходни случаи.

„Мое лично субјективно мислење, да не биде погрешно разбрано дека вршам каков било притисок, мора да има неселективна одговорност, не само за овој случај, туку и за случаевите во минатото, затоа што сѐ уште се свежи сеќавањата и длабоки се раните на оние семејства кои изгубија свои и во претходните трагедии и во модуларната во Тетово, и кај Ласкарци и во Беса Транс. Тука треба похрабар чекор да има од страна на обвинителството, но тоа зависи од нив.

Вие нема да имате промена на систем ако немате институционална, но и законска одговорност. Констатирале неправилности институциите и работиме тоа да го промениме, нема да биде лесно и преку ноќ но мора да имате отчетност пред законите за да овие работи не ни се повторуваат“, изјави премиерот Мицкоски.

Roma Press- bichaldo taro sektori bash mediumengo buthikjeripe tari Radji Makeodnijaki.

- Reklam -

KOLUMNE