Blog Rig 51

Nevo bileti bašh busija 120 denarija numa ka šhaj oleja vozinena tumen ano sa e busija sasto dive..

Havlaribe tar JSP – Skopje đji sa e dizutne e dizjata save baśh poro phiriphe uklena ano dizjake busija.
JSP-Informirinena tar avdive avgo di e kurkeskoro ponedelnik(11.04.2022) ano biletare thaj centroja baśh personalizacija mukhlej tane ano kino bikhinipe divesko bileti,,Skopska”savo bikingovela 120 denarija thaj śhaj koristinen e dizutne ole baš pobuter busija ko jekh dive tar 05 javinako đji ki rakh 24 o ari.

Salde o sakova patniko ka trubul ano sakova busi te validirinelole ano khuvibe andre, odoleja kamlapes te vakerelpes akale bileteja nane te oven ogranićime ano kobor busija ka koristinen o jekhajek bileti.

Teleder drabaren ani Makedonikani ćhib.
👇👇👇
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од денеска, понеделник (11.04.2022 год) во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден.

Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски).

Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува.

Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично).

Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје.

Roma Press- JSP- Skopje.

Soobrakajnikani bibah isi mule thaj khuvde manuśa..

Duj mule manuśa aso panđ lingarenapes pophare khuvde ani buseski bibah savate arakhalovela thak Francijako treneri.

Tar dikhlo doshakerdo (javen obviniteli) vakerna so kerlapes lafi baśh śoferi savo paldela sas o busi upral oleste kergapes testi thaj iklilo pozitivno so lela droga.

Ano akava busi araklagovena 33 phirutne (patnikoja), i bibah resarga ano 11:45 dakikija ano drumo e19 ani Breda ko Šoten.
Ano busi araklagovena patnikoja francijake thaj španijake dizutne.
Bašh akaja bibah o dikhlo obviniteli Klasens taro Antverpen vakerga nane penđardo panda o paluno sebepi akale soobrakajnikane bibaheske.

Teleder drabaren ani Makedonikani čhib.
👇👇👇
Брехт, Шотен – Тешка несреќа се случи на Е19 во близина на Синт-Јоб-Ин-т-Гур (Брехт), во правец кон Бреда, во неделата попладне. Француски автобус со 33 патници, кој патувал кон Амстердам, се превртел од се уште неразјаснети причини. Во несреќата загинаа две лица, а пет патници се уште се во критична состојба. Возачот на автобусот е позитивен на дрога и е уапсен. Следете ги ажурирањата на блогот во живо на дното на оваа статија.

Несреќата се случила околу 11.45 часот на Е19 кон Бреда, кај Шотен.
„Околностите на несреќата во моментов се нејасни“, рече Класенс од јавното обвинителство во Антверпен. „Она што досега го знаеме е дека автобусот од непознати причини излетал од коловозот. Возилото најпрво удрило во бетонската преграда од десната страна, а потоа и на левата страна од коловозот. Потоа автобусот се превртел“.
Јавниот обвинител покренал истрага за точните околности и назначил сообраќаен инженер. Возачот на автобусот, 35-годишен маж од француска националност, возел под дејство на дрога. „Човекот помина позитивен допинг тест. Тој е уапсен“, рече обвинителот. Одземена е и возачката дозвола. Во автобусот имало главно француски патници и мал број шпански патници.

Roma Press:Romando A.- Www.gva.be

Presidenti tar Parlamenti Talat Đaferi bahtarga o 8- to April..

O Presidenti tar Makedonijako Parlamenti Talat Đaferi anglal interparlamentareski grupa sikavga piro sajdipe prekal o tajsuno dive 8- to April Internacionalno dive e Romengoro.

Teleder daja timen śajipe olesko lavkeripe te drabarenle ani Makedonikani čhib.
👇👇👇
Дозволете во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име да упатам честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите и по тој повод, да ја искористам приликата и да го повторам тоа што го кажав и при основањето на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, дека „сите имаме јасна претстава за тоа која е нашата улога, колкава е законодавната моќ и како таа влијае врз овозможувањето на еднакви услови за живот за секој поединец“, при што секако и за Ромите кои се рамноправни и еднакви чинители на нашето мултикултурно општество и држава, Република Северна Македонија која со Устав е конституирана како суверена, самостојна, граѓанска и демократска држава која обезбедува социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот за секој свој граѓанин. И, на хартија ова секако изгледа и звучи навистина привлечно и охрабрувачки, меѓутоа, како е и дали е и на терен, во реалниот живот така? Не сум целосно убеден. Со сета почит кон несебичниот ангажман на почитуваната претседателка Шиковска, сепак, ова е долготраен процес кој што се чини трае засекогаш, и никако да се постигне знак на еднаквост помеѓу предвиденото и оствареното. Во ред, има и по некоја мала победа во облик на изгласаниот Закон за неевидентирани лица во матичната книга на родени, кој што беше инициран за решавање на нотираниот проблем кој што се игнорираше со години наназад а се однесуваше на лицата што не беа евидентирани во матичната книга на родени, немаа лични документи и беа најчесто од најранливите општествени слоеви.

Дали и во која мера се спроведува тоа законско решение, кои се конкретните резултати? Затоа и велам, премногу трае целиот тој процес на инклузија и остварување на правата и обврските гарантирани со Устав и со институционалната рамка што ја обезбедува Законот а немаме видно поместување ниту во насока на образованието, ниту во здравствената и социјалната заштита, ниту пак во делот на вработувањето со задолжително социјално осигурување.
На раскрсниците, на нашите улици, и понатака ја гледаме тажната глетка на мали и возрасни припадници на ромската заедница чие што секојдневие, чиј што живот и борба за егзистенција се одвива како на филмска трака којa постојано го врти истиот филм, само што се менуваат протагонистите кои ги има во сите возрасни групи. За мене, тоа е јасен показател дека се уште не сме таму каде што би требало да биде земја полноправна членка на НАТО Сојузот и земја која е речиси на прагот на започнување на преговорите за членство со Европската унија, нешто кое што досега не започнало само поради општопознатите причини за сите вас и за широката јавност се разбира.
Како што е исто така познато дека сиве овие години правевме реформи за трансформација на нашето општество во еднакво, со почитување на правата и обврските на секој поединец, похумано, со еднаков третман на сите граѓани, без оглед на етничката, верската, политичката, социјалната припадност, без оглед на пол и посебните здравствени состојби и попречености, општество кое ќе понуди целосна заштита и одбрана на човековите права кои треба да се потполно во линија со Европските и меѓународните стандарди и за правата на маргинализираните групи.

Сепак, реалноста е кристално јасна и во исто време сурова. Во единствената општина со доминантен број граѓани од ромската заедница, се уште нема матичен лекар гинеколог, иако опремата е таму, што е потврда дека се прават напори. Во образовниот процес, иако е задолжителен и секое непостапување е казниво со закон, вклучувањето на ромските деца е екстремно ниско, што не може да се каже за нивното вклучување во обезбедувањето средства за семејните животни трошоци со незаконско учество во малолетнички труд. Очигледно, сите ние што сме дел од системот, некаде затајуваме, некаде нешто не правиме како што треба и тоа ни се враќа како бумеранг и никако да постигнеме траен развој во социјалната и економската сфера. Секако, ситуацијата со КОВИД 19, колку и да беше тешка за светските и домашната економија, десет пати потешко се одрази на социјално ранливите групи.
Почитувани колеги,
Спроведувањето на законите, прописите, принципите на еднаквост, на недискриминација, инклузивност и достапност зависат од човечкиот фактор, од изградената свест и чувство на одговорност и во тој сооднос меѓу вршителите и страните врз кои се применуваат, исклучително е важно да се изгради сооднос на искрена доверба за потоа да има и конкретни резултати од јасно изразената волја. Време е да се изгради таа доверба таму каде што не постои, а да се зацврсти таму каде што некоја основа веќе постои. Кога ромската заедница ќе биде вклучена и интегрирана во општествените текови, таа сама ќе си го отвора патот кон подобрување на квалитетот на живот за себе. Наша обврска е да бидеме до нив во секој чекор.

Roma Press- Sobranie na RSM.

DSR- Niśankerela o 8- to april sebepeja baśh 50 berśa nakhle tar avgo Romengoro Kongresi..

Demokratikane takatija e Romengere tar i Makedonija baśh 8-to April niśankerena ćipota(nastan) panle e biđukoja numa thaj sebepi baśj o nakhlo berś kana trubuja te niśankerelpes 50 berśa tar ikheripe e avgo Romane Kongresesko naśti kergapes khanći baś i globalnikani sastipnaskiri resarin tar Covid 19.
Akava berś ano jek i sasti manifestacija ka nakhel ki akaja umal, thaj odoleske si akharde misafirija tar ućo politikano nivelo numa sar thaj Ambasadori tar Indijaki ambasada ani Bugarija(sofija).
I Ćipota ka ikergovel ano muzej tar NOB ko dive 08.04.2022 ko 12:00 o ari.
👇👇👇
Демократските сили на Ромите по повод 8- ми Април Светскиот ден на Ромите известуваат дека минатата година се навршија 50 години од одржувањето на Првиот Ромски конгрес, поради глобалната здравствена состојба со COVID 19 не се одбележа соодветно.
Оваа година со Свечена Академија ќе се одбележи овој јубилејот, но и досегашниот постигнат напредок на Ромите во Република Северна Македонија. Почесен гостин на академијата е новоименуваниот амбасадорот на Индија назначен во Софија- НР Бугарија Н.Е. Санџај Рана.
На овој настан покането е целото државно раководство, претставници од локалната власт, а своето присуство го потврдија и министерот за надворешни работи од Индија, потоа пратеници Роми од Србија и Хрватска, и други важни личности.
Настанот ке се оддржи на Свечената Академија на 8-ми Април 2022 во 12 часот во музејот на Народноослободителната борба на Македонија.

Hazri kerga:Roma Press

Počminge te dislocirinenpes o tezge tar pazari e šutkako kerelapes o ,,Amaro Mall”- dikhen video

Sar so sine havlardo poćirla o thavdipe tar bikinipe tar edinstveno egzistencijako than baśh jek baro numero tar Romane familie save kerna sine buti ano akava pazari ko Śuto Orizari pobuter naśti. O kino bikinipe thavdinga maśkar o Ferat Asan thaj maśkar o penđardo Romano biznismeni Ferki Demirovski.

Sar so penđaraja e rajo Ferki Demirovski đji akana tar o vas oleskkro nakhle pobuter uspeśna biznisija thaj bare proektoja, isile nekobor firme za kaske panda but hari đjanela o javnost, jek tar firme save kerna buti tane thanarime e themaja Kina bisnis tar elektronika, Hotel thaj restoran MI-CASA,sigo puterga prekal partnersko buthi kheribna tar nevi VFV-Clinika ko Cairi thaj sar maj paluno proekti saveja amen penđardilam o aktuelno khiniphe e pazaresko Śuto Orizari thaj kheriba ano akava than baro moll savo naoficijalno penđargovaja ka vikinelpes,,Amaro Mall”.

Ki aver rig isi naćhalipe tar manuśa dizutne e
Komunake save vakerena sar ola akana ka ikalen piri egzistencija đjikote kerelapes o objekti tar o moll? numa tar aver rig ano akava agaar propuśtimo than penđardo sar sakone jekeske koj alo ano lokalno vlast kergapes upral olende zor thaj finansisko reket sigo vakteske ka ovel adava bisterdo thaj ano akava than ka bijangol jek moderno molli.
Odoleja so sakone Romeski mangin tani pobuter i gletka amare Komunaki Šuto Orizari te na dikhovel ko primer tar tenekie, deponie, bilaće droma thaj aver numa kamplapes te oven laćhe thaj moderna objektija numa angleder sa trubuj te na bistrelpes te gndinelpes bašh dizutne e Śutkake olengere bilače ekonomsko egzisteciona sostojbake.
Dikh video..

Tar aver rig isi panda naoficijalno penđaripe so sa garavelapes palo akava baro objekti thaj sar arakhlapes odoborom sigo solucija(rešenie) te kerelpes jek asavko baro ćekori za kaske đji akana na pakhalapes sine SOSTAR? Berśa napalal sakana sine na haloviphe baš akava pazari thaj lingarelapes sine sar javno tajna baśh akava than so tar but ćirla uzurpiringapes lendo tar raśtrakoro zemjiśte aso o dujto kotor sine kindo tar privatno manuś.

Numa ano sa akava o agor ka vakerel so palpale e dizutne e Komunake ka resaren ano jek lačho modernikano objekti pe kaste pakhalapes so đji avdive ano pere proektija o rajo Demirovski nikana na kerga improvizacija numa sakana kherela laćhe thaj moderna objektija.

Hazri kerga:Roma Press

Panśto di(petok) tano nabukarno dive ki Makedonija baśh 8- to April..

Maśkarđianesko dive e Romengoro-8 to April(petok) tano na bukarno dive bašh o dizutne tar Romani jekin ani them Makedonija, havlarela o Ministeriumi baš trud thaj socijalna politika.

Tar Ministeriumi baś e dizutne Roma bahtarena o 8-to April-Internacionalno dive e Romengoro.

Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април (петок) е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните припадници на ромската заедница во земјава им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите.

Roma Press- MTSP

Presidentska thaj parlamentareske Alosaribe ani Srbija 2022 berś..

Ani Srbija avdive ikergovena prezidentska alosariba,anglal vakteskere parlamentareskere alosaribe, alosaribe ano Khedipe e Belgradesko sar thaj alosaribe ano 13 dizja thaj komune.
Nijami(pravo)dejbaske poro hangoipe isi 6.502.307 dizutnen, save dena poro hangoipe ano 8.267 alosaribnaskere thana.
👇👇👇
Во Србија денеска се одржуваат претседателски избори, предвремени парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини, а право на глас имаат 6.502.307 граѓани, кои гласаат на 8.267 избирачки места.

Избирачките места се отворени во седум часот, а граѓаните го остварат своето гласачко право до 20 часот. Според податоците на РИК, до 10 часот гласале 9,59 отсто од гласачите, јави дописникот на МИА од Белград.

Presidenti Kedipnasko Đaferi lelja than ani Konferencija tar Balkaneske liderija baśh sansari(mir)..

Presidenti tar Khedipe(Sobranie) e Republika Utarale Makedonijako Talat Đaferikerga lafi ani Konferencija tar balkaneske liderija ani teme ,,Sansari, arakhipe ano ekonomikano buvlaripe tar Purabalo Balkani”.

O Presidenti Đaferi vakerga baś sa o resibe đji akana i them Makedonija do kerga ko arakhibe o sansari ani them thavdindo sa e krize đji akana save sas resarde,konfliktesko maribe ani Ukraina,duj berś đjenipee Makedonijako ko NATO thaj baś sa akala sebepija sigarutnne valani i evropa te putrel pere vudara baśh i Makedonija.
Teleder daja tumen olesko lav kheripe te drabaren ani Makedonikani ćhib.
👇👇👇

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери се обрати на Конференцијата на балканските лидери на тема „Мирот, безбедноста и економскиот развој во Западен Балкан“.

Чувствувам особено задоволство што денес се наоѓам повторно помеѓу вас, и што имам прилика во име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име да ги поздравам учесниците на Конференцијата на балканските лидери и Клубот на Подгорица, што овој пат се фокусира на тема „Мирот, безбедноста и економскиот развој во Западен Балкан“. Посветеноста и сериозноста со која пристапуваат на Западниот Балкан самите држави што се дел од овој регион говори јасно дека сме свесни за предизвиците со кои сме се соочиле и се соочуваме од ден на ден, и дека единствениот начин да се биде успешен во оваа битка, за опстанок и напредок на регионот е инклузивната регионална соработка со посветеност кон основните европски вредности на демократијата, владеењето на правото и фундаменталните права, меѓутоа и значењето што го има помирувањето за успешноста на овие процеси на трансформација на регионот.
Инклузивната регионална соработка е фундаментален фактор за нашите партнери и за нас како земји на нашиот пат кон членството во Европската унија и иднината на целиот регион е токму во неа.

Затоа, во оваа прилика, ќе го повторам апелот што го упатив пред неколку дена на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Европската унија во Брдо, Словенија дека е време визијата за иднината на Европа да се претвори во дела, процесот на проширување да добие на динамика а преговорите за членство да станат реалност. Проширувањето на европското семејство со земјите на Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, безбедноста и стабилноста, особено сега, во оваа ситуација на војна во Украина, што јасно потврдува колку брзо може да се промени мирот и стабилноста на регионот и да се зголемат безбедносните, економските, енергетските и други предизвици на континентот.

Собранието на Република Северна Македонија, на 3 март ја усвои Декларацијата со која најостро се осудува руската агресија врз Украина, како спротивна на меѓународното право и како земја целосно ја усогласивме нашата политика со позициите на надворешната и безбедносна политика на Европската унија во контекст на санкциите кон Русија.

Се разбира, поаѓајќи од фактот дека како земји сме позиционирани во турбулентен регион и сме биле сведоци на многу конфликти, длабоко сочувствуваме со граѓаните на Украина, изразуваме жалење за изгубените животи и апелираме за што побрзо изнаоѓање на дипломатско решение и прекин на воените дејствија а речникот на омраза да се замени со современ речник на цивилизиран дијалог.

Токму оваа конференција е доказ дека ние како регион, продолжуваме да градиме мостови на соработка и приближување меѓу нашите народи, нашите држави и целиот регион со Европската унија, затоа што на овој начин создаваме доволен простор за развој и унапредување на овој дел од континентот, координирајќи се за заеднички проекти започнати во рамките на Берлинскиот процес и политиките на Унијата, со специфичен фокус на Економскиот и инвестициски план, на Зелената агенда и Заедничкиот регионален пазар. Ова го дава потребниот поттик за градење на добри економии и за структурно менување на Западниот Балкан кон зелена трансформација и ќе не подготви за економска интеграција во Единствениот пазар, особено сега во овој пост Ковид-19 период.
Оваа заедничка соработка е доказ за сеопфатниот потенцијал и ќе ја забрза економската модернизација и со ова и ќе го олесни приближувањето на нашиот регион со начелата и социо-економските стандарди на Унијата.

Република Северна Македонија работеше и продолжува и понатака да работи во насока на постигнување на стратешките определби уште од осамостојувањето на земјата во 1991 година, односно полноправното членство во ЕУ и НАТО.

На 27 март одбележавме две години од нашето членство во НАТО и задоволството е разбирливо, нешто што не може да се каже за членството во Европската унија каде ситуацијата е поинаква од таа што сакаме и ова сериозно се одразува на довербата на граѓаните во европската иднина.
Всушност, довербата моментално е на најниското можно ниво, има разочараност и неверување дека овој процес ќе заврши некогаш успешно.

Меѓутоа, имајќи ги предвид актуелните настани, сметаме дека Европската унија треба итно да определи датум за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите,укажа пред присутните Џафери.

Roma Press- Press-Sobranie na RSM.

DSR- Reakcija baš o vakerde rezultatija tar o Popis 2021..

Reakcija tar Demokratikane takatija e Romengiri baš o vakerdo rezultatija tar o Popis, prekal o havlaribe savo sine bićhaldo ano emailko Roma Press.
👇👇👇
Реакција на Демократските сили на Ромите по повод добиените резултати од пописот

Поразителен резултат на пописот за Ромите во Македонија. Демократските сили на Ромите преку оваа реакција, ја информира јавноста дека резултатите на пописот во целост ги отфрла. ДСР пред да се одржи пописот даваше предлози за успешна реализација на пописот и вкученост на Ромите во самиот процес, со што бројката на Роми во Македонија ќе беше реална и ќе изнесуваше преку 100.000. Ромите изгубија и ова е поразителен факт кој претставува игнорирање на еден цел народ каков што сме ние Ромите! Имено не е можно бројот на Роми избирачи во Македонија да е поголем од бројот на население.
Тоа укажува на тоа дека потребно е да се преиспитаат статистичките методологии кои се користеа за овој попис. Овие бројки кои произлегоа од извршената операција за попис на населението се поразувачки дури и за припадниците на другите етнички заедници кои живеат во РМ.

Со оглед на тоа дека бројот на Роми од овој попис се нереални, ДСР апелира до сите Ромски политички партии, здруженија, невладини организации во Македонија, да се оградат од резултатот на овој попис и заеднички да докажеме дека бројот на Ромскиот народ во Македонија е многу поголем. Оваа бројка на Роми од овој попис на населението е против нашите национални интереси.

Roma Press – bićhaldo tar DSR.

Samka Ibraimovski vakerla e palune statistikaja baś 20 berśa roma nane bijande numa salde isi mule akava nane normalno vakheripe..

Reakcija bičhaldi tar o Presidenti e partijako PCERM Samka Ibraimovski vakerdo o naćhalipe baš popiseske vakerde rezultatoja, pučhela savoren silen li godi vakeribnaja i statistika so đji akana salde Roma mule aso bijande Na.
Teleder dravaran ani Makedonikani čhib..

👇👇👇
„Статистика, дали сте нормални? По ваше, само умирале Роми, не се раѓале. Брука невидена, 30 отсто не се попишани. Директоре, на тебе лично јас ти се јавував дека не биле попишувачи во многу градови, еве што се случи. Срамота!“, реагира лидерот на партијата од владината коалиција, поранешен министер за имплементација на Стратегијата за Роми и подбрување на состојбата на Ромите во Македонија и експратеник.

Roma Press- PCERM

- Reklam -

KOLUMNE