Blog Rig 63

I Tradicija na ćhinavgovela 14 januari muzikako bal telal organizacija Sojuzi e Romengoro..

Tradicionalno sar sakova berś đjakerelapes o atraktivno Evropako bali savo kerlapes sakova berś telal organizacija tar partija Sojuzi e Romengoro ani Makedonija.

Sar soj penđardo telal i kampanja savi kerlapes ano socijalno mreža,đjanelapes so sakova berś panda ko vakti tar Presidenti e partijako Amdi Bajram (savo akana nane maśkar đjivde) e maj bare atrakcie kerlapes sine ano bali thaj palo adava kerlapes but lafi ano medie so sa kergapes ano 14 Januari dive e zabavako thaj bal e Romengoro ani Makedonija.

Akavada berś i tradicija na ćhinavgola odoleja so o akanutno Presidenti e partijako Sojuzi e Romengoro Gabriel Bajram akharela sa e Romen ani barabutni zabava savi ka ikergovel ano Aleksandar Palas ko 14 Januari, a baš o hośipe e rakako ka gilaven thaj ka bašalen e maj penđarutne muzikake čerenja sar soj i penđarutni grupa tar Molika,Slađa Alegro bend, Maśkar olende ka oven thaj amare Romane eminentna muzikake ćerenja o Đjemaili, Ahmet,Bernati,Tarkan,Đefrina,Ervin thaj panda but avera, aso i pratna muzikaki Gazoza bend.

Bah sastipe thaj te pakha so ka nakhel ani šukar organizacija.

Hazri kerga- Roma Press.

Roma Press mangela tumenge bahtalo nevo 2022 berś..dikhen Video

Jekh berś tumencar, thaj sakana ko vakhti sakoja informacija,objektivno,transparetno phanle e kodekseja žurnalistengo.
Vilestar tar celo timi mangaja tumenge bahtalo thaj lokho 2022 berš.

Hazri kerga o timi Roma Press

Bahtarin baś nevo berš tar DSR – Śaban Saliu..

E Romengere demokratikane takatija sa e Romenge thaj sa e dizutnenge, bahtakereja o Nevo bers. Majangle sarinenge mangaja but sastipe thaj beriketi ko profesionalno thaj licno plani. Thaj ko nevo bers angli amende tergjola but buti te saj sare barabarutnipaja te resara majbari integracija thaj majbaro than ko chinavibaskere procesija jeka jek e avere dizutnencar.

Roma Press- DSR

Bahtarin tar partija PDPR – Aksel Ahmedovski..

Bahtarin tar partija PDPR thaj o Presidenti Aksel Ahmedovski.
👇

Почитувани сограѓани на крајот сме на 2021год.и во предвечерјето на новата 2022 год.за која од мое име и од името на ПДПР на сите ви посакуваме многу здравје,радост среќа и просперитет на секое поле.

Roma Press- PDPR

Bahtarin baś nevo berś tar PCERM- Samka Ibraimovski..

Sajdime ano teleder hramome daja tumen šhajipe te drabaren i bahtarin tar partija PCER- Samka Ibraimovski dendi đji ko roma Press baś o nevo berš.
👇
Почитувани Роми и сите граѓани на РСМ, Во името на најстарата и прва Ромска партија за еманципација на Ромите ПЦЕРМ дозволете во мое име како претседател на партијата Самка Ибраимовски и сите членови на партијата да ви ја честитаме Новата 2022 година.

Пријатели зад нас ја оставаме 2021 година, годината која беше најтраѓичната на самите нас како Роми оставени во маргините на општественото подобрување во повеќе сфери.

Сакам да ви укажам дека знам деновиве кога луѓето, домовите, се исполнети со надеж и верба, да бидеме заеднички мотивирани дека влегуваме во новите почетоци, но ќе продолжиме посветено во реализација на целите за самите нас и да говориме сите заеднички дека во новата 2022 година мора да има подобрување на општествениот живот за Ромската заедница во Македонија.

2022 година нека биде година на нови предизвици, особено во делот на подобрување на економската, енергетска и пандемиската криза.
Од се срце Среќна и берикетна нова 2022 година.

Рома Пресс – ПЦЕР-Самка И.

Bahtarin tar partija ROM baś o nevo 2022 berš..

Sajdime drabarutne (ćitatelija) tar Roma Press mangaja te bićhala tumenge i bahtarin dendi tar partija ROM baś o nevo berš bićhaldi đji sa e dizitne Makedonijake posebno akcenteja đji e Roma tar Makedonija.
Drabaren teleder ani Makedonikani ćhib.
👇
Почитувани,
Во името на целото раководство на партијата РОМ би сакале да ви ја честитаме новата 2022 година и да биде година во која промените како и подобрувањето во сите сфери на Ромската заедница во Македонија промени на подобро и вистинската еднаквост со сите останати заедници.

Да продолжиме заеднички да ја завршиме и подобруваме состојбата на самите нас, Да донесеме реформи,подобрувања, вработување, заеднички економски вредности, да го зачувуваме и унапредуваме здравјето и животот на Ромите и останатите, тоа се најголемите подароци за секој човек во нашата заедничка Македонија.

Драги пријатели, во мое име како Претседател на партијата РОМ Ерџан Селими и целото партиско раководство ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да ја имаме промената на подобро утре и на крај искрено од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам убави празнични денови,многу љубов и насмевки со вашите блиски ,,Среќна нова 2022 година”.

Рома Пресс- РОМ Партија

Bahtarin tar partija NPR baś o nevo berś..

Prekal o inboh tar Roma Press o Presidenti tar Romani Partija NPR Gege Demirovski bićavga bahtarin đji ko djene e partijale thaj sa e dizutne ani Makedonija baš o nevo 2022 berś.
👇

Roma Press

Bahtarin tar Presidenti e Makedonijako Stevo Pendarovski..

Sajdime daja tumen śhajipe te drabaran i Bahtarin tar Presidenti e Makedonijako Stevo Pendarovski bićaldi baś o Roma Press.
Drabaren teleder ani Makedonikani ćhib
👇
Почитувани граѓани,
Испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи. Година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани, загуби какви што одамна не паметиме.

Пожртвуваноста, солидарноста и одговорноста на здравствените работници, спасувачките служби, волонтерите и другите луѓе со добра волја кои ги премостуваа етничките, верските, политичките, социјалните разлики за да им помогнат на оние на кои им беше потребно, се нашите херои за оваа година.

Дочекувајќи ја новата 2022 година, да се свртиме кон надежта и вербата кои ќе ни помогнат да изградиме просперитетно општество во кое сите ќе бидеме еднакви пред законот. Општество кое ќе се грижи за послабите, ќе ги вреднува и наградува доблесните, во кое младите ќе сакаат да останат и да се остварат во својата држава.

Ви посакувам спокојни празнични денови со вашите семејства и пријатели и новата 2022 година да ни донесе многу здравје.

Среќна нова година!

Roma Press.

Bahtarin tar Presidenti ko SDSM Kovaćevski

Sajdime daja tumen šhajipe te drabarenni Bahtarin baś nevo berś bičaldi đji ko Roma Press tar o Presidenti partijako ko SDSM Kovaćevski.
👇
Почитувани граѓани,
Зад нас ја оставаме 2021 година. Година на општествено закрепнување од коронавирусот, на масовна вакцинација, но и година на економско опоравување.

Деновиве, кога луѓето, домовите, се исполнети со надеж и верба, мотивирани влегуваме во новите почетоци, да продолжиме посветено во реализација на целите пред нас.

2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план.

Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните.

Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа.

Тоа ќе го постигнеме со одговорна и посветена работа, заедно со мојот тим и заедно со вас граѓаните.
Нашата заедничка иднина е иднина во ЕУ и нема да се откажеме од тој стремеж, ќе работиме за исполнување и на оваа стратеша цел.
Почитувани,
Нека 2022 година биде година на сплотеност и заедништво. Зад нас да ги оставиме поделбите и деструкциите.
Здружени во сегашноста, за да не останеме поделени во иднината. Заедно да го чуваме и градиме нашиот заеднички дом – Република Северна Македонија.

Нека е среќна новата 2022 година, ви посакувам добро здравје, мир и спокој во празниците што претстојат.

Roma Press- SDSM

Bahtarin baš nevo berś tar Presidenri partijako VMRO-Hristijan Mickovski..

Sajdime drabarutne (ćitatelija) daja tumen śhajipe te drabaren i bahtarin ani Makedonikani ćhib tar Hristijan Mickovski Presidenti ano VMRO DPMNE bićhaldi ko Roma Press.
👇
Почитувани сограѓани, годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. 2021 беше година на големи предизвици, но и на големи промени. Промени кои ги донесовте – вие!, вели во Новогодишното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси.

Успеси и среќа за секој еден човек, затоа што Македонија е за сите луѓе. Да ја подобриме екологијата, да ја развиваме инфраструктурата, да го унапредуваме образованието, спортот и културата. Да бидеме подобри луѓе, повеќе да се почитуваме и да создадеме поубава иднина за нашите деца.

Колку повеќе создаваме, толку повеќе ќе им олесниме на нив. Колку се тие посреќни, толку сме ние помотивирани. Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби.

2022 година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности. Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати. Повеќе радост, светлина и среќа во секој еден дом.

Драги пријатели, ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да биде подобро. Искрено и од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам најубави празнични денови. Топол дом исполнет со ведрина и оптимизам. И многу љубов и насмевки со вашите блиски.

Ви посакувам среќна, весела и успешна 2022 година, подвлекува Мицкоски.

Roma Press- VMRO DPMNE

- Reklam -

KOLUMNE