Колумна-Враќање во заедницата (Алмира Фасљии)

321

Уште на почетокот, кога почнав невешто да пливам во длабоките води на активизмот, невладините организации, семинарите, обуките, еден многу мудар човек, ајкула наречен Посејдон ми рече „Алмира, таков е животот. Денеска јас ќе ти помогнам, утре ќе станеш најдобра во тоа што го правиш, а веќе задутре ти ќе им помагаш на другите“. Од тогаш

минаа 4 години. Секој ден се обидувам колку што е можно повеќе да ги разберам зборовите што ми ги кажа овој мудар човек. И секој ден, откривам нови димензии на нивното значење. Вие што мислите? Што сакаше да ми каже со ова?

Додека размислувате за вашите одговори, дозволете да Ви го кажам моето последно видување на нештата. Имено, кога седнав да зборувам со близок пријател – алумнист, ми кажа дека тоа е меч со две острици и дека најлесно што може да направиме е да се осудуваме едни со други. Особено кога станува збор за дојденците, тие во кои бев и јас пред четири години. Тие во кои бевте и вие пред една или пред 21 година. Ние луѓето сме формирани и дизајнирани од некоја Виша сила секогаш да се стремиме кон што повисоки цели и достигнувања, да сакаме да излеземе од нашите комфорни зони и да го смениме светот, водејќи се по светски познатата фраза „Доколку сакаш промена, почни сам да се менуваш“.

Секако и тука има исклучоци. Мислам на интровертните. Не ме сфаќајте погрешно. И јас сум интроверт, само што моето излегување пред други го доведов до мало совршенство и никој не забележал дека стравот од јавно излегување ми е влезен во коски и никако да излезе од таму.

Нека. Можеби така и треба да биде. Би сакала малку да се фокусираме на ајкулите наречени

Посејдони што долги години владеат со светот на невладиниот и политичкиот сектор.

Сите ние бевме доведени во ситуација кога им се смеевме на дојденците дека изгледаат чудно, не се дружат, не прават мрежи на пријателства, не се запознаваат со останатите, не го кажуваат своето мислење или уште полошо, пасивни се и немаат свое мислење! Помисливме дека ние постарите генерации повеќе правевме за нашиот народ а во дојденците немавме доверба дека можат да направат такво нешто. И така настанаа дипломирани медицинари, политичари, економисти, новинари, социолози Роми. Некои дури имаат и мастер. Тие во еден дел од животот биле дојденци, не знаеле ни зошто се таму каде што се. Но желбата да се проба од непресушниот извор на знаење, да се помогне на заедницата ги доведе каде што се сега. На добро ситуирани позиции каде не прават горди што сме Роми. Но, и тие се довеле во ситуација да немаат доверба во дојденците, исто како и батковците кои немаа доверба во нив кога тие беа дојденци. Можеби си мислат недовербатаќе вроди плод? Како кај нив? Можеби.

А можеби и не. Јас сум повеќе за оваа варијанта. Тие имале тежок пат пред себе. Каллив, со огромни камења пред себе, со прашина. Со себе имале пенкало и желба за подобро утре. Со солзи, пот, нервози, смеење, среќа и многу, многу љубов ја изградиле таа патека за останатите.

Бидејќи многу добро знаеле дека подобро утре се постигнува само со образование. Понекогаш и со грабеж на банка и малку среќа да не те фатат.

Не би сакала да имате впечаток дека сум на едната или на другата страна. Затоа, како што доликува на една дипломирана новинарка, ја прашав и другата страна. Тука не мислам на тие кои штотуку влегле во овие води, туку на тие кои лазат по патеката кои постарите генерации ја оставија за аманет. Бебињата, т.е. дојденците како сакате наречете ги, имаат друго мислење и видување за целата оваа ситуација. Опкружени со социјалните мрежи, паралелниот Универзум кој им е на дофат со само неколку кликови во кој може да бидат се што ќе посакаат, ги одалечуваат од совршената слика како би требало да изгледа еден добар активист кој сака да врати во заедницата. Не е дека не сакаат да му помогнат на својот народ или на тие кои им подале рака кога им требаше најмногу, туку не знаат како. За жал и покрај тоа што секој ден ги гледаат постарите генерации како враќаат на заедницата, како се присутни насекаде, чиниш се октопади и нивните дарежливи раце стигнуваат до сите делови на Македонија, тие не знаат како да вратат во заедницата. Пак ќе повторам, не знаат, а не, НЕ САКААТ! Прашањето е како да се смени тоа.

Можеби треба да се има поинаков пристап. Тоа што мене ми дава адреналин, вам можеби Ви е здодевно. Тоа што мене ми буди емоции, вам ви е апсурдно и смешно. Исто е и со дојденците.

Луѓето се различни исто како што се различни и прстите на нашите раце. Секој различен и со своја функција, а сепак кога се заедно ги извршуваат сите команди кои ќе ги даде нашиот главен орган. Така пишуваме, јадеме, ги извршуваме сите хигиени поврзани со нашето тело, доживуваме оргазми без присуство на друга личност и моето омилено, понекогаш ги употребуваме да примениме сила кон тие кои се послаби од нас.

Можеби треба и на овој начин треба да ги гледаме и дојденците. Секој различен и посебен за себе. Со различни преференции, посебности, желби и таленти. Да се посвети внимание на секој еден од нив за да се извлече најдобро од него. За да може да научи да шета по патеката која ја изградиле постарите генерации. За секој од нас.

Да се разбереме Враќање во заедницата не е ако сте платени за плата да го правите тоа. Секоја платена работа е веќе друг концепт многу поблизок на професионалноста. Имено јас работам а за тоа добивам и плата. Идеално е кога покрај платата раководена од принципот враќање во заедницата може да додадам и додатна вредност која што ќе помага констатно во одговорот на вечното прашање Зашто се прави сето тоа ?

Сакам да расчистиме некои работи не ми се допаѓаат некои НВО затоа што отсуствува транспаретноста но и некако ко они да придонеса сите наши луѓе да станат паразити во процесот. Можеби јас така мислам но имам впечаток како да некој да мора да се организира за да го реши мојот проблем. А уствари не е така. Проектот навистина има цел да решава одредени проблеми но НИЕ мораме да станеме од сонот и да почнеме да ги решаваме нашите проблеми место други НВО да чекаме да го прават тоа за нас . Јас би препорачала овој сектор да почне да прави отстапки на сметка на своето лично богатење и дури би посакала секој лидер во НВО што е повеќе од 10 години на Извршна функција да ја напушти организацијата, да се прекфалификува на пазарот на труд и паралелно да работи на создавање на ново лидерство. Исто така би било добро онаа алатка за отчетност да почне да ја пополнува секое лице пред да стапи во НВО затоа што мислам дека е време да се знае барем за почеток колку пари одат за хонорари а колку се директни или индиректни трошоци наменети за целната група. Кога велам директен трошок за целната група мислам на пари кои што непосредно влегуваат во име на проектот на трансациската сметка на корисникот. Да не се разбереме прогрешно јас знам дека за секоја работа како за завршена работа се зема пари,хонорари и плата него јас зборувам за концептот на Враќање во заедницата.

Јас разбирам дека мора сите активности и презентации да бидат објавени па дури и организираната посета на зоолошка градина и се е тоа ок но Ве молам бидете и до крај отчетни колку пари се трошат за тоа. Не ради нешто друго или дека обвинувам или пак дека јавноста ќе треба да суди за вашата мака да дојдете до проектите од приватните пари на донаторите него барем да знаеме колку не чини нашата несвесност и паразитски менталитет според кој што дури и запишувањето на училиште мора да биде со посредништво наместо свест и лична одговорност. Но што е тука е !

Истото може да се преслика и на оние гласноговорници во Политиката – Враќањето во заедницата за нашите лидери секако дека значи и одредени финансии за политичките партии кои што ги добиваат од нашите гласови. Но не е во ред да дискутираме дали и колку направил политичкиот наспроти НВО сектор. И дечкото од спротивната улица знае дека целиот наш капацитет почна од НВО затоа што таму имаше образование кое што не се учи на факултет, вмрежување и искуство. Денес е тоа помешано и добро е што е така оти имаме и лица од НВО и политички фигури кои работат СТРАТЕШКИ за наш ИНТЕРЕС. Нема сомнение но и тука мислам дека големите политички ајкули треба да си живеат мирно добски пензионерски денови со внуците и да уживаат во благосостојбата за да ни остават надеж дека сите ние може да бидеме подобри од вчера а утре подобри од денес.

Уште на почетокот, кога почнав невешто да пливам во длабоките води на активизмот, невладините организации, семинарите, обуките, еден многу мудар човек, ајкула наречен Посејдон ми рече:

„Алмира, таков е животот. Денеска јас ќе ти помогнам, утре ќе станеш најдобра во тоа што го правиш, а веќе задутре ти ќе им помагаш на другите“.

Roma Press – https://www.romaversitas.org.mk/index.php/romaindex-activism/2020-02-14-10-59-47/510-2020-06-18-13-45-47