КОЛУМНА-Шерафедин С. Ромите не се проблем во Македонија, туку граѓани со нерешени системски потреби..

338

Ромите не се проблем во Македонија, туку граѓани со нерешени системски потреби.
Со децении зборат за интерграција на Ромите сите , а резултатите се минимални. Се трошат пари, се пишуваат стратегии, се пишуваат проекти, но суштината останува иста. Ромите немаме системска законска и континуирана застапеност таму каде што се носат одлуките. Време е да престанат со ад-хок решенија и да понудат траен државен механизам ЗАКОН НАМЕСТО ДОБРА ВОЈЛА.

Замислете само во 80 локални самоуправи по еден Ром вработен назначен како Советник за Ромски прашања и да се вработат по 1 Ром административец во следните институции во шалтер ПИОМ, УВМКР,МВР,УЈП,ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР, ОСНОВЕН ГРАГАНСКИ СУД, ФЗОМ и по 1 ром админисративец во секоја од клиниките во државна болница сите овие лица заедно со сите ромски политички лидери независно позиција опозиција во една критичка тркалезна маса да работат за подобрување на услугите за ромите и ромската кауза после сето ова ако се случи сите роми задоволни, а политичките лидери уште повеќе ке бидат задоволни.

Еве ПЕДЛОГ и ПРЕДИЗВИК кој е јасен и остварлив со законско трајно решение:
“ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН СО КОЈ СЕКОЈА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА КЕ ИМА ЗАДОЛЖИТЕЛНО АНГАЖИРАН ЕДЕН РОМСКИ СОВЕТНИК ЗА РОМСКИ ПРАШАЊА СО ЈАСЕН МАНДАТ, НАДЛЕЖНОСТИ И ОДГОВОРНОСТИ”
Ова да не е проект, да не е донација или пак некоја партиска функција туку законска обврска на сите општини. Овој советник треба да биде платен и институционално признаен, да биде врска мегу ромската заедница и општината, да ги следи реалните проблеми домување, документи,образование, здравство вработување инфраструктура и да предлага решенија а не само да констатира проблеми.

Главен фактор за оваа идеа стане реалност се две клучни ромски политичари кои едниот е заменик министер за локална самоуправа другиот е министер за интеграција и имплементација на Стратегијата/Декадата за инклузија на Ромите со нивните надлежности и ингиренции кои ги имаат многу лесно и брзо можат ова да биде реалност.
Заменик министерот за локална самоуправа може да внесе посебна буџетска линија „Советници за ромски прашања во општините“ и да предложи:
• државно кофинансирање (50% држава – 50% општина),
• условување на средства со исполнување на оваа обврска.
Потоа да формира национална мрежа на општински советници, редовни координативни состаноци, заеднички извештаи и предлози.

Доколку владата и општината не финанцираат тогаш да се користи паметно средствата од министерството за интеграција и имплементација на Стратегијата/Декадата за инклузија на Ромите бидејки ова ни е многу поважно одколку да се асвалтира некоја улица во ромски населби иако знаеме дека некогаш се асвалтираат и на други места но сепак за сето ова ни треба владата да покаже добра војла и некој пратеник кој ке ја прифати идеата и ке поднесе предлог на амандман.
Ако државата навистина сака интерграција тогаш мора да прифати дека без Роми во институциите нема решенија за ромите. Време е за закон,сиситем и ромско прашање да се решава со Ромите, а не за Ромите.
Бидете Лидери без титула, така вечно ќе ве памтат!!

Aвтор:Неџмедин А.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

Aвтор:Шерафедин С.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)