Севгул А-Колумна- Но,едно знам ,,Кажи ја вистината и ако е болна”

2165

Sajdime, O Avdisutno moro hramipe (pishiniphe)kergum ole ani Makedonikani chib maj but te shaj te haloven amen savore sa okola so na pindjaren o Romano hramoviphe sar thaj drabariphe(cithinipe).
Odoleske akharava tumen miri avdisutni kolumna te chitinen ola teleder ani Makednikani chib.
👇👇👇
Со оддржување на предвремени или редовни избори ќе се смени-ли позицијата на Ромскиот народ во РСМ? Што ако и утре имаме избори, позициите се тие кои едните велат ДА ние имаме добар договор со нашата коалиција, другите велат ДА за нас е ветено дека kе ѓи имaме најдобрите високи позиции (ахх таа самабендисаност) Говорат, ако успееме во најбрз временски период да се изгласа влада ние директно од законодавна власт би им помогнале на нашата заедница. Но, занемарен е фактот дека денес постои трета страна(неопределени и др.)тие веке гласно говорат укажувајки,,Немаме доверба ни во едните па ни во другите”, дојде времето на секој еден од нас судбината да си ја има во свои раце, ЕЕЕ СЕГА ШО ПРАИМЕ?

Инаку политиките кои ги поддржувам(е)или ќе ги поддржиме во таа насока, најпрвин треба да се поставуваат некои правила што ке бидат загарантирани со денешната сеопшта состојба на Ромите,треба да се превземат сите погодни мерки за измени и модифицирања на одредени правци на нашето делување и акција. Крајно време е сите заедно да работиме на подобрувањето на општественото живеење на Ромите,уште колку треба да трае возењето на обратно насока,нели е време да се почитува задолжениот знак СТОП кога треба да застанема,СТОП за нашите индивидуални, персонални потреби и слично.

Генерално, ние како Ромска заедница ги подржуваме сите политики на оваа или на друга влада бидејќи познато е дека владите и политичарите се менлива категорија, впрочем тие секогаш укажуваат дека многу долго време работат кон унапредување на правата на сите заедници, а во спротивно Ромската заедница се уште се води како третта и најнебитна категорија од сите други заедници.
Не треба да се занемарува фактот дека со години се уште Ромите се справуваат со дискриминација,обесправноста и слично.
За жал,ние се уште сме како небитна заедница во РСМ и еве Зошто..

Ромската поддршка секогаш беше дадена за едната или другата страна,се поставува прашање колку од тие едните/друѓите им возвратија на Ромската заедница во поглед на тоа што практично покажуваа незаинтересираност за демократскиот развој на Ромите,немаше здрави и стабилни политички договарања,позизиции и учевство на добитни листи за пратеници,позиции во законодавната и извршната власт,поставување на директори, раководители,началници во полициските структури(мвр)и многу други позиции за кои со закон за правична застапеност и фамозниот балансер треба Ромската заедница да биде вклучена во сите процеси за еднакво претставување.

Застапеноста како и еднаквоста во системот на државата е битен моментум за секоја заедница (посебно за Ромската)но, се чини дека ние се уште ќе останеме само со декларативни гаранции за секое политичко делување. Се уште ние и само ние во модерно и унапредено време говориме за интеграција, повторно се поставува прашање за каква интеграција станува збор, за таа истата за која веке со години се говори,,Интеграција за Ромите,Но без Ромите”
Почитувани,живееме во период на кој можам со големо задоволство да ве потсетам дека денес Ромите во Македонија се дообразувале,имаат високи едуцирани кадри, почнувајки од академски граѓани па и до доктори, мислам дека е време Ромите да бидат вклучени во сите политички процеси за унапредување на заедницата.
За жал, се уште постои фактот дека „црниот„ народ не е еднакво почитуван и прифатен, се уште постои расизам, говор на омраза и насилство на мнозинството врз малцинството, ДА се уште се гледа преку медиумите, социјални мрежи,портали и слично.

Што и да е ќе помине,Ни илјада болни вистини нема да болат колку што може да боли една сурова лага со која денес се справува секој еден Ром.
Сосема на крај, знам за моето денешно пишување со доза на незадоволство и грижа на совест со посебен осврт на мојата заедница(ромска)одредени мои пријатели можеби? нема да се сложат! Но, едно знам ,,Кажи ја вистината и ако е болна”.

Автор м-р. Севгул А.