Да ги поддржиме оние што нè поддржаа – акција на неформална група за помош на РЕФ

2266

 

На 17-ти Ноември во просториите на Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) настана пожар. За среќа, нема повредени од настанатиот пожар, но, овој немил настан предизвика голема материјална штета која е проценета на над 50 000 евра.

Согласно на тоа, на една од најголемите Фејсбук групи, Romaversitas Macedonia Official Group, која брои над 1200 членови, корисници на стипендии од РЕФ, предложи и поттикна иницијатива за собирање на средства од сите поранешни и сегашни корисници на стипендии од РЕФ.

Беше одржана и средба, на која беше одлучено во Петок 07.12.2018 од 12 до 20 часот да се собираат донации во просториите на ЗГ ,,Ромаверзитас” (ул. 11 Октомври бр. 8/1-2, 1000 Скопје).

Донации ќе се собираат и во следниве градови:

– Штип, задолжен Јосиф Рашидовски,

– Битола, задолжен Денис Арслановски.

На средбата е одлучено:

Алумните на РЕФ коишто се вработени, да донираат минимум 10 €.

Тековните студенти да донираат минимум 2€.

За отчетна и транспарентна донаторска акција, сите донатори на средства, со име и презиме или со иницијали заедно со донираната сума (по нивно одобрување) ќе бидат јавно објавени на веб страницата на ЗГ Ромаверзитас (www.romaversitas.org.mk)

Главната порака на иницијативата е:

Да ги поддржиме оние што нè поддржаа!

За подетални информации контактирајте ги членовите на неформалната група:

Мухамед Ајваз,Елсон Илјаз,Ален Умер,Сибел Бајрам,Руфат Демиров,Семран Сулејман,Јосиф Рашидовски,Денис Арслановски,Хурија Мукаиповска,Идриз Дурмиш,Ервин Мамути.

Медиумска поддршка:romapress.mk