Меѓуетничка интеграција во основните училишта во Шуто Оризари

1697

Општината Шуто Оризари како подржувач на двете основни училиштата ,,Браќа Рамиз-Хамид“ и ,,26Јули“ е вклучена во реализирање на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието подржано од Програмата за унапредување на мултикултурализмот и меѓуетнича интеграција и толеранција при Министерството за Образование и Наука – ПМИО.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е наменет за спроведување на заеднички ученички активности во основните  училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката  интеграција и толеранцијата.

Првата заедничка воннаставна активност од овој проект беше реализирана на ден 25.04.2019 година во просториите на основното училиштеОУ“БраќаРамиз-Хамид” –Шуто Оризаринатема:  „Моја хигиена,моја одговорност “.

Координатори на активноста беа наставниците Берна Беќироска и Аземина Хурединовска, одделенски наставници на македонски јазик од ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ и наставничката Фатиме Лачи,одделенски наставник на албански јазик од ОУ„26 Јули.

Во имплементирањето на активноста беа вклучени вкупно 52 ученици од третите одделенија од двете училишта и тоа 26 ученици од македонски наставен јазик и 26 ученици од  албански наставенјазик и како и  10 родители од учениците.

Цели на активноста беа: да се развива свест за неопходноста од лична хигиена кај сите деца , да се поттикнува кон редовно практикување на хигиенски навики кои се исти за сите ученици, да се знае дека хигиенското одржување е важно за сопственото здравје, но и за здравјето на оние што се во  блиско опкружување,да се согледува дека одржувањето на основната лична хигиена е лична одговорност на секое дете и да се направи запознавање, соработка и поттикнување на другарството помеѓу учениците од двете училишта.

Hazri kerga:Roma Press