Први алармиравме за недостиг на матични лекари во Општина Шуто Оризари.

929

Први алармиравме за недостиг на матични лекари во Општина Шуто Оризари. Покренавме иницијативи, лобиравме и застапувавме до сите релевантни институции (Министерство за Здравство, Здравствен Дом, Поликлиника Чаир и др.), организиравме креативни акции, пресс конференции, користевме пријателства, лични контакти, Локална самоуправа, Градоначалник, Претседател на Совет итн итн. Чекавме дури шест конкурси да поминат за на седмиот да се јави заинтересирана и сериозна Приватна Здравствена Установа.

Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека Никоб Медикал започна со работа во просториите на Поликлиника Шуто Оризари. Сите оние кои немаат Матичен општ лекар можат да се запишат во ПЗУ Никоб Медикал.

Работното време е од 8:00 до 16:00 часот.

Како пациенти можат да се запишат и деца од школска возраст (на возраст од 6 години).

Во ова нема да можевме да успееме доколку ја немавме подршката од Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ, Локалната Самоуправа и Градоначалникот Курто Дудуш и сите партнерски оганизации.

ИРИЗ продолжува со своите активности кои служат во насока на подобрување на општествениот живот на Ромите и ромската заедница.