Maj but nasvale manusha ano dizja savende maj hari lelapes i vakcina mujal Kovid 19..

110

Ministeriumi bash sastipe informirinela  bash o vakti tar starto kovidesko brani, ko vakti tar Juli  dji ko agor  tar Avgusto, epidemiologikani analiza vakerla maj baro meriphe ano pacientoja Kovideja  isi ano dizja  savende sas maj tikoro numero  taro lende vakcine. Ano dizja Gevgelija,Kavadarci, Resen thaj ko Berovo dizjende savende lende i vakcina tar 54-61%, numero tar mule manusha e maj tikoro, posukar vakerdo po jek manus tano mulo.

Aso i dis Tetovo voj adjikerga o brani salde 19 % tar vakcinirime dizutne ano chon Juli, thaj odote sas o maj baro braniastardo tar nasvale manusha tar Kovid 19, odoleja so adale choneske lingarela o numero tar mule 106 manusha.

Министерството за здравство информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население. Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61%, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат.

Тетово, го пречека бранот само со 19% вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73, информираат од МЗ.