Сефер Јаше заменик претседател на партијата РОМ – Патот НАШ, каде води …?

1327

Jaśe Sefer, Telal presidenti tar partija ROM hramonela baś aktuelno politićko resaripe e Romengo ani Makedonija vakeribnaja ano pobuter umala,vakerindor so trubuj te kera sar zaednica te śhaj iranaja o čhalipe maškar e Roma.

Jaśe Sefer si jek tar anglune roma intelektualcija savo ano akala momentija bajrarela poro edukacijako đjandipe ani specijalizacija baś globalno ekonomija ano Harvard Univerziteto – Amerika.
Teleder drabaren ani Makrdonikani čhib..
👇👇👇

Понекогаш доаѓам до заклучок дека можеби кај нас и за нас промените асоцираат само на лошо! Моменталната состојба во која се наоѓаме како заедница, тешко може со промена да биде полоша од секој аспект (животен стандард, политичка партиципација, институционално учество итн.)

Зошто е тоа така! – Кога сите знаеме, особено сега имаме млади и надежни генерации и кога промената за нас Ромите сега треба да значи поголем успех и подобро утре од претходно. Појава и предност која за жал можеби во минатото ја немавме, а бевме многу повеќе и видливи и институционално застапени.

Но еве, сега живееме во време и простор каде демократијата е главен постулат, макар теоретски. Сега веќе и ние Ромите почнуваме да креваме глас, сега веќе и ние сме академски граѓани со организирани “движења“, невладини организации и политички партии. Сега и ние сме веќе економисти, правници, доктори, педагози….. итн итн, ама пак сме институционално невидливи и незастапени.

Но, моето клучно прашање е дали е доволен овој кренат глас? Одговорот е НЕ. Во ред, тоа е наша карактеристика, мирност, тихост и трпеливост. Но многу е лошо, можеби по реален збор е погубно кога Ром не дозволува на Ром да дојде до израз и одработува за туѓи интереси само и само заради свое лично профитерство. А нели знаењето што го поседуваме како РОМИ треба да го рефлектираме со бенефит за нашата заедница, тоа е општествена одговорност која мора и треба да ја имаме сите – НЕЛИ?

Смешно е. Сигурен сум кога се чита ова на човек му доаѓа да се смее, ама и да плаче, зашто не знае што точно се случува и што точно се сака.
Формираме организации, политички партии кои се со цел да се борат за правото и достоинството на РОМОТ, но очигледно дека тоа е само текст кој стои во статут поради регистрација, а во пракса функционираме само како фирми кои имаат за цел да направат сопствен профит, како резултат на продажбата.

До кога ова ќе трае и ќе ни случува, полека но сигурно и јавните политики со национален и меѓународен предзнак за Ромите, полека но сигурно веќе краваат раце од нас. И со право. Што и да ни се даде ние не знаеме да го искористиме адекватно за НАМЕНАТА за што ни е дадено, туку го злоупотребуваме за лични цели и интереси. Редно е да дојде и времето кога ќе ни се каже дека ви дадовме се што може да ви се даде, ама не знаевте да искористите или да се изборите како тоа треба да се искористи, доволно е.

Мора да превземеме ЧЕСНИ И ВИСТИНСКИ ПРОМЕНИ, одговорност за иднината на нашата заедница, тоа треба да ни го налага нашата интелектуална совест. Мора да ставиме крај на заканите, притисоците и условувањата спрема нас од ГОЛЕМИТЕ, со тоа што доколку не сме со нив тоа значи дека сме против нив.

Младите и сите останатите интелектуалци, го имаат знаењето, вештината, ентузијазмот за имплементација на национални политики, секој кој е со искуство од политичко делување и помагање мора на младите да гледа како можност своето искуство да го спои со современото знаење и умеење на политика, кое ќе води кон една национална кауза и успех. На таков начин ќе можеме да се надеваме на подобро утре на нас, нашите деца, внуци и сите идни ромски генерации.

Ако НИЕ не си помогнеме, не треба да очекуваме ДРУГИТЕ тоа да ни го сторат.

Рома Пресс- ЈАШЕ Сефер,државен советник за економски прашана.