Ano Tetovo agorkerdo o drom Ivo lola ribar- Muzafer B.

1289

Согласно Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, проектната активност изградба и реконструкција на дел од ул. Иво Лола Рибар во Тетово во целост е завршена.

Оваа активност поддржана од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за имплемeнтација на Стрaтегијата за Роми и Министерството за транспорт и врски е во износ од 2.820.674,00 денари од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, раздел 13001 –Министерство за транспорт и врски, програма 1 – Администрација, Подпрограма 11 – Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Проектната активност е финансирана со заеднички средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски и од буџетот на општина Тетово.

ROMA PRESS