Carovska:Konkursi bash hramovipe ano maskarutno sikhlovipe hramomo prekal i funda valanipnaski..

694

Konkursi hramovibnaske ano maskarutne sikhlovne (sredno) kherde tane prekal e  funde valanipnaske, ikherde  e socijalnikane dijalogoja maskar e sikhlovne(skole), lokalnikano korkoro buthi kheripe(komune) thaj e kompanie.

Akava si jek tar faktoja realnikano konkursi hramovibnaske maskarutne sikhlovnende. Aso dujto 97 paralelke tane ano pointezivnikane prakse  thaj pobuter prakse ano kompanie, vakerga  i Ministerka bash Obrazovanie  thaj nauka Mila Carovska.

Конкурсот за упис во средните стручни училишта е направен врз основа на потребите, утврдени во социјален дијалог меѓу училиштата, локалните самоуправи и компаниите. Тоа е едниот ефект – реален конкурс за упис во средните училишта. Вториот е дека 97 паралелки се отворени како дуални, што во превод значи дека имаме паралелка со поинтензивна праска и повеќе часови пракса во компанија, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Компаниите, посочи таа во гостувањето во „Економски магазин“ на Алсат телевизија, потпишаа со училиштата договор, за тие паралелки, и самите компании за прв пат се прикажани во конкурсот.

Точно знаете и како родител и како ученик, дека во тоа училиште, таа паралелка има интензивна пракса во одредена компанија. Тоа ви дава простор да укажете на учениците и на родителите, дека тие работодавачи се подготвени понатаму, овие ученици да ги абсорбираат во своите компании по завршување на средното образование. Правиме две можности за еден ученик, ако заврши со средно образование да има директно вработување или пак подобра стартна позиција за во високото образование, укажа Царовска.

Roma Press:lendo tar https://novatv.mk/tsarovska-konkursot-za-upis-vo-srednite-uchilishta-e-napraven-vrz-osnova-na-potrebite/