Kerlapes lafi bash o phanlo Bekim Memeti tar o Tetovo savo erati nashla tar o maj baro phanlipe ani Makedonija ko Idrizovo,aso pali bash oleste isi andi djeza(kazna) phanlipe 21 bersa thaj odova jek bash midaribe manuse thaj buthi kheripe drogaja.
Sar so vakerena e policijake informacie i cipota resarga pali iranibe e phanarde tar o hospitali ko iranipe ko Idrizovo, tadani aver vordon Audi phandela o drumo e policijako thaj tadani o phanlo Bekim lela o pistoli tar policajco (soferi) phalarela upral oleste ko vogji, tadani ov iklovela tar policijako vordon kuvela ko Audi thaj nasena tar o than.
I policija thavdela palo olesko rodipe thaj mukhlu pali oleste poternica.
👇👇👇
Беким Мемети од Тетово кој вчера побегна од најголемиот затвор во државава, затворот во Идризово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство во Мала Речица и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што соопшти МВР, вчера околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза “поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,, ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.
Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило ,,ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје.