Izveštaj tar IRIZ baš nasvale dizutne tar covid ano Šuto Orizari..

193

Vahtavi dendo tar Birađaki organizacija IRIZ – numero tar nasvale dizutne tar Avgusti đi Dekemvri 2020.

За број на заболени во Шуто Оризари за период од Август – Декември 2020 година

Здружението на граѓани „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ, Скопје, работи на територија на општина Шуто Оризари во унапредување на пристапот на лица од најранливите категории до своите здравствени, социјални и образовни права преку обезбедување на параправна помош и поддршка, информирање и едукација за остварување на своите здравствени права и права како пациенти. Во период на пандемија, како Здружение на граѓани подржани од Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ, работиме во превенција и информирање на ромската заедница согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија во спречување и ширење на заразата со COVID-19.

Со цел делување навремено и превентивно спречување на ширењето на вирусот COVID-19 во заедницата, Здружението на граѓани ,,Иницијатива за развој и инклузија на заедниците’’ од Скопје спроведе истражување за број на заболени од Ковид 19 за период Август – Декември 2020 година и ги доби следните резултати:
– За период 01 – 31 Август број на заболени лица од Ковид 19 на ниво на град Скопје изнесува 1.095 од нив 45 лица заболени во Шуто Оризари
– За период од 01 – 30 Септември на ниво на град Скопје заболени од Ковид 19 биле 1170 од нив 23 во Шуто ОРизари
– За период од 01 – 15 Октомври на ниво на град Скопје пријавени се 2259 лица заболени од Ковид 19 од нив само 11 во Шуто Оризари
– За период од 16 – 31 Октомври на ниво на град Скопје пријавени се 4738 во Шуто Оризари 49
– За период од 01 – 15 Ноември на ниво на град Скопје пријавени се вкупно 6769 заболени од Ковид 19 во Шуто Оризари 125
– Запериод од 16 – 30 Ноември на ниво на град Скопје пријавени се 6616 лица позитивни на Ковид 19 од нив 133 во Шуто Оризари
– За период 01 – 31 Декември на ниво на град Скопје пријавени се 8720 лица заболени на Ковид 19 од нив 105 во Шуто Оризари
Табеларно овие бројки може да се прикажат на следниот начин:
Период Број на заболени од К19 на ниво на град Скопје Број на заболени на ниво на Општина Шуто Оризари
01 – 30. 09 1170 23
01 – 15. 10 2259 11
16 – 31.10 4738 49
01 – 15.11 6769 125
16 – 30.11 6616 133
01 – 31.12 8720 105

Ова се податоци кои Здружението на граѓани „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ ги доби од Ј.З.У. Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија преку поднесени барања за информации од јавен каркатер.

Периодот за кој се однесуваат податоците според Министерство за здравство се однесува за втор бран од пандемијата со Ковид 19.
До Институт за јавно здравје биле поднесени и дополнителни прашања: број на лица на кои им е издадено решение за изолација, број на лица кои побарале втор тест после изолација, број на починати лица, број на лица заболени од Ковид 19 по општини.
На сите овие прашања ни беше одговорено дека тоа им претставува дополнителен ангажман и за такви обемни информации потребно е да се плати. На таквиот одговор ние побаравме ценовник со услуги, но никогаш не го добивме.