Ko uslovija tar pandemija Kovid 19 avdive ani Makedonija tavdinga edukacijako procesi..

774

Avdive pal šartoja e pandemijake Kivid 19, tar avdive oficijalno ani Makedonija tavdinga e sikhlovibasko edukacijako procesi 2020/2021.

Sasto procesi ka thavdel prekal o plano tar protokolija baś organizacie save tane kerde hazri  tar o institucie e sistemeske  thaj pomaškarutno buthi kheripe odoleja so ange paluno lafi tar sikhlovibnasko procesi te thavdel bedenija(fizićko avibnaja) numa thaj dalećinsko sikhlovipe (online), vakerga erati ani Pres Konferencija Ministeri baś Obrazovanie Mila Carovska.

Денес официјално започнува новата учебна година во Република Северна Македонија. Согласно Планот и протоколите за организација кои ги подготвија институциите на системот во меѓусебна соработка и со поддршка на бројни засегнати чинители,  наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина. Ова вчера на прес конференција го најавија министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со заменик министерот Арафат Шабани, продеканот на ФИНКИ Боро Јакимовски и координаторката за развој на Националната платформа за учење од далечина Александра Наќева Ружин.

Министерката Царовска потенцираше дека оваа година ќе биде многу поразлична од другите бидејќи, како што рече, пандемијата предзвика тектонски промени во нашите животи, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Изрази благодарност до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт и очекува соработката да продолжи и во периодот што следи.

„Верувам дека сите заедно, родители, ученици, наставници и локални власти треба да соработуваат во овој период на прилагодување на новиот начин на учење. Верувам дека и покрај предизвиците и проблемите со кои се соочуваме овие денови, ќе имаме успешна учебна година, дека ќе научиме нови вештини и дека квалитетот на образовниот процес ќе биде на високо ниво“, рече Царовска.

Hazri kerga: Roma Press