Mreža tar Romane Birađjake organizacie..

858

Прашањето на интеграцијата на ромската заедница се уште е отворено. Проблемите со кои се соочува оваа заедница се поле на интерес на невладиниот сектор кој долги години во соработка со меѓународните организации се обудува да изнајде решенија за нив.  Ад хок акциите на поедини организации повеќе не се доволни па поради тоа 15 ромски невладини организации формираа мрежа која работи на изнаоѓање на трајни и системски решенија за интеграција на ромската заедница.

Приоритет на Мрежата се четирите главни проблеми со кои се соочува ромската заедница: дискриминацијата, лицата без документи, домувањето и правичната застапеност во рамки на вработувањето.

Претставниците на Мрежата лобираат и застапуваат за конечно и системско решение за лицата без лични документи. Решение кое треба да се најде во рамки на системот, а не во решавање на поединечни случаи.
Урбанизирање на населбите во кои доминантно население се Ромите во насока на донесување на Детални урбанистички планови за овие населби, изградба на современа инфраструктура.

Последниот проблем за кој ќе застапува Мрежата е избор на Ром/ка во Комисијата за заштита од дискриминација како орган кој треба да ги заштити сите граѓани од дискриминација.

За таа цел се сретнале со дел од новинарите во Северна Македонија за актуелизирање на овие 4 столба( приоритети) од ромската мрежа како и за поголема застапеност на ромските тематики.

ROMA PRESS