MVR puterga akharin bašh neve 600 bukarne thana ani policija

1150

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. На огласот се бараат полицајци за секторите за внатрешни работи во Скопје, Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип и Куманово како и за Регионалните центри за гранични работи – Север, Запад, Југ и Исток. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: потребна телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи односно 165 сантиметри за жени и висока лична физичка подготвеност.

Јавниот оглас е објавен денеска на веб-страницата на МВР.

Ministeriumi andrune bukenge avdive  havlarga  nevi akharin bašh kuvibe neve 600 policajcija sar bukarne ano MVR.

Ko akava nevo havlaripe  rodalpes bukarne policajcija ano dizja  ko Skopje, Strumica, Ohrid, Bitola,Tetovo, Vles, Štip thaj Kumanovo.

Dikhen uprune šartija save kandidatija valani te pheren o propoyale save ka mangen te oven kotor kothat o MVR.

Hazri kerga:Roma Press