O Instituti ROMALITIKO selaminkerela I mangin e Deputatengi incijativake baš jek Alosaribaski jekin (edinica)

161

O Institute  baš rodlaripe  thaj analiza hem politika-ROMALITICO,  Avdive iklili oficijalno havlaribnaja baš ikkerin e Deputatengi  mangin te nakhel tar Sobranie  i incijativa ki sasti Utarali Makedonija te ovel jekh Alosaribaski jekin. Daja tumen o sasto Havlaribe tar Romalitico  te drabaren ole ani Makedonikani čhib savo sas bičaldo đji ki redakcija  tar tumari jektutni Romani Media savi bešela tumensar 24 arija Roma Press..

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико ја поздравува иподдржува одлуката на пратениците за формирањето на Иницијативата за една изборна единица.

Имено, во изминатите години Ромалитико активно се залага за менување на сегашниот изборен модел и воведување на една изборна единица без изборен праг. Досега, политичкиот натпревар за глас повеќе го девалвираше гласот на помалите партии, особено на ромските политички партии кој поради географски и политички скроени изборни единици немаат еднакви и фер можности за квантитативно соединување на гласовите на ромскиот електорат, па така избраниците на ромската заедница секогаш доаѓаат од втората изборна единица (Шуто Оризарии Куманово).

Според анализите на Ромалитико на изборите во 2014 година бројот на изгубени гласови односно нераспределени во мандати за пратеници изнесуваше 87,831. Додека на изборите во 2016 година број на изгубени гласови изнесуваше 94,503. Најмногу изгубени гласови имаше во првата изборна единица, а најмалку во шестата изборна единица. Најголем дел од овие изгубени гласови се гласови на помалите политички партии кој со промена на сегашниот модел во една изборна единица без изборен праг би значело 8 до 11 пратенички мандати на помалите политички партии 1 .

Очекуваме дека поголемите политичките партии ќе го прифатат предлогот за една територијална единица без изборен праг кој ќе овозможи подемократски амбиент и праведна изборна трка која ќе понуди квалитет и квантитет.

Ромалитико ја застапува идејата за една изборна единица без изборен праг бидејќи воведување на изборен праг ќе биде повторно на штета на помалите партии и тогаш се губи целисходноста на воведувањето на една изборна единица, бидејќи помалите партии нема да може самостојно да се натпреваруваат на избори и на тој начин ќе бидат зависни да коалицираат со поголемите политички партии.

Во ваков случај, би било подобро да остане сегашниот изборен модел отколку една изборна единица со изборен праг. Сметаме дека една изборна единица без изборен праг е решение кое што ќе понуди еднакви можности на помалите партии да партиципираат во изборните процеси во државата.

Hazri kerga: Nedmedin A.-Roma Press