O Ministeri baś andrune bukija avdive ani vizita ko hospitalizirime policajcoja..

1099

Javinako o Ministeri baš andrune bukija ani RSM Oliver Spasovski gelo ani vizita ko policijake bukarne save hospitalizirime tar o eratutno incidenti savo eskaliringa maškar e demonstrantoja thaj policijake bukarne.

O Spasovski adelatinela e dejbe zorija upral bukarne tar policija kaskiri buti thani te araken o sansari thaj o arakhipe e manušengo.

Numa hem ko poro anav thaj e ministeriumesko bičalela baro sajdipe baš o takati e bukarnengoro sar heroija savi aćhile ko arakipe e institicienge.
Ano jek o Spasovski informiringa bašh 47 khuvde policajcoja, olendar 11 pophare aso duj lingarenapes poserioznikane sastionaskere ikeripnaja.

Утрово Оливер Спасовски – Министер за Внатрешни работи во РСМ ги посети како што укажа храбрите припадници на македонската полиција кои што беа повредени при извршување на службени дејствија на вчерашниот јавен собир пред Владата, МНР и пред Собранието.

Најостро го осудувам насилството врз полициските службеници чија должност е да ја одржуваат безбедноста. Притоа, во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување.

Во оваа прилика би сакал да ја информирам јавноста дека повредени се 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега, информира Спасовски.

Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, нема ниту еден повреден граѓанин, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

Благодарност до граѓаните кои дадоа поддршка за МВР и полициските службеници кои стоеја во одбраната на безбедноста, како и до медиумите за објективното информирање.