Prezentirimo o Akciono plani baš laćharipe o đjivdipe e Romengo ani Makedonija..

598

Ano khedipe Makedonijako avdive  ikergapes bukarni kedin maśkar Interpartisko parlamentareski kupa bašh ikheripe e Romengo, inkluzijq sar thaj integracija e Romengi ani Makedonija, baš kaste koordinatorka Ljatifa Śikovska  prezentiringa o Akciono plani  2021/2022 berś.

Teleder daja tumen śajipe sasto vahtavi te drabaren ole ani Makedonikani ćhib..

Во Собранието денеска се одржа работна средба на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Македонија, на која координаторката Љатифе Шиковска го презентираше акциониот план за 2021/22 година. Планот предвидува системски решенија за подобрување на условите и правата на Ромите и нивна интеграција во општетството.

Целта на овој акционен план е претставување на проблемите и потребите на ромската заедница во Собраниските комисии и оставрување на дебати за прашањата поврзани со Ромите во државата.

Според планот, предвидени се шест активности. Првата активност, како што посочи денеска Шиковска, се средби и состаноци на членовите на оваа интерпарламентарната група.

Координаторката појасни дека средбите ќе се организираат секои три месеци, на секоја средба ќе биде разгледувана по една актуелна тема со која се соочува ромската заедница, заклучоците од средбата ќе имаат за цел да предизвикат иницијативи за системски и трајни решенија во општеството за интергација на Ромите.

Втората активност се локални посети на единиците на локална самоуправа, општините и заедниците на Роми.

Исто така, планот предвидува и меѓународни посети и размена на искуства и знаења за интеграција на ромската заедница во општеството, но и родова еднаквост на жената ромка преку економско зајакнување и нејзина еднаква партиципација во општеството.

На крајот, предвидени се и квартални извештаи од работата на интерпалманетарната група, и нивно доставување до сите засегнати страни вклучително и на меѓународни организации, дипломатски претставништа и Владата на РСМ.

Шиковска посочи дека друга важна активност би се однесувала на состојбата на Ромите во однос на нивното домување.

-Ќе се дебатира во однос на состојбата на домување на ромската заедница, на дебатите ќе бидат поканети претставници од Владата, МТСП, и Министерство за траснпорт и врски. Сметам дека домувањето е една од нашите приоритетни теми и проблеми која ја засега ромската заедница, посочи Шиковска.

Следната активност во делот на акциониот план е состојба со децата без документи и нивната интеграција во општеството.

-Ние сме сведоци дека постојат лица без лична документација, и тие се засегнати од овој проблем, од кои повеќето за жал се деца. Веројатно имате слушнато за трагичниот настан во Шуто Оризари каде младо момче почина и на некој начинмомчето е родено без идентитет и почина без идентитет. Ќе треба да се занимаваме посериозно со оваа проблематика, додаде Шиковска.

Како следен приоритет е ставено вработувањето на Ромите во државната и јавната администрација. На седницата ќе се дебатира за состојбите со вработувањето на Ромите во државата и јавната администарција, ќе бидат поканети претставници од Владата и Агенцијата за администрација.

Следната активност предвидена во акцискиот план се локални посети на единиците односно општините каде што во позначителен број живеат Ромите.

-Предвидено е да се посетат одредени општини, каде што целта е да се разбуди свеста и сензитивноста кај пратениците дека реалната слика е токму на терен и врз основа на таа слика сите заедно да придонесеме истата да ја менуваме преку системски промени и секако поддршка, појасни Шиковска.

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната работна средба во Собранието го поздрави овој план и потенцира дека е неопходно истиот да се реазизира во потполност.

– Сакам да укажам дека треба да се бориме, овој акционен план да се реализира во целост. Го поздравувам тоа да ги посетиме Ромите, да разговараме со нив на лице место од терен за нивните проблеми, што тоа ние како пратеници можеме да придонесеме за да им ги решиме проблемите. Сметам дека тука сите ние припаѓаме на една идеологија, една цел, без разлика што не има од различни политички партии, а тоа е сите сме тука да го акцентираме проблемот кој што нашите сограѓани Роми го имаат во општетсвото и секојдневието, додаде Стојаноски.

Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека е значајно што овој план ги допира економско образовно и здравственото зајакнување на ромската заеднциата.

-За економско, покрај жените значајно е да говориме и за младите деца. Во однос на образованието, мора да овозможиме тоа да е пристапно за сите, и на сите населени места, во сите рурални средини без оглед која група живее таму. И здравството за мене е многу значајано. Знам дека постигнавме мал напредок во Шуто Оризари во однос на здравствената заштита на жените Ромки, но кога зборувам за здравствена заштита зборувам и за цело население. Ова се основни постулати на една земја, основни права кои секој граѓанин треба да ги има, за да имаме една нормална држава, рече Петрушевска.

Roma Press- lendo M.makpress.mk