Reakcija tar Presidenti e themako Pendarovski bičaldi đji ko Roma Press..

851

Akava kurko o timi tar Roma Press kergam reakcija phanle e informacijaja tar Presidenti Pendarovski savo denga pomiluvane phanle manušen,numa amenge thaj e Romenge na sine halovibnaske sostar ani sakoja lista tar Presidenti na araklagovela thaj Rom.

Teleder daja tumen i rwakcija bičaldi tar kabineti presidentesko đji ko Roma Press..
Одговор од Кабинетот на претседателот по повод одлуката за помилување на осудени лица
👇👇👇

Почитувани,
Одговор од Кабинетот на претседателот по повод одлуката за помилување на осудени лица од страна на претседателот Стево Пендаровски, ве информираме за следново:

Помилувањата како институт се еден од основните уставни надлежности на претседателот.

Постојат два вида на помилување, и тоа:
– Редовни, односно кога лица и граѓани на земјава индивидуално испраќаат Молби за помилување до Министерството за правда, кои потоа се доставуваат до Кабинетот на претседателот, односно Комисијата за помилување која детално ги разгледува и потоа му доставува предлози на претседателот.
– Групните помилувања се втора категорија и за нив постапката се одвива двапати годишно, за 2 Август – Илинден, и новогодишните празници. За групните помилувања, предлозите до Министерство за правда пристигнуваат од казнено-поправните домови, а не по индивидуални барања на лицата кои отслужуваат казна.

Потоа, исто како и за редовните, предлозите ги доставува Министерството за правда до Комисијата за помилување на претседателот, којашто доставува мислење до претседателот поединечно за секој од случаите. Претседателот согласно своите уставни надлежности ја носи конечната одлука.
Основните предуслови за едно лице да биде помилувано, се во насока на добро поведение, да покажал каење за стореното дело, да почне со отслужување на казната, да не станува збор за повторник или лице кое има повеќе дела за кои треба да одговара и во иднина. Потенцираме дека за одредени кривични дела не е возможно да се бара помилување. Секој случај се разгледува поединечно. Во однос на предметите опфатени со последната одлука за помилување на осудени лица, Комисијата за помилување даде позитивен предлог.

Лицето Абдуљфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса.
Александар Петровски, потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор, бидејќи станува збор за граѓанин со тешка и животнозагрозувачка здравствена состојба. Не станува збор за повратник од странски боишта.

Помилувањето е институт кој има корективна функција. Дејствата кои ги предизвикува помилувањето се овозможување и забрзување на ресоцијализацијата на осудените лица а со тоа и остварувањето на целите на казнувањето и извршувањето на казната.

Претседателот Пендаровски, во текот на неговиот мандат потполни помилувања има дадено само во ситуации кога граѓаните кои ги бараат се во животнозагрозувачка здравствена состојба.

Потенцираме дека, претседателот Пендаровски најчесто дава делумни помилувања односно 3 – 8 месеци, и тоа во случаи кога граѓаните кои бараат помилување имаат за отслужување уште неколку години од казната, и кога во нивните случаи биле исполнети горенаведените предуслови.

Roma Press- Kabinet na Pretsedatel na RSM Stevo Pendarovski.