Romane Birađake Organizacie bičavena reakcija baš policijako brutalnost palpale ani Bitola upral e Roma..

685

Policijako brutalnost, selektivnost  pristrasnost thaj naprofesionalizmo valani te ćhinavelpes! Nevi ćipota tar marde thaj dejbe bari zor upral Roma.tar Bitola.

Akaja ćipota adelatinelapes tar Birađakere organizacie Z.G MIR, IRIZ,ADDR SONCE thaj RRC- Skopje, thaj rodena maj sig te araklepes akava slučaj thaj sigo e došale te iklon anglal adelatesko proces, thaj maj paluno vakti rodelapes akava pobuter te na resarel e Romencar ani Bitola, vakerlapes ko Havlaribe bićaldo đji ki redakcija tar Roma Press.

Полициската бруталност, селективност, пристрасност и непрофесионализам мора да запре! Нов случај на тепани и малтетирани Роми во Битола.

Здружението на правници Роми, ЗГ МИР, ИРИЗ, АДДР СОНЦЕ и РРЦ СКОПЈЕ, нај остро го осудуваат секое пречекоривање на полициско овластување, малтетирање и тепање на граѓани.

Упатуваме апел до сите надлежни институции и тела при Министрството за Внатрешни работи на Република Северна Македонија да преземе соодветни чекори и се расветли новиот случај во Битола, каде е повредена мајка на лице лишано од слобода и постапено нехумано од страна на полициски службеници.

Бараме брза реакција и расчистување на овој случај.

Имено, младо лице за време на пауза, ручал на улица и не носел маска во тој момент. Полициски службеник му пристапил да го легитимира заради тоа што не носел маска на отворено да го казни. Младото момче од Ромска националност ниту носел маска (затоа што и не треба, а и не ме возможно ако јадел во исто време и маска да носи, ниту имал со себе лична карта, бидејќи сите работи му биле на работно место што било 200 м од местот каде што е легитимирано).

Момчето и покрај сите објаснувања каде му е личната карта и зашто надвор руча, било приведени поради не носење лична карта но и неговата мајка која што дошла да види што се случува. Настанала гужва и објаснување каде приведените Роми во полициското комбе биле физички нападнати од страна на полициски службеник според кажувањето на жртвите и омаловажувани и навредувани на етничка основа. Со оглед на лошата здравствена состојба на жената – мајка на момчето (хроночно болна жена со асма) морала да интервенира и брзата помош по неколку минутно молење од страна на синот на жената, бидејќи почнала да се гуши без соодветната пупа која редовно ја користела.

Сопругот на жената, татко на момчето три пати се обидел овој случај да го пријави во соодветното одделение во полициската станица, но немало кој да го прими!?

Реакција е потребна веднаш! Реорганизација и чистење на СВР Битола веднаш, врз основа на соодветна проценка и објективна анализа на структурите и човечките ресурси!
Секоја форма на насилство која ќе биде потврдена како таква да биде соодветно санкционирана и лицето/лицата без разлика на нивната положба и чин во службата, законски да одговараат.

Roma Press- Bičaldo havlaribe