Romaverzitas nevutne merkaja sar te iklon ko anglalipe e Romane studentenge

651

Romaverzitas nevutne merkaja sar iklovipe ano anglalipe e bilače nasvalipnaja tar Kovid 19, havlarela sa e studentenge tar proektenge finansiribe tar REF thaj EU, ka lingaren direktna dajatve(merke)sar te resarelpes đi o dejbe dumo e Romane kedinake, lovenge ikheripnaja tar 1.429.629 den ja palem pošukar vakerdo 23283 eur.

Ромаверзитас во прилог на ублажување на кризата предизвикана од Ковид – 19 во рамките на постоечките проекти финансирани од Ромскиот едукативен фонд и ЕУ, ќе спроведува и директни мерки и активности за помош на ромската заедница, во вкупен износ од 1.429.629 ден или 23283 евра.

Здружението на граѓани Ромаверзитас, ќе подржи 41 средношколец од ромските домаќинства ширум градовите за вклучување во работни пракси во траење од три месеци. Секој вклучен средношколец во рамките на едно ромско семејство во период од 3 месеци ќе добие месечен надоместок од 3000 ден за вклучување во онлајн работна пракса – “Работа за заедницата” во рамките на Call Центарот во Ромаверзитас.

Ќе подржиме 6 студенти од ромските домаќинства ширум градовите за вклучување во работни пракси во траење од три месеци и стручен тим од 3 доктори-ромски алумни, за вклучување во онлајн работна пракса – “Работа за заедницата”. Секој вклучен студент во рамките на едно ромско семејство во период од 3 месеци ќе добие месечен надоместок од 6000 ден за вклучување во работната пракса.

Во насока на подршка на процесот на образование во овие кризни услови ќе подржи :
онлајн крусеви за компјутери за средношколци и студенти,
онлајн курсеви за англиски јазик за студенти
онлајн менторство за студенти во прва година
врсничко менторство од студенти или дипломирани Роми за средношколци – матуранти,
туторство за поуспешно совладување на испитниот материјал
и онлајн туторство за поуспешно полагање на матурата за средношколци
формирање на онлајн платформа и преставништво од Студенти кои што во овие услови ќе одлучуваат за потребната подршка којашто е потребна за студенската и средношколска заедница на Ромаверзитас.

Roma Press- lendo Romaverzitas