Srdzan Amet – SOSKE NA!

2632

“Соске на”!

2005то лето Господово, група млади Роми, ентузијасти, желни за успеси и грабање напред, од 100 пријавени, само 20, меѓу кој и мојата маленкост во Охрид. Во организација на ЦИРа, обука за обучувачи. Тренер Марио (не ми текнува на презимето) од Штип. Тренериште од висок ранг, еден од ретките во тоа време, а богами и денес истото важи… тераме ТоТ и во еден момент, негде заглавивме во вежбите… тишина и зјапаме. Марио станува и вели; “ Е што биде, со гледање у јајца колеги торта не бидуе” … тогаш смешно, но денес на место! Е не се менува маинстрим политика преку едни исти луѓе, со една иста идеологија, не се менува наратив преку очите на лидерот на коалициониот партнер и финално не се прави торта со гледање во јајцата!

Една шака народ без рака

Во дражавата согласно последниот попис, Ромите се од прилика +\- 55,000 од 2М народ. 55,000 преставени преку 20 политички партии, 10 само прогласени лидери и неколку сулатни (исто така само прогласени, нормално) и уште по нормално, 20,000 хјетери кои мрчат на нет или на улица без ништо конкретни да направат во врска со тоа или другото што треба да биде. И кај сме денес? Денес сме на facebook, чекаме функции и исполнување на ветувања дадени на салфетка од кафана. Политичка идеологија на ромскиот политички блог (опозиција и позиција) е сведена на “мижи Митро тулуби пачаат”. Тулби и стварно паѓале и ќе паѓаат но во неколку усти, а кај 54,900 Роми… ќе останат со празни… соске на.

Структура – “Лепа Брена за три особе”

Нема ништо лошо а, не и ни прекршок да постои Ромска политичка партија, но се губи суштината а и самата ваква форма го крати дискусот и фокусот на делување. Ваквите форми на чисто етнички партии постоеле во некое друго време со интенција да владеат со Светот. Во едно декомкратко општество да формираш, учествуваш или деливаш од политичка партија која што е етнички чиста е чиста лудост… соске на

Од друга страна тие веќе што постојат, некако ми се губат во структурата на самата партија. Лидерите не им се менуваат, некој не може да размислува поинаку од лидерот на партијата, по евентуален политички пораз не постои одговорност во/на лидерот, напротив си дава засилена поддршка сам на себе за да продолжи понатаму и жените се застапени 1%

Идеологијата на ромските политички партии се осврнува на тоа колку функции ќе добијат, а не какви функции ќе добијат за да креираат промени во интерес на својот Ромски електорат. Инидкатор за успешност и креирање подобро утре за Ромите е бројот на пратеничките места (што фала богу ѓи немаме), министерско место и дирекотор на некоја Агенција. Да не се разбереме погрешно, нормално се креираат промени од ваквите позиции и треба да бидеме присутни, но треба за тоа да бидеме кадарни и способни, не само сипатични и Роми 🙂 Е со гледање у јајца торта не бидуе.

Село гори, баба се чеша

20,000 хејтери ги шинаа Ромските политичари колку се неспосбни, а од тие 20,000 само 2,000 излегоа да учестуваат во креирање на својата состојба. Од друга страна пак, овие од политиката абер немаат да ја уклучат етиката и моралот, барем да свикаат конгрес за самооценување 🙂 … чекаат, трошките од софрата да ги соберат. 20,000 хејтаат, они на facebook, проза и поезија пишуваат. 2,000 мрчат што гласаа, они толумби им продаваат. Оние пак од опозицијата… тие како колетерална штета се осеќаат. Што чуден народ ќе бевме ама… соске на

Panta Rhei

Кај сме сега… на facebook. Во извршна власт за сега сигурно не сме 🙂 Ќе не биде само ако:
1. Разбереме дека концептот на етничко чисто политикаство е погрешно и многу опасно, без прогресивен развој на Ромската заедница
2. Да научиме дека Албанскиот политички блог е јак и влијателен, без неговата поддршка нашиот развој е условен.
3. Македонскиот политички блог е диверзитетен, се коалицира согласно политичката матрица и идеологија на блискост, а не поради бројот на функции кој ќе се пазарат
4. Партијата не е семеен бизнис, туку форма на здружување на повеќе граѓани со исти или слични идеолошки размислување и политики за креирање промени за свој интерес и поширокиот јавен интерес, а не согласно удобноста на столчето каде што ќе се добие
5. Колективниот интерес и добробит на поголемиот број на граѓани не се условува со индивидуланите апетите и личната, и едиствена перцепција на лидерот на ПП
6. Жените се еднакви со мажите во било која политичка смисла
7. Се тече и се, сѐ менува

Соске на!

Roma Press- Hramonela(piśinela) Srdzan A.