Avdive thavdela o popišuviba ano ulavde kategorie tar manuša te śhaj resarelapes polačho astaripe tar kvaliteti dočhive tar podatokoja ano ulavde kategorie tar dizutne.
Tar 01 đi 15 marti, Raštrakoro zavod baš statistika ka lingarel sa e popiśuviba ano nekobor kategorie, dikhen teleder e linkoja save si čhivde.
Денес започнува попишувањето на одделни категории на лица за да се обезбеди подобар опфат и квалитет на податоците за одделни категории население.
Во периодот од 1 до 15 март, Државниот завод за статистика ќе спроведе попишување на следниве категории на лица:
Лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Северна Македонија, во државата или во странство
Лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови
Лицата на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства што престојуваат заедно со нив
Лицата бездомници
Од 1 март до 21 април ќе се спроведе и самопопишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во странство, преку апликацијата за самопопишување која од денес е достапна на следниве линкови:
www.stat.gov.mk
https://popis2021.stat.gov.mk
https://census.stat.gov.mk
Ги покануваме медиумите да бидат дел од овој процес на претходно попишување со цел навремено и соодветно информирање на граѓаните, велат од Државен заводо за статистика.