Trubul-li Romane NVO sektorija te khuven ani politikani scena..

989

Само иницијативата на ромската НВО „Аваја„ за номинирање на ромски кандидат за советник во кабинетот на председателот на Р.С.Македонија Стево Пендаровски е за поздравување. Ова иницијатива која според мене може да биде притисок врз председателот, но и врз владејачката СДСМ, за не реализираните ветувања од пред председателските избори , дадени о кандидатот Пендаровски за вклучување на советник во неговиот кабинет од ромската заедница.

Грото од овие номинирани лица се со високо образование, работно искуство во НВО секторот, добри оратори, проектанти кои заслужуват место таму каде се креира ромскиот социален политички и економски живот.

Во првите петмина номинирани беа Акиф Романо Авази,еден од оснивачите на НВО „Аваја„ доктор по професија, кој своето професионално занимање го остави , за да се приклучи кон ромските НВО со намера дирекно да биде инволвиран во пронаѓање на начини и стратегија во решавањето на ромското прашање и проблемите со кои се суочува ромската заедница во Македонија.

Во ова листа на номинации која доби приближно високи гласови била и Сали Сенада од ЕРРЦ Будимпешта, правник и адвокат, која неуморно се бори за правата на Ромите, застапувајки ги правно тие кои имат правни проблеми.

Овие двајца кандидати не ја прифатија кандидатурата за советник.

По завршувањето на процесот на номинирање се организираше гласање кое траеше еден ден и имаше за цел да избере 5 лица кои ќе освојат најмногу гласови и со нивна согласност нивните кратки биографии (CV) да бидат испратени до Кабинетот на Претседателот.

Најмногу гласови од селектираните петмина добим долгогодишната ромска активистка Фикрија Таир, магистер по јавни политики при Централниоевропскиот Универзитет-(ЦЕУ) во Будимпешта Р.Унгарија, и дипломиран финансиски менаџер на Економкиот факултет при Универзитетот СВ.Кирил и Методиј во Скопје.

Претходно, Фикрија беше дел од ЕУ- пилот проектот “Градење на капацитетот на ромското граѓанско општество и зајакнување на неговата вклученост во мониторингот на Националните стратегии за интеграција на Ромите“ кој го спроведува Истражувачкиот Центар за Јавни политики при Централноевропскиот универзитет (Center for Policy Studies-CPS), во Будимпешта Р. Унгарија, финансиран од Европската комисија. Исто така, Фикрија беше помлада истражувачка во Институтот за Европска Политика во Скопје како дел од програмата на Open Society Foundation (OSF), “Making the most of EU funds for Roma”. Понатаму, Фикрија беше практикант во Народната банка на РМ во секторот за Внатрешна ревизија, има работено на проекти имплементирани од страна на Рoмскиот Ресурсен Центар, Националниот Демократски Институт во Скопје, Бизнис Конфедерацијата на Македонија. Исто така, претходно има работено и на проекти поврзани со иновативно и претприемачко учење, транспарентност и отчетност за буџетско известување, образование, организирање на заедницата и проекти поврзани со Ромки и други активности и настани поврзани со ромската етничка заедница. Моментално, Фикрија е дел од извршниот тим на Ромаверзитас и ја врши функцијата проектен координатор.

За ова фотеља , веќе се шпекулира со двајца кандидати, едниот е пратеникот Самка Ибраимовски, а другиот е некој за кого првпат слушам некој си Музафер.

За Ибраимовски сум сигурен дека нема да го напушти пратеничкото место, единтвено поради тоа што досега ова негово пратеничко место, му овозможувало и овозможува јавно да стане во одбрана на ромската заедница што се покажа, и покажува во времето кога бил опозиционер и сега како позиционер.

Дел од познавачите на ромската политика, веќе се изјаснија дека ова инцијатива е залудна,ништожна, дека со овој проект се мерат нивните рејтинзи. Како штоп велат овој проект е инектиран од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос, дека е само параван за персонални интереси, и можност на ромскиот НВО да почне да делува на политичката сцена.

Јас би се согласувал со ова последново, време е да овие високо образовани ромски интелектуални кадри, ја испуштат раката од фустанот на НВО и ирекно да бидат вклучени во креирањето на ромките политики.

Генерално ромските политички лидери од кои дел се таканаречени фамилијарни ромски партии, засега беа само неми пиони,со криминален багаж, со кој се уценувани од владејачките политички партии.

Многумина се сомневат дека владејачката СДСМ и председателот на Р.С Македонија Стево Пендаровски ке ја прифататова иницијативата, и ке изберат советник од листата на номинираните на „Аваја„.

Доколку, и се избере советник во кабинетот на председателот Пендаровски преку политичка одлука, тоа ке биде индикатор,дека и ова власт како и предходните, ромската заедница им служи само како политички декор и изборна гласачка машинерија .

Промената на ромскиот живот во сите сфери на општеството е базиран на ромскиот политички субјект, кој за жал во Македонија е „mission impossible„ поради горе наведеното, но и улогата која треба да ја прењме дражвата употребувајкиги своите Државни Институции, кои исто така бареч засега покажаа дека се и глуви и слепи кога се работи за ромските прашања.

Ако не сум во право, тогаш нека ме поправи СДСМ и предсесателот Пендаровски, со тоа што советникот во неговиот кабинет нема да биде избран со политичка одлука, туку со избор на квалитетно образована личност со искуство, како што е именуваната во овој текст Фикрија Таир.

Ромите имат високо образован кадар, дел од нив се обидуваа преку политички парти да делуват и почагат на својата заедница, но безупсешно поради ромските лидери кои својата лидерска отења ја чуват како зеница на своето око, небаре нивната фотеља е породилна врвка.

Рома Пресс -Храмоме тхар Мозес Соломон ( Мухаџер Сулејман)