Колумна-Може ли да се случи промена во еден миг?

3343

Па да…

Ковид 19 покажа дека таа промена во светот може да се случи токму во еден МИГ. Да го промени нашиот живот, нашите животни цели и планови, начинот на кој што работиме, и делуваме.

Целта на овој натпис е да ги пренесе неколкуте факти од невронауката за да може истите да ги анализирате или асоцираат со она што во дадениот момент ви лежи во душата и ви стои во срцето. Вие да го поврзете изнесеното со предизвиците, информациите, лажните вести, промените, болката и задоволствата кои што Ви ги носи денот од секој можен аспект – лубов, економија, политика, култура, цивилен сектор, наука и тнт .

– Болка и задоволство како нужен предуслов за промена – (Невронаука)

Сите промени се создаваат во еден момент! Се работи само за тоа што повеќето од нас чекаат да се случат некои работи пред конечно да одлучат да направат промена. Зашто се случува повеќето луѓе да мислат дека промената бара многу долго време? Една причина очигледно е дека повеќето луѓе се имале обидувано повторно и повторно со силата на вољата да направат промени и не успеале. Или можеби поверојатно е дека се е базирано на нашите верувања дека за да закрепнете од болка треба да помине долго време и можеби затоа не веруваме во промени кои што се создаваат во еден момент. Но друг момент кој што треба да запомниме е дека несомнено болката и задоволството ги обликуваат сите наши однесувања, а таа болка и тоа задоволство можат да ги променат нашите однесувања. Условувањето како нужен предуслов за промена бара од нас да разбереме како да користиме болка и задоволство. Се што треба да разбереме е како да го условиме нашиот нервен систем да асоцира задоволство со оние работи кон кои сакате постојано да напредувате и болка со оние работи што треба доследно да ги избегнувате без постојан напор или сила на вољата.

-Работите не се менуваат ние се менуваме –

Моќта на нашиот мозок е всушност она што ја прави разликата. Не е разликата во тоа кој, колку знае или кој што направил него разликата е во однос на начинот на кој што го користиме нашиот ум. Ние сме создадени по слика и прилика на нашиот Создател како слободни индивидуи, но ако не го употребуваме умот како што треба тогаш стануваме робови каде што оние кои што немаат Визија работат за оние кои што имаат..

Следствено на ова како нашите студенти, алумни и нашата интелигенција ќе го користи својот ум така ќе се направи и разликата која што сакаме да ја видиме во сите сфери на живеење – политика, активизам , граѓански сектор, институции, интернационала и тнт.

Нашиот мозок со нетрпение ја чека секоја ваша команда подготвен да ја изврши што и да побарате од него. Се што му е потребно е мало количество гориво кислород и гликоза . Ако е така зашто не можеме да се наведеме себеси да се чувствуваме постојано среќни и радосни секој ден во животот ? Можеме ! Секој од нас го има на сопствено располагање најневеројатниот компјутер на планетава (нашиот мозок) но за жал никој не ни дал прирачник за користење.

Секогаш кога ќе доживееме значително количество на болка или задоволство нашиот мозок ја бара причината и ја запишува но вашиот нервен систем за да ни овозможи да донесеме подобри одлуки за тоа што да правиме во иднина. Секогаш кога ќе почуствувате значителни количества на болка или задоволство вашиот мозок веднаш ја бара причината, користејќи три критериуми

1.Мозокот бара нешто што изгледа уникатно. За да се стесни изборот на можните причини, мозокот се обидува да најде нешто што е необично за околностите.

2.Вашиот мозок бара нешто што изгледа дека се случува истовремено. Она што се случува во моментот на интензивно задоволство или на интензивна болка е веројатно причината за тоа чувство ?

3.Вашиот мозок бара конзистентност. Ако чувствувате болка или задоволство вашиот мозок веднаш почнува да забележува што околу вас е уникатно и се случува истовремено и притоа ако изгледа дека тоа е и конзистентно секогаш кога ќе ја почувствувате таа болка или тоа задоволство тогаш може да бидете сигурни дека Вашиот мозок ќе утврди дека тоа е причината.

Кога одлучувате што да правите ако вашиот мозок нема јасен сигнал за она што е еднакво на болка и за она што е еднакво на задоволство тој се преоптоварува и станува збунет. Кога на мозокот ќе му дадете мешани пораки ќе добиете мешани резултати. Замислете го процесот на донесување на одлуки на вашиот мозок како вага : Ако го направам ова дали тоа би значело болка или задоволство . И не се работи само за бројот на фактори на секоја страна од вагата туку и за тежината што тие индивидуално ја носат.

Асоцирајте задоволство со оние работи кон кои што сакате постојано да напредувате ( да прочитате некоја книга, да го положите испитот, да ја изработите тезата, да се грижите за вашето здравје и за здравјето на вашите блиски, придонесувајте во колективот или во заедницата низ некој од начините кои што најмногу, активизам, разбирање на контекстот, разграничувајте го доброто од лошото, добрите ликови од лошите, Визионерите кои што мислат за целината од ситните души кои што не гледаат подалеку од својот нос, лесно превртивите кои што целото пријателство ќе го сведат само на личен успех и просперитет од стабилните, пријателите од непријателите , интересите од идеите и тнт).

Донесете подобри одлуки, затоа што промените може да се случат во еден МИГ !

Инспирација и белешки користени и од книгата на Тони Робинс – Разбудете го џинот во себе.

Roma Press- https://www.romaversitas.org.mk/index.php/romaindex-activism/2020-02-14-10-59-47/503-2020-05-30-07-51-59?fbclid=IwAR2dvPchIXFfnbOv1IKsM5LZtcwujZsFk0dsR4AXycdIJjF1SDdk5nrxtA4