Севѓул А.КОЛУМНА- Кој профитира од нашата немоќ?

783

Sajdime, Avdisutno moro hramipe (pishinipe) thavdela baś i aktuelno politikani sostojba e Romengiri ki Makedonija. Sebepi so pohari resaraja ko alosaribe numa,ćhivelapes o pućhipe sikhlilem-li diso taro o nakhle alosaribe? Trubuj-li diso te menina ki amende te śaj sikavaja politicko zrelost ki politicko scena.
👇👇👇

Политичката состојба на Ромите во Македонија и натаму останува загрижувачка,нема промена.
Имено,формално постојат стратегии за инклузија, интеграција и еднакви права, на терен реалноста е сосема поинаква и многу загрижувачка. Неколку мои објави говорам јавно за Системска дискриминација, сиромаштијата, ниската застапеност во институциите и партиската манипулација со гласовите на Ромите се секојдневие кое ретко добива медиумско внимание или институционален одговор. И понатаму се што говориме останува само на пишаното, и на познатата реторика ЌЕ БИДЕ?

Никој не говори за фактичката и загрижувачката состојба со Ромите во источна Македонија, каде што Ромите се бројно застапени, секој изборен циклус се претвора во пазар за гласови. Луѓето често се доведени во ситуација да гласаат не од идеолошка припадност туку обратно,од социјален притисок и економска уцена(подкупување на глас). Овој вид политичко пазарење ги задушува вистинските политички лидери од ромската заедница и создава клиентелистички однос(декоративни),каде што владее страв и зависност.

Инаку, кога говориме за Шуто Оризари – како единствената општина со ромско мнозинство, истата со години служи како пример за тоа како „големите“ партии ја користат тактиката „Раздели па владеј“. Наместо да се поддржи еден заеднички кандидат, со цел јакнење на ромскиот политички капацитет, јас уште сега наидувам на разно/разни информации каде се промовираат поделби, фракции и вештачки создадени конфликти, каде со истите владеат големите брака од позиција или опозиција. Но, сепак на крај единствените губитници се самите граѓани/Роми.

Имено,злоупотребата на ромските гласачи не е само морален,туку и институционален проблем. Иако често се зборува за слободни избори, се поставува прашање?зошто малкумина зборуваат за слободниот избор на сиромашниот Ром. Кога еден глас се купува со пакет храна или слично, тој глас престанува да биде демократски, а станува акт на преживување и тоа само со одредени број на денови. Затоа е крајно време сите ромски политички субјети, активисти,поединци, фб.фалбаџии со политички амбиции да ги остават личните интереси на страна и да се обединат. Само со заедничка листа и единствен кандидат за градоначалник во Шуто Оризари,може да се испрати силна порака дека Ромите можат и знаат да се организираат. Единството е предуслов за политичка зрелост и промена,ако вистински се залагаме за доброто на нашата заедница.

Пораката е јасна-Ромите не бараат привилегии – тие бараат еднакви шанси. А тие шанси ќе дојдат само ако самите ја преземат контролата над својата политичка судбина. Еден кандидат за градоначалник, Една советничка листа,Една визија.
Инаку,ќе останеме таму каде што сме – бројка без глас, глас без сила.

Автор:М-р Севгул Абдула.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)