Интервју со физиотерапевтот Илија Жежов: Раната терапија е клуч за здрав развој кај децата

    120

    Sajdime ko amaro avdisutni intervju kjeraja lafi e fizioterapevteja Ilija Žeżov taro Centari bash masaza thaj ikjeribe o bedeni(telo) taro Gostivar.
    Ko akava intervju kjeraja lafi bash jek specificno nasvalipe savo resarela ko potikore ćhavore sar skolioza, thaj rodela sigo tretmani thaj sigo trubuj te kerelpes griža. Teleder o intervju ki makedonikani ćhib.
    ————
    Во нашето денешно интервју ќе разговараме со физиотерапевтот Илија Жежов од Центарот за масажа и одржување на телото „Физиотерапевт – Здравје“ од Гостивар.

    Говориме за една специфична состојба која се јавува уште во детската возраст и која бара навремено препознавање, правилен третман и континуирана грижа. Ќе дознаеме колку е важно проблемот да се третира од најрана возраст, кои се најчестите симптоми, како родителите можат да ги препознаат првите знаци и каква е улогата на физиотерапијата во подобрување на состојбата.
    👉Следете го интервјуто и дознајте стручни совети за навремена превенција и успешно лекување👇👇👇

    Р.П- Што претставува сколиозата и на која возраст најчесто се појавува кај децата?

    И.Ж. Сколиозата претставува сериозен проблем кај младите, секое трето дете скоро има или кифоза или сколиоза.
    Причините се слабата физичка активност,постојаното седење пред телефони како и неправилното држење и оптеретување на рбетниот столб.
    Затоа најважен дел е превентивниот Физиотерапевски преглед, советите од физиотерапевтот како и важната улога на рехабилитацијата во процесот на лекувањето.
    Навременото лекување како и следењето на сколиозата може навреме да се спречи и да не дојде до сериозна хируршка интервенција.

    Р.П- Кои се првите знаци што родителите можат да ги забележат дома?

    И.Ж. Најчесто едното од другото рамо има разлика во висина, но исто така и самиот рбетен столб покажува дегенеративни промени што и токму тие промени се видливи.
    Самиот рбетен столб покажува мало видливо искривување , а тука се вклучува и алармот за понатамошни и подетални испитувања околу оваа состојба.

    Р.П – Дали сколиозата кај децата е се почеста и кои се најчестите причини за нејзина појава?  

    И.Ж. Да, сколиозата често е присутна како кај децата така и кај возрасните.
    Како и што потенцирав погоре, слабата физичка активност, лошите навики за држење на рбетот се исто така ризик фактор причини но исто така и оптеретеноста на рбетниот столб со тежина ,тешките ранци како и самите дегенеративни промени кои се јавуваат на рбетниот столб.

    Р.П- Колку влијание имаат неправилното седење, тешките училишни ранци и физичката неактивност?

    И.Ж. Од здравствен аспект би кажал дека овие фактори имаат многу големо влијание, порано се повеќе децата беа надвор и беа многу повеќе физички активни , денес тие се се повеќе на телефон ,компјутер или пак во одредени лоши положби што имаат многу големо ризично влијание на здравствената состојба кај децата.

    Затоа децата треба да бидат повеќе физички активни и да се занимаваат повеќе со спортска активност и да внимаваат на своето здравје. За сето ова повеќе мотивација треба да имаат и од родителите, колку повеќе физички активности толку повеќе поздрави деца.

    Р.П- Кога родителите треба да побараат преглед кај физиотерапевт?

    И.Ж. Секако , како и што потенциравме.
    Кога ќе ги забележат првите симптоми дека едното од другото рамо се разликува ,но исто така родителите треба често да ги носат своите деца на превентивни прегледи.
    Со самиот навремен преглед и со раното откривање на проблемот резултатите ќе бидат побрзи, се процесот во лекувањето ќе даде и побрзи резултати во самата проблематика.

    Р.П- Како се поставува дијагнозата и кои прегледи се потребни? 

    И.Ж. При самиот физиотерапевтски преглед со сколиометар се гледа и јасната слика на искривувањето. Дополнително даваме мислење за РТГ или МАГНЕТ.
    Секако и прегледот и наодите заедно ќе ни обезбедат сигурен резултат во лекувањето и спроведувањето на здравствената постапка во процесот на лекувањето.

    Р.П – Дали секоја сколиоза бара третман или кај дел од децата е доволно само следење?

    И.Ж. Секако ,секоја сколиоза мора да биде соодветно и стручно третирана се со цел понатаму во животот кај детето или возрасните лице да не предизвика посериозни потешкотии со рбетот.
    Со рехабилитирачкиот процес ќе се запазат процесите на лекување а со самата физикална терапија ќе се спречи и понатамошната потреба од хируршка интервенција на рбетот.
    Затоа често говорам и велам ,колку порано се открие,следи и лекува оваа состојба толку подобро. Само со раното откривање и лекување ќе дојдеме до соодветно и стручно решение на ваквиот проблем.

    Р.П – Кои се најчестите методи на лекување – вежби, корсет или операција?

    И.Ж.Физикалната терапија има широк спектар на методи во постапката на лекувањето.
    Најважен дел и најважна улога кај ова лекување има КИНЕЗИТЕРАПИЈАТА , МЕДИЦИНСКАТА МАСАЖА ВЕЖБИТЕ, ПЛИВАЊЕТО и секако одредените фитнес вежби и изработката на корсетот.
    Секако корстет се изработува само доколку искривувањето е поголемо и посериозно.
    Кај малите степени со искривување на сколиоза следува само работната терапија и физикална терапија, додека кај посериозните искривувања освен физикалната терапија следува дополнително и корсет изработен според степенот на искривување.

    Р.П – Колку е важно сколиозата да се открие во рана фаза?

    И.Ж. Како што кажав, важен дел од здравјето на детето. Со раното откривање се спречуваат понатамошните и посериозните компликации на рбетот кај детето, како сега, така и во текот на растот па и во возраста.

    Р.П – Дали децата со сколиоза можат нормално да спортуваат и кои активности се препорачуваат?

    И.Ж. Секако, според препораките на физиотерапевтот дадени се совети за пливање, фитнес и друг вид на вежби. Сите овие насоки се дадени според индивидуалниот план и програма, преку разговорот ,прегледот и степенот на искривување кај детето.

    Р.П-Може ли сколиозата да предизвика болки или други здравствени проблеми во иднина?

    И.Ж.Сколиозата може да предизвика болка, во зависност од степенот на искривување.

    Интервјуто го спроведе Севгул Абдула-Рома Прес, а наш гостин беше д-р Илија Жежов, Центар за масажа и одржување на телото „Физиотерапевт – Здравје“, Гостивар.