RRC thaj sa e partnerska organizacie – Akava kurko havlarga đi ko Roma Press baš o Ejna Romane jerije tar Komuna Vinica ka khuven ano pere renovirime neve khera.
Akava fori e khera thane aver ćhane kerde telal laćharibe te ovelen manušikane uslovija đjivdipnaske, aso akala familie sas dizutne save đivdinena sine avrik tar normalna manušikano đjivdipe thaj paśakeribnaja tar pobuter organizacie sar thaj dumeja tar Komuna Vinica iranenapes ano pumare khera numa but po lačhe śartencar(uslovija)đjivdipnaske.
РРЦ – Укажа дека првите девет ромски семејства во општина Виница ќе се вселат во нивните домови, но овој пат во сосема поразлични и квалитетни услови од претходно.
Веќе е поставен ламинат во деветте куќи и овие семејства во секој момент можат да се сместат во нивните домови. Останува да се заврши фасадата од надворешниот дел од куќите, но приоритет беше семејствата да се сместат пред значително да паднат температурите.
Овие девет семејства веќе се збогуваа со штетните услови за живеење во кои поминаа повеќе од 20 години. Веќе нема кровови кои пропуштаат природни води (дождови), веќе нема страв дали плафонот ќе падне да повреди некое од децата, веќе нема влага поради која се појавуваа разни болести, веќе ги нема старите и оштетени прозори и врати, итн.
Ова веќе е сосема пристојно живеалиште кое му доликува на еден човек.
Овие девет семејства се дел од вкупната бројка на 22 семејства чии куќи ќе бидат реновирани во општина Виница. До крајот на годината очекуваме да се реновираат дополнителни пет до седум куќи. Приоритет за реновирање на овие дополнителни куќи ќе се даде на најзагрозените семејства за да можат зимата да ја пречекаат во топли и нормални услови за домување!
Предвидени се следните активности: изработка и донесување на ДУП за целата ромска населба во општина Виница, изградба на споредни улици во ромската населба според приоритетите на заедницата, изведување на фекална канализација во должина од 750 метри, изградба на потпорни и заштитни зидови, осветлување на неосветлени улици во ромската населба за зголемување на безбедноста на ромската заедница особено на децата и поставување на контењери за соодветно складирање на отпад и подобрување на квалитетот на животната средина во ромската населба во Виница.
Проектот е финансиран од страна на Европската Унија во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.
Ромскиот Ресурсен Центар со своите партнери продолжува посветено да работи на решавањето на проблемите на ромската заедница со домувањето и инфраструктурата преку директни инвестиции за подобрување на квалитетот на домување на најзагрозените ромски семејства.
Hazri kerga: Neđmedin A.- Roma Press