Колумна Мухаџер С. – Живееме во свет каде и поразот го категоризираме како успех.

307

Оние кои професионално се занимаваат со нашата политичка реалност, ќе ги кажат вистинските работи за сите психолошки и уште попрактични придобивки од ова обединување во име на заедничката цел – што беше промашено на поразителен начин во Тетово на последните локални избори.

Она што на набљудувачкиот граѓанин кој е внатре и не размислува со логиката на сите меѓу победниците, сепак му паѓа на памет за аршините што висат над целата приказна.
Ако ништо друго, тоа е затоа што денешната реалност се негува уште од првиот ден на создавањето на новата ера на македонската политичка сцена која е преставена само како моќ надвор од интересите на граѓаните.

И како смисла темелно оформена и преточена во секојдневниот живот, преферирањето е задача кон практиканството на лицемерното и напаѓачкото влијание стана нормално и всушност е погубно за граѓанинот.
Нема простор за математика, од бауковци кои не знаат ништо повеќе од сопствен, личен или тесно-колективен интерес.

Пробниот балон приклучување на невладиниот ромски сектор ( ромската НВО Сонце од Тетово) заедно со националното ромско движење Аваја со ромската политичка партија ПЦЕР чија база и потекло е токму градот Тетово, е пробушен уште на самиот старт пред званичното формирање на нова политичка партија составена од млади ромски интелектуалци.

Иако официјално НВО Сонце и Аваја дирекно не настапувале на локалните избори во Тетово, сепак тие и официјално се јавувале на изборниот митинг како и на изборните плакати на кандидатот на советник на градот Тетово Ајдоган Ибраими како подршка.
За каква подршка стнува збор, за морална или логистичка подршка засега нема информации.
Но и во двата случаја заклучок е дека ние немаме вистински изборен “мотор„ кој ке го покрене автомобилот кој долго време бил стоен во гаража.

Но битно е дека некој храбро се осмелил поразот да го прикаже како успех.
Вечно збориме за промени во ромската политичка сцена, но никој од постарите лидери некако не ја дават „ политичката фотеља„ на младиот ромски кадар за кој ликуват овие години да станат ромски политички фактор.
Ваквото сценарио дава потик на формирање на нови ромски политички партии, „избегани души„ од други ромски политички партии кои интересот за формирањете е камуфлирано како нов политички прогрес на ромската етничка заедница.

За катасрофалниот пораз во демократскиот свет, а тоа не е прв пат некоја ромска партија да се соочува со таков катасрофален пораз, се дават неоповикливи оставки на лидерите партиите или целосна реконструкција на партијата.
Освоените ни помалку ни повеќе 300 гласа на територијата на градот под Шара , Тетово е навистина брука , не само на ромскта политичка партија ПЦЕР туку и на подржувачите од ромскиот невладин сектор и националното ромско движење Аваја, која најверојатно тука се јавува како подржувач на кандидаот на ПЦЕР како би го испробала пулсот на граѓаните за следниве избори за кои се спремат да земат учество како ново формирана политичко ромска партија во С.Р.Македонија.

Но јас мислам дека за нив е се уште е рано ако сакат навистина да бидат ромско политички фактор.
Треба работа на терен, со кој ке се постави заложба за изборна едукација на ромскиот електорат, треба да се постави психолошка анализа на контакти со ромскиот електорат, поради начинот и карактерот на нивниот досегашен избор на ромски лидери, на избори за кандидати на советници, градоначалници… ,не ни требат манекени кои секојдневно се фотографират , публицират говори, средби, со ех, актуелни високи државници…
Можеби на таков начин ке ја придобијат ромската заедница која сега во овој момент имат одбивност кон помладата генерација поради горе наведеното ФБ манекенство.

Доста ние од ново компонирани политички партии, кои никнуват како печурки после дожд, со процент на населението од само 2,4%:
Нас ни треба целосна реконструкција на ромската политичка сцена, соединување и борба за еднаквост во донесување на сите одлуки и на внатрешен и на надворешен план.

Рома Пресс- Новинар(Колумнист)Мухаџер С.ЕУРОМА ПРЕСС.