Колумна Севѓул А- Се поставува прашање што се случува со нас, каде погрешивме?

512

Како-ли да почнам без да укажам на име и презиме. Кој е виновен за тоа што денес се случува со Ромите?

Во последните 15 – 20 години скоро сите влади изразуваа толку голема желба или декларативна волја дека ке ја подобрат шарената слика (состојба) на Ромите во Република Северна Македонија. Зошто Ромите се денес тука кај што се? Ете помина 8- ми април Светскиот ден на Ромите имавме можност да се израдуваме од сите страни со добиените пораки и желба да се подобри состојбата на Ромите во Македонија но Како? Ете денес е 13-ти Април и …

Неможам да не се начудам од ДЕКОРОТ- Ромски лидерчина како тоа умилкувано пред широката јавност и пред Ромската заедница укажуваат дека вината не треба да се бара во нив туку во самите нас, Бре бре бре информативно да ве прашам да не мислите дека се уште Ромите нафта пијат.

Народно кажано ,,Се немало ни срам ни перде” да се пофалиш со се што е изгубено можам да го наречам евтин политички трик (со изминат рок), Но ова ќе да е само пуста самобендисаност или правец за место плус во психијатрија.

Тие кои го разидинуваа Ромскиот народ сега повторно бараат обединување на Ромската заедница Зошто? Место за пратеник или кандидат за градоначалник пакос од вашата политичка стратегија, комплекс и пуста желба од тоа ,,БЕН ТА БЕН” а заборавивте на тоа дека на секое ваше политичко преговарање со големите браќа веднаш барате пратеничко место зошто не преговарате за решавање на приоритетните потреби на заедницата туку лична сатисфакција (ах таа ваша суета и болест).

Едноставно дали сте свесни дека сме доведени сосема на дно (крај) го загадувате воздухот, не уништувате, демотивирана е Ромската младина никој повеке не гледа перспектива во нашата држава, разочарани од вашата погубна политичка партиципација секој млад или перспективен интелектуалец својата иднина ја заменува со напуштање на Македонија и живот во Западно европските земји.

Ја доведовте политичката активност на никакво ниво за себе секој будала полуписмен има храброст да се дрезне пред својот телефон преку социјални мреже да ни оддржи политички говор или анализа претставувајки се како водич и лидер на Ромската заедница. Не доведовте во состојба ,,Beterendan Betern” ВИЕ ја доведовте заедницата во тоа дереџе. За севкупната политичка погубност мора да има одговорност?

На секои оддржани избори Ромските гласови беа манипулирани за потоа потребите и барањата за нормален живо на Ромската заедница едноставно да бидат затворени во бездна. Македонија од секогаш имаше други приоритети никогаш немаше време за најранливата категорија на свои граѓани (лојална) Ромската заедница. Вие кои денес гласно говорите за подобрување на приоритетните потреби на Ромската заедница занемарено замиживте за севкупната состојба на Ромите во прилог за вашите лични бенефиции без да имате конкретна цел и визија. Уште колку треба да чекаме за да се подобриме?

Денес со големо задоволство укажувам на голем интелектуален капацитет и кадар со стотици дипломирани роми ВИЕ и тој капацитет не можевте да го искористите во вашите матични партии од таа пуста човечка суета вечни претседатели, непроменливи, сезнајковци, мудреци, филозофичари абе едноставно ПРЕКРАСНИ СТЕ.  Затоа денес сме на дното по сите параметри во општеството почнувајки од економско, социолошко, културолошки па и политичка партиципиелност- Едноставно што направивте?

За жал сведок сум во моето помагање на сите вас како политички активист во досегашното политичко искуство денес наидов дека  ја доведовте политичката партиципација да се влее во невладиниот сектор како помудри од вас самоинцијативите да уважат во државата како политички субјекти БЕДНО ЗА ВАС, А вие како политички чинители ,,Пашите на Ромските гласови”, уговорајки се меѓу вас кој колку  ограноци има, политички активисти, регистрирани политички субјекти со 1100 гласа за потоа без срам да се пофалите  дека сте имале голема поддршка од ромската заедница срамно и бедно… Додека се шпионирате мегу вас кој колку вреди возот ви избега? Останавте само вечни претседатели БРАВО!

Доста и доста  преку глава ние од вашите филозофии и демагоѓии 20 години исто па исто дури и вашите говори ѓи паметам како песна од четврто одд. Ромите очекуваат резултати и тоа во практична смисла.

Не заборавајте? ,,Законот на џунглата“(важи) Колку си поброен толку си помоќен, обрнете внимание на ова да не се изгубите во џунглата па потоа да не бидам крив дека не сум ви кажал.
Трпението е при крај…

Автор: Севгул АБДУЛА
Дипомиран Детектив