Средба Салиу – Мицковски

2242

По иницијатива на претседателот на Демократските сили на Ромите д-р Шабан Салиу, денес се оствари средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицковски, кој беше запознаен со актуелната состојба на Ромите во Македонија. Претседателот Салиу информираше за состојбите во областа на здравството, домувањето и вработувањето како еден од најгорливите проблеми кај Ромите. Господинот Мицковски истакна дека токму поради ваквата состојба на Ромите, во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ се предвидува и прашањето на Ромите. Поради тоа потребно е заеднички да се работи со цел да се подобри состојбата на Ромите на сите полиња од општественото живеење. Исто така беше разговарано и за моменталната политичка состојба во државата и идните заеднички дејствувања во текот на престојните избори.

Havlaribe bičaldo tar infocentrumi tar DSR đji ko timi tar Roma Press