Bitola,,Mangaja te ovel bairo ćisto”..

1055

Paśe 1500 dizutne thaj 244 objektoja tar naurbanizirime romane atarija ko agaar anavkerdo Upruno Bairo ani Bitola isi thaj naregulirime pani, aso 500 dizutne ja pośukar vakerdo 88 objektoja thane bi pajnesko, sikavela o rodlaripe kerdo tar proekti anavkerdo,,Mangaja o Bairo te ovel čisto”.

Околу 1500 жители или 244 објекти во неурбанизираната ромска населба Горен Баир во Битола се со повремен доток на вода, а 500 жители или 88 објекти без вода, покажа истражувањето спроведено во рамки на прокетот „А бе го сакам Баиро чист“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола во соработка со Центар за еколошка демократија Флорозон и Националната коалиција за животна средина. Добиените податоци беа презентирани денес на тркалезна маса на која учествуваа невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика и јавни претпријатија од градот со цел изнаоѓање на соодветни решенија.

„Во последните две години работевме на проектот на легализација во тој дел на Баиро каде што теренот е много тежок, повеќе од 1000 ромски семејства немаат доволно водоснабдување, не е урбанизирана таа населба што е проблем за населението при вадење на лична документација. Хигиената во последно време е подобрена благодарение на Комуналец кој ангажира еден вработен што ја одржува хигиената. Не само битолските Роми, туку генерално на ниво на држваа проблемот и животот на Ромите е на најдолно ниво. Голем број на невработени, а во последно време имајќи и доволен број на образоавние, сепак за жал се уште неадаптирани во системот“, рече Рамадан Рустемов, зменик претседател на Здружението за ромско- турско пријателство од Битола.

Roma Press- lendo linko https://www.apla.mk/vilaet/item/5838-a-be-go-sakam-bairot-chist-trkalezna-masa-za-problemite-i-mozhnite-reshenija