Dejbe godi ano vakti e holokaustesko thaj o bilaćipe kherdo upral e Roma,, Pobuter nikana NA”..

623

Dejiba godi ano bilaćipe e holokaustesko lherdo upral e Roma,,Pobuter nikana NA”
Dajamen godi tar odova vakti sa e bilaćipena save kerdile ano gasna komore,genocidi thaj eksperimentija kerdime upral nadošale roma.

Avdisutno dive tano fuhal(žal) e Romane đihaneske ani sasti lumja.

Numa adava sa so kerdilo pobuter te na muka vareso te kerelpes asavko diso romeske savore barabar te maramen baś sakoja nepravda bangipe so kerlapes upral e Roma,,UPRE SA E ROMA”.

O teksti lendo ani Makedonikani čhib tar Mozes Muhadjer Sulejman Solomon

Фотографија замрзната во еден момент.

Едно девојче зјапа од вратата на возот, главата покриена со шамија, нејзиниот израз е чудна мешавина на умор и страв.

Името на девојката? Ана Марија “Сеттела” Стајнбах. По три месеци од фотографирањето, Сеттела беше мртва -убиена во гасните комори на концентрациониот логор Аушвиц, заедно со нејзината мајка, браќа и сестри.

Со децении лицето на Сеттела беше икона на децата од Холокаустот. Нејзиното име било непознато, едноставно се викаше “девојка со шамија на главата”. Заедно со Ана Франк, таа била прогонувачки симбол на она што беше направено на холандското еврејство.

Но, во 1994 година новинарот , Аад Вагенар, го откри индетитетот на ова девојче. Користејќи ги броевите што се појавија на возот, Вагенаар успеа да го одреди денот на патувањето на возот, 19 мај 1944 година, и листата на патници.

Сеттела не била еврејка . Таа била ромка . Порано се претпоставуваше дека ова девојце е еврејка, бидејќи дури и во 1990-тите – половина век по Втората светска војна – геноцидот на Ромите полека добива своје публицирање.

Според проценките на некои историчари се претпоставува дека дури 70-80 проценти од вкупното ромско население биле убиени во нацистичкото лудило.

И покрај ова, признавањето на Холокаустот на Ромите светот го гледа како “недооценено”, “запоставено”, “скриено”.

Д-р Менгеле правеше експерименти врз ромските деца, ги ставаше во комора за притисок, тестираше лекови на нив, ампутирал делови од телото, се обидувал да ја смени бојата на очите со инјектирање на хемикалии во очите на децата . Реткото дете кое ќе ги преживее овие “експерименти” ќе биде убиено.Јозеф Менгеле бил најславен од германските расни теоретичари. Сведоците велат дека децата Роми го нарекувале “Онкел Менгеле”, бидејќи тој ќе им донесе слатки и играчки, потоа ќе ги предаде во гасните комори .

Целосниот обем на експериментите на Менгеле никогаш нема да биде познат, бидејќи повеќето записи биле уништени. Наместо тоа, имаме сведоштва од прва рака, како што е ова од Вера Александар, Евреин кој го преживеа Аушвиц, каде што се грижеше за 50- мина ромски близнаци:

“Еден пар близнаци наречен Гвидо и Нина имале едвај четири години и ги вратија назад, осакатени на перверзен начин, беа испреплетени заедно како сијамски близнаци, а Менгеле ги поврзуваше и нивните вени, нивните рани беа видливи , плачеа дење и ноќе, мајка им , се сеќавам , некако успеа да најде морфиум и го искористи за да стави крај на страдањата на нејзините деца. ”

Нацистите убија многубројни групи поради нивните верувања – синдикалци. пацифисти, комунисти, испанските републиканци и Језуитите, но меѓу другото тие применувале конзистентна политика на истребување само против три групи: хендикепирани, Евреи и Роми.

Кампањата во Германија против Ромите започна непосредно откако Хитлер ја презеде власта во јануари 1933 година. Врз основа на дискриминаторските закони што веќе беа на сила, на Ромите им беше забрането да се мажат за Германците, тие биле кастрирани ,стерилизирани и предадени на трудови логори.

Канцеларија на шефот на СС Хајнрих Химлер го нарече “Циганска непријатност” беше отворен во Минхен во 1936 година. И пет месеци пред Кристалната вечер , Ромите беа собирани од нацистите , ова акција била нарекувана “Циганска чиста недела”.

Потоа, во декември 1938 година, првото познато упатување на “Конечното решение на Циганското прашање” се појави во документот потпишан од Химлер.

Во 1939 година, д-р Курт Ханеман во весник на Националистичката социјалистичка унија на лекарите пишува: “Стаорците, инсектите и болките се дел од природата, исто како и Циганите и Евреите … Ние мора постепено да ги елиминираме овие штетници преку биолошки средства”. Истата година, 250 ромски деца беа убиени во Бухенвалд – користени како заморчиња во тест на гасните кристали Зиклон-Б.

Ден на сеќавањето во Варшавското гето, 19 април, се одбележува годишно за да се сетат на многуте Евреи кои се бореа – и умреа. Колку луѓе знаат дека Ромите биле исто така затворени внатре? И Ромите беа присутни во секој концентрационен и истребувачки логор.

Денес и покрај можноста да се добијат голем број на информации за страдањето на Ромите во времето на нацистичка Германија, многу луѓе не ја прифаќат реалноста дека покрај Евреите, и Ромите биле цел на некоја си лудничава идеја за нивно целосно истребување од лицето на земјата.

Во 21-от век, во многу европски држави, Ромите се уште не се ослободени од синџирите на стариот и новиот Холокауст.