Talaf D. – Avdive isi ole misafirija tar o Khoraniphe

177

Presidenti tar o Khedipe e Republika Utarale Makedonijake, Talat Djaferi, avdive sine ole dikhipe e presidenteja tar o Baro nacionalno lhefipe tar i Turkija, Mustafa Sentol.

O Sentol araklagovela ano duje divesengo misafirluko ani Makedonija kupa bichaldencar.Ano dikhipe lena than o telalpresidenti tar o Khedipe Hisni Ismail thaj o generalno sekretarka Cvetanka Ivanova.


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, кој претстојува во дводневна посета на земјава со група пратеници. На средбата присуствуваа потпретседателот на Собранието, Хусни Исмаили и генералната секретарка, Цветанка Иванова.

Претседателот Талат Џафери изрази задоволство од повторната посета на претседателот Мустафа Шентоп, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик.

Тој нагласи дека Република Северна Македонија и Република Туркије негуваат силно традиционално пријателство и партнерство,а билатералната соработка меѓу двете земји е динамична на сите нивоа и особено на парламентарно ниво.