Trin Roma tar i Bitola ikherena sportikane discipline ko učo nivelo

433

Sonita Fejzovska, Oran Jašarevski thaj o Arham Arslanoski tane trin terne Roma tar Bitola ano akava momenti save kerena bari prezentacija pere dizjake Bitola ano ppbuter sportikane discipline.

I komuna Bitola thaj olakoro Śerutno Toni Konanovski vakerla baš o baripe akale trine Romengo save si baripe amare Komunake thaj ola ani sakoja piri umal kerena bari promocija amare komunake sar dis save tani hemime etnimane khedinencar thaj resarena ano uče sporteskere rezultatoja,odoleske amen sakana bešaja palu olende.


Сонита Фејсовска, Оран Јашаровски и Архан Асланоски се тројца млади Битолчани од Ромска националност, кои со својот талент, квалитет и трудољубивост, постигнуваат високи резултати, ги рушат табуата, а преку промоција на високи вредности,го промовираат и градот во кој живеат.

Сонита Фејсовска, ја раскажа својата приказна во средбата со Градоначалникот на Градот Битола Коњановски која укажа како некогашната далечна можност,еден ден да биде студент, после многу упорност и благодарение на нејзината амбициозност и јасна визија, денес ја доведе до дипломец на Педагошкиот факултет, првенец на генерација со просек 9,80.

Оран Јашаровски, како член на боксерскиот клуб „Куманово 84“ го освои годинешниов трофеј на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“,кој по вторпат се одржа во Куманово.

На светскиот куп во куглање, пак во категоријата У18 во Естонија, младиот битолчанец Архан Аслановски, како претставник на Македонија со исклучителна игра успеа да влезе во најдобрите 8 машки играчи на Светскиот Куп, пласирајќи се на 7 место.

Ваквите резултати, потврдуваат дека Битола има многу талентирани млади луѓе од различни националности, кои и понатаму ќе ја имаат заслужената поддршка од Градоначалникот на Градот Битола Тони Коњановски.

Roma Press-str ops.Bitola.