Mogerini-Makedonija thaj Albanija kerge pumari buthi akana ačovela savi decizija ka anel o EU..

977

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини денеска истакна дека Северна Македонија и Албанија испорачале со реформите и затоа ЕК препорачува отпочнување на преговорите со двете земји. „Тие го сработија своето и сега ЕУ треба да го исполни својот дел“, рече Могерини. На прашањето дали во јуни Северна Македонија ќе добие зелено светло за преговорите, Могерини истакна дека нивата порака е јасна.

„Двете земји се подготвени. Дискусиите сега се во земјите- членки дали тие се подготвени за отпочнување на преговорите. Тоа е комплициран процес. Не значи дека утре ќе влезат во ЕУ. Но, Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори“, посочи Могерини.

Еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека препораката на ЕК е кристално чиста. Тој посочи и дека не може да предвиди колку брзо земјите- членки ќе донесат одлука, но е во интерес на ЕУ, тоа да се случи што поскоро за да се испрати сигнал до регионот дека е награден за сработеното.

Hazri kerga:Roma Press