Од Кочани до Кина – со големи соништа и јасна цел

80

 

Dilara Šakirova taro Koćani, 18 berśengi sikhli terni Romani ćhaj, kasa barikane prezentirinaja tumenge amaro lavkeribe sar resarga taro Koćani ďji ki Kina. E śukar educiribnaja, mangin thaj aćhovibe te resarel dji ko poro celjo, ovela primer bash i Romani generacija.
Teleder drabaren(ćitinen) o intervju olakoro ko Roma Press.

Диљара Шакирова од Кочани, 18-годишна ученичка и млада Ромка, е пример за тоа како знаењето, упорноста и храброста отвораат нови можности. По одличниот успех во СОУ „Јане Сандански“ во Штип, волонтерското искуство и учеството во Еразмус+ проекти, по три рунди на селекција ја добива стипендијата на National Committee of North Macedonia за образование во United World College Changshu во Кина. Нејзината цел е по завршувањето на средното образование да студира медицина и да стане неврохирург.

Во продолжение следува интервјуто со Диљара Шакирова од Кочани:

РП- Дилара, како започна твојот пат кон оваа голема можност и што те мотивираше да аплицираш за оббразование во странство?

Д.Ш-Мојот пат кон оваа можност започна со желба да растам како личност, да стекнам нови искуства и да се подготвам за мојата иднина.

РП-Како дозна за стипендијата преку National Committee of North Macedonia и како изгледаше процесот на селекција, со оглед на тоа што помина низ три рунди?

Д.Ш-Секогаш бев по истрага за програма која што ќе ми нуди оббразование во странство после долго истражување, спонтано на една објава од страната на National Committee of North Macedonia дознав за нив. Апликацискиот процес имаше три рунди: онлајн аплицирање, селекциски камп на кој што имав две интервјуа(македонски и англиски) и за последна рунда требаше да спремам кратко видео за себе, исто така имав уште едно интервју.

РП- Како се чувствуваше кога дозна дека ја доби стипендијата и дека ќе го продолжиш образованието во Кина? Каква беше реакцијата на твоето семејство?

РП-Кога дознав за мојата стипендија во Кина бев многу возбудена и среќна за новото искуство што ќе го доживеам, исто така горда на себе бидејќи го бев добила првото место од мојата ранг-листа. Моите родители беа горди за мене и среќни за мојата иднина, но малку тажни за разделбата што не чека.

РП- Веќе еден месец си во United World Collage Changshu. Какви се твоите први впечатоци од училиштето, професорите, учениците и животот во Кина?

Д.Ш-Првиот впечаток е многу позитивен. Училиштето е прекрасно, имам професори од различни држави кои се секогаш достапни да ни помогнат и не научат, учениците доаѓаат од различни земји и култури, од кои секојдневно учам нешто ново. Животот во Кина ми е многу интерсно искуство, ја имам можноста одблизу да ја запознавам кинеската култура.

РП – Кога заминуваш толку далеку од дома,неизбежно е да се соочиш со нова култура и поинаков живот. Што досега најмогу те изненади или ти беше најголем предизвик?

Д.Ш – Најмногу ме изненади колку е различен секојдневниот живот во Кина, од храната и начинот на комуникација и тоа колку луѓето користат апликации речиси за се. А, најголем предизвик ми беше навикнувањето на животот далеку од семејството.

РП – Колку волонтерско искуство во Црвениот Крст и учеството во Еразмус+проектите ти помогнаа да стекнеш самодоверба и вештини кои денес ти се корисни во Кина?

Д.Ш- Волонтирањето во Црвениот Крст и Еразмус+ проектите многу ми помогнаа, со помош на нив можам полесно да се адаптирам на нова средина и полесно да комуницирам со различни луѓе.

РП- Твојот сон е да студираш медицина и еден ден да станеш неврохирург. Од каде потекнува оваа желба и што те привлекува токму кон медицината и неврохирургијата? 

Д.Ш- Желбата да студирам медицина ја имам уште од мала. Идејата да им помогнам на луѓе отсекогаш ме повлекуваше, а со текот на времето неврохирургијата ми стана особена интересна поради сложеноста на мозокот и предизвиците што ги носи самата професија.

РП- Како млада Ромка, твојот успех може да биде важна инспирација за младите од ромската заедница. Колку сметаш дека е важно тие да веруваат во себе и да ги користат можностите за оббразование, стипендии и студирање во странство?

Д.Ш – Мислам дека е многу важно младите да имаат самодоверба и да не дозволуваат околината или нацијата да им стане граница. Образованието може да отвори многу врати, посебно денес постојат различни стипендии и можности за студирање во странство а и во Северна Македонија, но треба да се упорни и сигурни во тоа што го сакаат.

РП- Што би им препорачала на младите Роми кои имаат големи соништа, но можеби се соочуваат со страв, недостиг на самодоверба или мислат дека ваквите можности не се за нив?

Д.Ш- Како што спомнав предходно самодовербата во себе има голема улога за овие можности, истовремено и во самиот секојдневен живот. Би им кажала да не се откажуваат од својата иднина,или да се ограничуваат себе си зашто се Роми. Бидејќи нацијата на еден човек не може да биде пречка, но и ако биде тоа не е нивниот проблем туку само предрасудите од околината во која што се наоѓаат. На почетокот и јас имав стравови и сомнежи, но тоа не значи дека е знак за откажување.

РП- Koлку е важна поддршката на семејството за едно младо лице кое сака да се образува надвор од својата средина и да тргне по пат различен од вообичаениот?

Д.Ш –  Поддршката на семејството е многу важна, особено кога станува збор за странство. Низ целиот процес за аплицирање па и сега, најолемата мотивација ми го дава моето семејство. Затоа мојата порака за родителите би била да не ги ограничуваат своите деца поради свои стравови и да им бидат најголема поддршка.

РП- Дали во иднина би сакала твоето лично искуство да го искористиш за да им помогнеш на други млади, особено од ромската заедница, полесно да дојдат до информации и можности за оббразование?

Д.Ш- Да, дефинитивно би сакала моето искуство да им помогне на други млади. Особено на ромската заедница бидејќи сум сигурна дека имаме многу талентирани млади вп различни области, но се плашат од предрасудите на околината. Секогаш би им стоела на располагање за информации.

Р.П – Ако едно младо девојче или момче од Кочани или од ромска заедница денес ти го чита твоето интервју и сонува еден ден да студира во странство или да стане лекар,научник, професор или нешто друго- која е најважната порака што би сакала да му ја упатиш?

Д.Ш- Никогаш да не се сомневаш во себе ако си сигурен/а во тоа што го сакаш без разлика дали ќе биде оббразование, кариера и сл. Патот што те чека пред тебе нема да кажам дека секогаш ќе биде сјајен, секако ќе те чекат и предизвици, но според сите тие треба да продолжиш до крај.

Интервјуирал: м-р Севгул А.-Рома Прес